Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Ете знаеме што се случува денес со тие аздисувања на децава по училиштата, со клипчињата. Дали може казна да ги среди? Каква казна би била соодветна?
Значи, за било какви грешки да се работи (од најмали до најголеми), дали сметате дека казнувањето има некаков позитивен ефект во воспитувањето на децата? Дали сметате дека после скратувањето на некои можности може да му дојде паметот на детето и повеќе да не му текне да направи такво нешто? Или, пак, мислите дека со тоа уште полошо може да биде, да речеме некој инат да го фати казнетиот?
Дали вас ве казнувале? Како сте реагирале? Се учи ли од таквите постапки?