Како Американците и Британците ги наведуваа мигрантите да доаѓаат во Европа

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Како Американците и Британците ги наведуваа мигрантите да доаѓаат во Европа


Рускиот научник Владимир Шалак, кој 20 години се занимава со анализа на содржина на текстови, дошол до заклучок дека движењето на мигрантите од Африка и од Блискиот Исток кон Германија не е случајно. Таму намерно се упатуваат од страна на САД и Велика Британија, преку објави на социјалната мрежа Твитер.

„Сите социјални мрежи се во одредена врска и вообичаено една објава на една социјална мрежа се појавува и на друга социјална мрежа. Твитер е добар за анализа, бидејќи дозволува да се издвојат параметрите кои се однесуваат на тоа од каде и по пат на што е поставена објавата.“ наведува д-р по филозофски науки, вишиот научен соработник во Институтот за Филозофија РАН Владимир Шалак.

„Тоа ни овозможи да констатираме дека главната улога во повикување на бегалците во Европа, конкретно во Германија, ја имаат точно социјалните мрежи, а изворите на тие објави се од САД и Велика Британија“-додава тој.

Шалак понатаму ја објаснува постапката по која се доаѓа до научните сознанија и заклучоци.

„Аритметички почнуваме со пребројување на одредени предмети, а анализата на содржината на основното ниво покажува колку често се споменува некој збор или фраза. Тука е и теоретскиот дел кој ни овозможува да дојдеме до тие важни заклучоци кои се неприметни за окото на обичниот човек. Многу одамна се занимавам со методите на автоматска комјутерска обработка на голем број податоци и имам големо искуство во оваа област“-наведува Шалак.

Тој додава дека на почеток, се наоѓаат пораките на интернет, каде се споменуваат само бегалците(мигрантите). Потоа се констатирало дека во тој голем број на податоци во дури 70 % се споменува токму Германија и дека таму ,, Мигрантите, бегалците се добредојдени“.

После тоа спроведена е анализа, за да се утврди каде се регистрирани тие „твитер профили“, од каде потекнуваат тие објави. И добиени се многу интересни резултати.

„Најголемиот број на тие објави потекнуваат од САД и Велика Британија. Чудно е тоа што мигрантите не ги повикуваат кај нив, туку кај соседите. Затоа не е тешко да се заклучи дека оваа кампања ја организирале овие две држави“- подвлекува Шалак.

Локомотивата на Европската унија е Германија, а ЕУ е преголема за да така се сруши. Но сепак, доволно е да се поткопува најсилната економија и нормалниот живот во Германија а потоа лесно е ЕУ да се распадне на делови. А воедно сме сведоци дека таму ги активираа неонацистите кои по камповите прават проблеми.

Сето тоа ќе доведе ЕУ да почне да се распаѓа, а тоа ќе доведе до префрлување на капиталот од Европа во САД, проценува рускиот научник.

„Тоа на Америка и одговара, бидејќи тие во секоја војна гледаат заработка. А тоа секако ќе значи поткопување и на економијата на Русија, ако Европа престане да купува суровини од неа“-вели Шалак.

Твитер најоперативно реагира на се што се случува. Информациите се ажурираат буквално од минута во минута, и затоа е добар за анализа, бидејќи тука нема никакви цензури. Владимир Шалак уште додава дека со цел привлекување на внимание на поголем број луѓе се активирани и програмите со кои управуваат т.н. ботови.

„Нивната задача е да привлечат внимание кога има топ вести. Социјалните мрежи се добар механизам за манипулација со општествената свест“-заклучува Шалак.
http://infomax.mk/wp/?p=39000
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.861
Ништо ново, чекаме само етапно трета светска, бегалска криза, белосветска епидемија, вонземјанска инвазија, војна на ѕвездите, воскреснувањето на исус и крајот на светот. Америве и инцестниве енглези се демоде.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Па нејке баш Америка да и копа гроб на Германија !
Имајки во предвид дека САД генерално се реализатори на Германските идеи , поскоро ке да е дека на Германија и одговара оваа состојба .
А тоа дека социјалните мрежи се добар механизам за манипулација на општествената свест , не е ништо ново . Дури и пред социјалните мрежи од денешен вид , имало слични средства за манипулација !
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.166
Поени од реакции
17.964
Wow уште една генијална вест од infomax.mk ај да видиме дали можат уште подолу од ова.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Продолжува "fuckEU" политиката.

Сега Велика Британија и САД со се што им стои на располагање се обидуваат да го оневозможат понатамошното движење на сомнителните натурализирани европјани (нови Французи, Белгијци, Германци..), и да го остават проблемот на "великодушниот дел" од ЕУ.

Новите ограничувања на безвизниот режим (за кои се очекува наскоро да бидат изгласани), а кои се однесуваат на граѓаните на земјите членки на ЕУ ги опфаќаат:

1. Оние коишто имаат покрај ЕУ и државјанство на Ирак, Сирија, Иран и Судан.

2.Сите коишто патувале во овие земји од март 2011 до сега.

Односно најголемиот дел од ЕУ државјаните коишто потекнуваат од овие четири земји или коишто поради било која причина патувале во овие земји "поддржувачи на тероризмот".

"Non-profit groups have also called the measure discriminatory since it punishes certain European citizens based on their national origin from Muslim-majority countries."
http://www.euractiv.com/sections/global-europe/eu-protests-us-limitations-visa-free-travel-320531

Значи, сепак, предлогот на Трамп почнува да се спроведува.

CPku-f2XAAEBPKI.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom