- Член од
- 24 мај 2014
- Мислења
- 5.294
- Поени од реакции
- 5.853
Темава е за излегувања навечер односно разликата помеѓу преферирате и сакате... Ке почнам од себе пошто е некултурно јас да почнам, отворам тема а да го избегнам прашањето и да не одговорам. Јас не испаѓам односно многу многу ретко зошто не можам да го поднесам сивилото на ова општество не сум див човек само знам што сакам а што не и што одговара на моето јас. Почитувам испаѓања по дискотеки и кафичи, но не го можам тоа едноставно ми е преку глава од гужва, испотени мишки, намуртени вратари, дигнати шанкерки и келнерки и општиот хаос кој зјапа во телефоните и глуми лудило али лошо глуми лудило онака вештачки. Несакам да звучам како да се празнам на темава или барам тешење али навистина е банално луѓе ноќниов живот ни е слика до каде е цивилизацијава... Единствено поштувам сакам читај обожавам се испаѓања во парк како дечишта тоа што го прават и многу ретко некој повозрасни од дечишта. Значи здружување некој денар ако е работата за јадење и пиење купување и седиш опколен во зеленило со пријатен мирис и уживаш. Слободно друштво, улична култура зборување се и сешто и што по далеку од фазонот на бедата глумење холивуд по кафичи. Слободните сваќања кои ги имаат се помалку луѓе ми се храна за да останам социјализиран и да продолжам да го есапам општеството. Не зборувам за крајности него (зборувам глупости колку за пр.) ако еден фраер измисли мода дека повеке е сељачки да се носи бела блуза преку ден тогаш за неколку недели тоа го прифаќа целиот град и ако ти носиш бела блуза преку ден си цел на исмевање само затоа што си контра лудата колективна свест. Хаос еден на поспаност кој ствара сивило.
Каде е животот на младите кои држеше силна позиција пред 10, 12 години. Кога се повеке млади возеа скејтборд, ролери, скејт парковите беа полни, оние генерации кои почнаа да прават траки и снимаат рап, они кои фаќаа девојки во живо, каде е скромното облекување без да ги жртвуваш родителите а да имаш облека на тебе според нивото на општеството и притоа да те прифатат сите, каде е таа почит помеѓу металци, рапери, панкери, рокери и тие што никаде од овие групи не припаѓаат, каде се дечките кои знаеја да се степаат онака машки и да си подадат рака, каде е дремењето по клупи, каде се дечките што чуваа кучиња и ги дружеа по паркови со огромни бројки и секакви раси, каде се девојките кои не сонуваа да станат старлети, каде е возењето на томоси кои ги крадевме од дедовците ? Размислете каде е оваа свежина сега по 10, 12 години ? Ја нема ?
И целата оваа уметност на различност и меѓусебно вистинско созревање згасна со фазон, со фазон на сивило на кој му се поклонуваат сите кој од што уживаат во тоа од секогаш зошто толку можат да видат, кој од што мораат зошто сите ама сите се придржуваат на тоа.
Колку и да ме тресе носталгија не смеам да дозволам тоа да ја преплави темава пошто сосема е друга целта а и не коректно празнење по теми не е ова јавување во утринска емисија...
"Целта на темава луѓе е да си кажете: Како испаѓате ? А какво испаѓање ве исполнува ?"