Како влијае марихуаната на здравјето...

  • Креатор на темата MSV
  • Време на започнување

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
901
Поени од реакции
461
Од тие симптоми досега не сум осетил, ама баш напротив осетив возвишени позитивни чувства кои инаку не би можело да се осетат. Секој ден дувам, па и затоа секој ден ги чувствувам тие алтернативни реалности кои ме водат и ме насочуваат. Прв пат почнав пред десетина години и можам слободно да кажам дека тревата е божја/магична билка која спојува и подобрува.
А и нејзиниот капацитет да лекува и тоа болести кои за медицината се непобедливи, ја прави природен уникат. Лечи алкохолизам, па така ако има тука хроничен пијаница слободно да се префрли на ганџа, го очекува успех и пријатно изненадување. Peace :masa:
Ако си склон кон психоза, шизофренија и би поларен разстрој, не би препорачал конзумирање на трева. Исто мислам младинци и деца под 25 години не треба да конзумираат, им го пореметува физичкиот развој и развојот на мозокот.

За останатото, тревата има и добри и лоши својства. Би ја препорачал на луѓе и професионалци што имаат стресни работи, и стриктно после работа или физичка активност и во умерена доза.
Марихуаната исто може да го наруши идентитетот на личноста и постепено да се западне во психотични филмови.Буквално може да се случи распад систем на психолошкиот идентитет на човека.
Овоа е најголемата опасност што може да произлезе од неа.
Депресијата и анксиозноста се попатни,нервозата исто.

Ќе кажам мене лично што ми се има случено еднаш и мислам дека тоа беше пресвртницата што ме натера радикално да намалам со нејзе.
Не сум склон кон депресии и анксиозност,ниту кон било какви психолошки нарушувања,меѓутоа после брутална конзумација одреден период нагло прекинав и уште првиот ден од постот почнаа да се случуваат невообичаени работи што никогаш претходно не ми се имаа случено после прекин.
Најпрво се појави иритација и гнев без никаква причина,за веќе вториот ден за првпат во животот да осетам што значи депресија од посериозен карактер.
Така тежок и напорен ми беше денот,не можев самиот на себе да поверувам што ми се случува.
Внатрешна празнина,замор,никаква емоционална реакција за било што...После ден-два почна да ми се нарушува и самиот идентитет.Се што сум изградил до тој момент почна наеднаш да се распаѓа.
Неколку дена траеше оваа состојба и полека почнав да се враќам во нормала.

Како супстанца,марихуаната воопшто не е играчка.Еде куп луѓе си го заебаа животот на смеа,на шала.
Кога ќе речиш брутална конзумација, колку ТХЦ? Инаку ова што го објаснуваш е Panic Attack.

За субстанци, ништо не е играчка, дијабетот иди од прекумерна конзумација на шеќер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom