ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Конкретниов случај, според мене, не е обична детска "палавштина" туку нешто многу посериозно кое оди подалеку од непочитување на "правила", па затоа сметам дека било каква казна не би била ефикасна, туку треба децава заедно со своите родители да одат на "разговор" кај психолог(не мислам на психологот во училиштето).Fortune напиша:Ете знаеме што се случува денес со тие аздисувања на децава по училиштата, со клипчињата. Дали може казна да ги среди? Каква казна би била соодветна?
А што се однесува општо за казнувањето на недисциплина и сл., не верувам во строги казни, а уште помалку во физичко казнување, затоа што истите ствараат кај детето револт, несигурност и го тераат на повторување на грешките или пак на уште подевијантно однесување. Непоходно е прво со смирен разговор да му се стави до знаење каде погрешило и да му се укаже на можните казни доколку ја повтори грешката. Ако и покрај тоа го направи истото, дури тогаш може да се применат некои помали рестрикции, како скратување на нештата во кои ужива и сл.,но мора да му се нагласи зошто е казнето и да му се укаже дека има избор. Најчестата грешка која родителите, па и учителите ја прават, е тоа што ги казнуваат децата онака импулсивно и без да поразговараат со нив.На тој начин детето не ја согледува сопствената грешка, ниту пак чуствува одговорност, туку се доживува себе како жртва и му се раѓа уште поголем отпор, а со тоа се "отвора вратата" за понатамошно недисциплинирано однесување.
Јас лично не сум била казнувана.Моите дури одеа до крајност, па и за реални мои грешки не сум сносела никакви последици. Се раководеа по девизата дека сама треба да сносам одговорност(и тогаш кога бев премала за такво нешто).Сепак сметам, од лично искуство, дека и таквата либералност(да не речам индиферентност) е исто погрешна како и премногу ригорозните казни.