Каков велосипед возите/сакате да возите?

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Инспирација ми е оваа тема од автомобилизам и мотоциклизам. Па ајде да видиме што возите, а што би сакале да возите во иднина.
И да не пишувајте од каде сте, сепак дека форумов е јавен за да се заштитите од кражби. И избегавајте слики на кој јасно се гледа вашата локација/место на живеење.

Ќе почнам јас прв: Моментално немам, си реков на шкарт точак не седнувам веќе и не планирам да губам нерви.

А сакам: Порано сакав MTB, додека оваа година сакам нешто со тенки гуми за возење на подалечни рути и повеќе по рамно. Доколку се случи да земам поскап до Ниш ми е желба да извозам. :P
Велосипеди што сум го имал и не ги препорачувам: Сите Кинески што се продаваат по багателна ниска цена, кој подоцна со тешка мака би ги продале дури и во отпад. Моето последно ѓубре! :sick:
други пред овој:
Најдобриот што го имав:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.406
Еве точно вака.го возам 2.5 години.Го купив од бувљак на затварање во 14 часот
за 60 евра. Оригинал француски 21 брзинец.Тој што ги продаваше ги носи изгледа од запад и имаше повеќе модели 100 до 180 па и 200 евра.
Секој ден го возам минимум 20 км.
До сега ништо ни сум му сменил ни сум го поправал. Се чудам и што гуми беа што не се дупчат,ваљда затоа што се од оние тенките.Порано возев секакви.
Е не ми текнало да го сликам до сега и немам слика во комјутер.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
А сакам: Порано сакав MTB, додека оваа година сакам нешто со тенки гуми за возење на подалечни рути и повеќе по рамно. Доколку се случи да земам поскап до Ниш ми е желба да извозам. :P

Ти треба туринг велосипед за подолги возења ако носиш опрема со тебе за кампување.
И нема врска колку е велосипедот скап и слично за возењето, туку менталната сила.
Пред две седмици имав гостин од Полска преку www.warmshowers.org со 10 годишен стар Giant без никаква посебна опрема кој поминал преку 3000 км со опрема од 42 кг на него.
Секако дека не ти препорачувам да земиш Макс, ама пример со 10.000 ден. можеш да земеш солиден половен велосипед со кого можеш да појдеш било каде ако имаш волја.

По темата да се пофалам сега




to4ako.jpg



Инаку сакам да имам уште:





 

DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
Ваков иам и топ е за возење сегде.

Уште еден амортизер да му сменам и супер ќе биди. :D
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
13
Поени од реакции
5
Имав Трек 3700 екстра точаче ама ми го украдоа..а сакам......па може некое трекче пак :)
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.553
Поени од реакции
5.170
компјутеров е милион пати форматиран па неам ни слики ништо
возам RAM HT One, велосипедот го купив средина на 2008 година и одтогаш наваму супер ме служи. И искрено дури и тогаш сакав full suspension ама финансиите не ми го дозволуваа, одкако почетокот на 2012 заменив мн делови сега немам намера да го менувам одличен ми е и за возење низ градов и за возење на тури по планиските предели во мкд.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Имав еден брзинец - женски со 18 брзини, и го шитнав на Старо Купује за 350 денара ( беше со дупнати гуми) за да искочам у град.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom