Каков туризам имаме ние !

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Нема сончање без 150 денари за лежалка


Речиси сите 18 охридски плажи што се издадени под концесија се прекриени со пластични лежалки и чадори за сонце, па за летувалците што сакаат да лежат на пешкири нема место


Туристите што летово ќе одмораат на охридското крајбрежје ќе мора да закупат лежалка ако сакаат да се сончаат на плажа. Речиси сите 18 охридски плажи што се издадени под концесија се распослани со пластични лежалки и чадори за сонце, па за летувалците што сакаат да лежат на пешкири нема да има слободно место.

Туристите сметаат дека на овој начин концесионерите на плажите ги прекршуваат договорите за концесија, каде што е потенцирано дека плажите треба да бидат опремени со опрема, но треба да имаат и слободно место за туристите што не сакаат да користат лежалка.

- Влезот на плажа е бесплатен, но ако седнеш на песок, веднаш доаѓаат и ти велат дека мора да земеш лежалка ако сакаш да седиш на нивната плажа. Но да е закупот на лежалка со некоја пропишана симболична цена, можам да разберам, но да платиме за една лежалка од 100 до 150 денари е неприфатливо. Но едно четиричлено семејство не може да седи на една лежалка и мора да земе најмалку две лежалки, а тоа ќе го чини прескапо - вели една повозрасна туристка од Скопје.



Странските туристи се незадоволни

Туристичките работници се согласуваат дека има угостителско претерување на плажите во Охрид. Од година на година се пренатрупуваат со објекти и опрема, на што реагирале и странските туристи, кои во претсезоната престојуваа во Охрид.

- Странците се незадоволни од целокупната ситуација на крајбрежјето што ни се случува. Значи покрај изграденост на објекти, шанкови покрај плажи, па сега и пластични платформи се ставаат во самото езеро. Луѓето кои се активно вклучени во туризмот гледаат на секој можен начин да имаат што поголема заработка, но тоа не е за оправдување - вели Никола Киселинов - Боздоганов од туристичката асоцијација „Билјана“.

Тој нагласува дека во екот на туристичката сезона на плажите се пушта прегласна музика, па туристите што сакаат да се одмораат нема да имаат услови за тоа.

Освен концесионерите, престојот на плажа го условуваат и хотелите кои имаат простор пред самото езеро.

- Доколку не си гостин на хотелот, мора да изнајмиш лежалка, а ако не сакаш, нема да ја користиш нивната плажа. Порано беше поинаку, навистина не разбирам, ги направија плажите како приватна сопственост. Не остана слободна плажа, не верувам дека во другите туристички места е така - ни вели охриѓанец.



Не се почитуваат концесионерските договори

Градоначалникот Алекандар Петрески смета дека треба да се преземат санкции за концесионерите што не ги почитуваат договорите за концесија.

- Не се почитуваат концесионерските договори, тука плажите повторно работат и како ноќни клубови, а не само како плажи, значи работат и по 20 часот. Не се почитува ни редот каде да има лежалки и урбана опрема, значи, со еден збор, не се почитуваат многу работи - вели првиот човек на Охрид.



Тој ветува дека со враќање на ингеренциите на градежното земјиште од централно на локално ниво, Општината ќе стави ред во плажите.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во текот на минатата недела плажите во Охрид и Струга биле предмет на контрола, но не биле утврдени забелешки за пренатрупаност со лежалки и урбана опрема.

- По извршениот увид основните забелешки се однесуваат на обезбедувањето спасители на плажите и обезбедување интернет. Закупците се должни да ги уредат плажите согласно општите, посебните и задолжителни услови предвидени во упатствата и насоките за уредување. Во спротивно, Министерството за транспорт и врски ќе пристапи кон раскинување на договорот за краткотраен закуп на плажите - децидни се во Министерството.

Оттаму нагласуваат дека комисија на закупците им дала насоки за уредување на плажите и коригирање на недостатоците до 5 јули, по што ќе следи нов увид од страна на Комисијата.

Од Центарот за спасување при Црвениот крст од Охрид велат дека само 14 охридски плажи имаат ангажирано спасители на вода, но очекуваат дека до 1 јуни и останатите плажи ќе пројават интерес за ангажирање спасители.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=50F067A20C3A334DA7129CF82EE94230

Читај и плачи
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Абе рамно на кастрофа сме ние Македонците, нема шо да се збори повеќе.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.660
Поени од реакции
945
А добро бе, кој нормален не-охриѓанец ќе оди во Охрид на одмор??

Подобро во Грција одколку во Охрид.
Подобро гиро во Грција одколку фејк лесковачка во Охрид.
Подобро 2 евра за лежалка (ако сакам) во Грција одколку 150 денари во Охрид.
Подобро во Грција каде што ќе ја цената парата одколку во Охрид каде што добиваш одговор - Еми ако сакаш земи ако не ГУБИСЕ!

Брука бе брука.

Да бидеме реални, охридските угостители од а до ш сеуште мислат дека мораме да идеме кај нив, и дека секоја нивна лага ( со чест на исклучоците ).

Mister do you have apartment?
Yes we имаме.
How much is it?
10еу for one person!!!
Can we see it, where is the apartment?
Ok, its here 200meters from here!!!
....
....
after 30 minutes walking you are there... ( 2km from the center of ohrid )

But this sir is not 200 meteres?!
Ok, this is the apartment!!!
Mister but where is the WC and Toilet???
Its in the garden, you will use it with all of the 20 tourists here in this house!!!
But you tell us that its apartment!
Yes it is you have TV Ei Nish from 1968!!!
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.672
Поени од реакции
6.198
....фраза која најдобро го отсликува она што се случува кај нас е РЕКЕТ ТУРИЗАМ.....наместо да се обидеме на туристите да им продадеме приказна и со насмевка да ги остават парите и да се вратат пак наредната година....ние се обидуваме по секоја цена да им ги извлечеме парите од џеп....па макар и со употреба на сила....

....тоа создава само негативен ефект....денес можеби ќе извлечеме некој денар повеќе....но од тој човек никогаш повеќе нема да видиме ни денар...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.686
А добро бе, кој нормален не-охриѓанец ќе оди во Охрид на одмор??
Подобро во Грција одколку во Охрид.
Подобро гиро во Грција одколку фејк лесковачка во Охрид.
Подобро 2 евра за лежалка (ако сакам) во Грција одколку 150 денари во Охрид.
Подобро во Грција каде што ќе ја цената парата одколку во Охрид каде што добиваш одговор - Еми ако сакаш земи ако не ГУБИСЕ!
Од кога не си бил во Грција? Одиш на плажа, си порачваш кафе/сок (евро, евро и пол) и лежалката ти е твоја за цел ден. Нити некој те гиба, нити ништо. Шо дават Охриѓани за тие 150 денари? Вода од енѕероно? Гага интернет од кој уствари одам да се одморам некаде?

Сума сумарум, немаме туризам. Барем не во Охрид. Годинава дефинитивно ќе го посетам Дојран.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.307
Поени од реакции
10.061
Ма ајде бре, срамота!
Немаме туризам, просто и едноставно. Кога луѓето немаат свест, џабе е се, па дури и палмите :LOL: ко прво сите ја игнорираат најбитната работа - клиентот е секогаш во право, па дури и кога греши. За брзи пари, ок, се прават, ама не можеш бре ало во држава со еу аспирации да мочаш/сереш во двор или нехигиенски услови во веце кај што печурки растат...или па да се тушираш под координатор што ти ја мери водата и сл...никој не збори од инат дека не чинат, ФАКТ е дека не чинат! Јас сум будала или лопов (според чашитите) што сум го средил станот и што вадам убави пари зошто знам што туристот сака. Епа нема бате, ќе платиш и ќе клатиш, во спротивно криви ќе ти се Скопјаните...ама па да не беа тие Скопјани...многу работи се, другпат.
Поздрав и со ум во глава, зошто ние Скопјаните со становите ќе ви ги земеме и тие малце пари што од странство ги чекате, жално но вистинито. Место да се здружиме сите масовно и да развиеме туризам, некои упорно со главата во ѕид одат. Имавте шанса, ја прокоцкавте...среќа Људмил Маленко и компанија што донесоа Холанѓани и слично, иначе ќе беше смеење...нека не си го сваќа никој лично муабетов, ова се години на несериозна работа, која не може да помине незабележително...другите околу нас држави дигнаа од туризам, ние еве си тапкаме...
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.436
Поени од реакции
15.324
Ако се однесува на цените тогаш имам навистина имам замерка за критиките погоре, мислам дека Македонија е меѓу најефтините дестинации во Европа, квалитетот на услугата можеби е спорен и организираноста но цените се навистина прифатливи.
Сега да не замеруваме лежалка две евра на плажа, ама никој не спомнува дека солидно сместување се најдува за 7 евра, дека пијачките во диско се по две евра, дека картите за музеј, или пак други знаменитости се по симболична цена или пак не се наплаќа влез, дека на пазар можеш да накупиш јадење по смешни цени, не се наплаќа влез на плажа.

И компарации со Грција не држат вода, ако некој оди само за да се капи на одмор, тогаш може истото да го направи и на Тиквешко езеро, таму ќе си помине уште поефтино. Охрид си има своја убавина и шарм, и не може да се спореди со останати туристички дестинации.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.106
ние и туризам?!
ма дај не ме засмејувајте o_O
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.345
Поени од реакции
3.754
Епа се додека езерото си го правиме море, ќе си одам кај соседите ! За некој денар плус, нема да го трпам Охридскиот газда што ќе се дере тањир ако сум скршил :)
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Охридските хотелиери лути на туристичките агенции

Охридските хотелиери лути. Велат,тенденциозно пред почетокот на секоја туристичка сезона се продава приказна дека Охрид е најскапата дестинација на Балканот. Со тоа, сметаат дека само му се наштетува на имиџот на македонскиот бисер.
- Тие неколку агенции во Скопје што го објавуваат тоа секоја година свесно го прават за да дел од македонските туристи се одлеат во Грција и др дестинации.
- Тие што сакаат да го нарушуваат имиџот на Охрид, нека продолжат, тоа може да биде само краткорочно,со една цел да нивните аранжамани кои ги имаат за странство да се продаваат многу повеќе него аранжманите за Охрид .
Ниту еден македонски тур оператор во своите програми не го вметнал Охрид- обвинуваат хотелиерите кои тврдат дека сместувачките капацитети и угостителските услуги во нашиот туристички центар се за 70 % поефтини од на пример Грција.
- Нека повелат во Охрид па нека продадат некоја соба. не може некој да коментира за Охрид кога воопшто не го продаваат Охрид, дури Охрид и не стои во нивните програми.
- Хотелиерите никогаш не биле по усогласени во однос на цените и понудата .

На саемот во Скопје минатиот месец, најубавите хотели на ривиерата промовираа пакет аранжман кој чини 21 евро. Меѓутоа ова лето, нашите капацитети во целост ги исполнија странските гости, но не и домашните.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=38572
:ROFLMAO:

Патем гледајте го видеото еден од нив што лае е од туристичка агенција ...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.970
Поени од реакции
7.764
Домат туризам.
 
V

Vollstandig

Гостин
Мочан туризам имаме ние овде, како што спомна Metalcore погоре, туризмот е тапа точно поради НЕУГОСТИТЕЛСКИТЕ услуги што ги има развиено охрид во текот на овие години.
Прво, како најбитен фактор за некое место е гостопримливоста, друго битен фактор е да биде чист градот а јас ретко гледам дека тоа се случува, трето најбитно е цените да се достапни за сите, а некога минерална вода за 50 денари ја продаваат каде сите градови ја имаат по 20-30 денари истата.
И најбитна ствар што е, плажите се џенем далеку а такси да земиш ќе те изгори со цената.

Јас охрид не сум бил на одмор години скоро, па мислам дека кога некој се прави “Немам пари за странство ќе одам охрид, највеќе греши“ пошто, во странство е поевтино. Мојата топ евтина дестинација последниве 3 години е Црна гора, улцињ, место каде што освен големиот број на џамии арапи и блиско-источни турсисти ќе сретнете интересни градби, достапни цени, дел од нив се ова:

Кафе - еспресо мало 0,80 евра големо 1 евро
Кисела вода - 0.50 е
Леб - 0.40 е
Пакетче пилешка виршла - 1 евро
Сладолед - 1 евро па нагоре
Нескафе (во кафичите) 1 евро кај нас е исто 60 денари ама последно време секаде 70 па нагоре.
Возење со кајче до голема плажа 3 евра повратен билет
Пиво - 1 евро
Лежалки - со чување на лични ствари и чадор , за цел ден - 5 евра , а само лежалка 3 евра.
Ако сте после 17:00 часот пари не ви бараат за лежалките:)

Грција, сепак е поскапо, ако гледаме реално, но има малце побогата и интересна култура.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.310
Поени од реакции
5.976
Само една работа не ми е јасна ,како охридов нема туризам а секое лето плажите полни ?(можеби некои лета помалце некои повеќе али во топ сезона се полнет и за слободна лежалка тешко се наоѓа) Ова го зборувам како охриѓанец кој нема допирна точка со туризмот .
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.686
Само една работа не ми е јасна ,како охридов нема туризам а секое лето плажите полни ?(можеби некои лета помалце некои повеќе али во топ сезона се полнет и за слободна лежалка тешко се наоѓа) Ова го зборувам како охриѓанец кој нема допирна точка со туризмот .
И скопскиот градски превоз е за никаде... па во вторник и петок е преполно. Така да не се секирај, колку толку без ич не е. Ама топ е 2 месеци, наместо 5. Тоа е разликата.

Оти и во јуни и во септември има простор чоек да излези на плажа, немора да се капи. Ама вие тоа не го гледате, гледате само кога има најмногу ќар. Удри на суво.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom