Каков би ни бил животот без турските серии?

Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
749
Па според тоа што го гледам во турските серии, јас лично сваќам дека турците имаат поцивилизиран и позападен начин на живот од нас. :coffee:
 
С

Само Човек

Гостин
Вчера наидов на една тема поврзана со турските серии :

Што е тоа: „Сите ги плукаат, а потајно ги гледаат. Ги исмејуваат, а им се восхитуваат. Ги мразат, но ги копираат? “ Одговорот е јасен - турските серии.
По шпанските, португалските и индиските, турските серии ги покорија Македонците. Да, веројатно ќе речете дека зборот „покори“ е премногу силен, но, доколку размислите подобро и се завртите околу себе, ќе сфатите дека истиот е сосема соодветен, дури и премногу млак.

Од понеделник до петок македонскиот телевизиски простор е окупиран со турски серии, почнувајќи до 16 па сè до 23 часот, што е речиси цело работно време. Ако сте пензионер, стечаец или навработен, тогаш претпоставувам дека „работите“ во две смени, прва смена за утринско-попладневни репризи и втора за „премиери“. Викендите се резервирани за повторување на „изгледаното градиво“.

Сигурно ќе кажете дека претерувам бидејќи сериите прикажуваат вистински животни приказни блиски до нашите и оти дури имаат убава, па можеби и едукативна порака. Веројатно сте во право. Благодарение на „Долина на волците“ и „Љубов и казна“, добиваме слика како изгледаат мафијашките кругови и нивните валкани игри, но истовремено добиваме идеи како да „прошверцаме“ нешто. „Кога лисјата паѓаат“ ни посочи дека не е толку неморално да се „собере“ сопругот на сестрата, затоа што сепак, на крајот семејството ќе ви прости. Ферхунде ни покажа дека за пари сè се прави. „Величествениот“ ни покажа дека еден маж може да има 100 жени и оти понежниот пол смее дури и да ги отепа своите сопернички за да се најде на врвот на пиедесталот на сопругот, секако само да не биде фатена...

Дали сте се запрашале каков би бил животот во Македонија доколку ги нема сериите? Што би се случило доколку телевизиите во еден момент одлучат да ги укинат сите турски, индиски и слични петпарични сапунски опери?

Најголем дел од граѓаните ќе збеснат, прво ќе се вжештат телефонските линии на телевизиите, нивните официјални мејлови ќе бидат преблокирани со барања, поплаки и навреди, а сајтовите преполни со агресивни коментари. Родителите кои до вчера ги игнорирале своите деца поради „Величествениот“, „Долина на волците“, „Малата невеста“... ќе станат нервозни затоа што нивното петминутно (читај неколкучасовно) перење на мозок ќе биде скратено. Не можејќи да се грижат дали Саваш ќе успее да ја венча Јасмин или Хурем да го зачува Сулејман за себе, ќе мора да се соочат со своите проблеми, да им посветат внимание на децата кои веќе почнале да им се лизнуваат од раце, а учениците ќе изгубат инспирација за своите писмени работи по македонски јазик. Веројатно својата зависност ќе се обидат да ја „задоволат“ одејќи на балетот Шехерзада, но ќе се разочараат кога ќе сфатат дека Онур нема да проскока на сцена и оти оваа приказна нема никаква допирна точка со турската серија.

Ако се обидеме да ја лоцираме вината за ваквата појава, телевизиите ќе речат дека нудат тоа што народот го сака и го гледа, а народот ќе каже дека ги следи сериите затоа што и нема друго што да се гледа по телевизиите.
Вината е некаде на средина. Телевизиските газди не сакаат да го одврзат ќесето за продуцирање авторски емисии, документарци и квалитетни серии и филмови, а народот наместо да отиде на некоја изложба, во театар, на кино или да прочита некоја книга, се одлучува своето слободно време да го потроши на „машините за отапување и осиромашување на духот“.

Според мене составот прикажан на сликата е необјаснив.
не гледај турски серии па ќе видиш каков би бил
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Па според тоа што го гледам во турските серии, јас лично сваќам дека турците имаат поцивилизиран и позападен начин на живот од нас. :coffee:
http://www.imdb.com/title/tt1534360/

Серијава ако беше холивудска,до сеа овде 315 теми ќе се отвореја и ќе се прераскажуваше секој можен детал во серијата,ама тоа турското да му го ебам јас .... :icon_mrgr:
 
С

Само Човек

Гостин
Па според тоа што го гледам во турските серии, јас лично сваќам дека турците имаат поцивилизиран и позападен начин на живот од нас. :coffee:
по што имаат западен живот жити мене
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Без сериите, нема да можат турците да започнат со нивната окупација и враќање на контролата врз балканот.
Сериите влијаат врз психата на народот, и тие мора да ги придобијат симпатиите на народот за да можат да се шират.
Опширно е за објаснување, но вократки црти тоа е.
Порано ако се освојувало со оружје сега се освојува со инвестиции. А еве ги турците кај нас почнаа да се шират, така да во иднина очњекувајте се повеќе присутност на турски инвестиции и кога доволно ке се засилат економски, ке не имаат во раце и ке бидеме зависни од нив што значи тие ке не контролираат.
Ако се освестиме побрзо, можеме тоа да го прекинеме, ако не, не чека уште 5 века турско ропство.
 
а пред едно 5 години мексикансците ли ке не поробуваа ? со мексикански серии
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
а пред едно 5 години мексикансците ли ке не поробуваа ? со мексикански серии
Арно ти рече ПОРАНО и ПОДОЦНА, значи ПРЕД и ПОТОА ;).
Има некоја смисла текстот што се помачил да го напише овој :pos:
 
С

Само Човек

Гостин
Арно ти рече ПОРАНО и ПОДОЦНА, значи ПРЕД и ПОТОА ;).
Има некоја смисла текстот што се помачил да го напише овој :pos:
има смислаа дека влиљае на психологијата на луѓето, а кај неј него богами влијаеле политички
--- надополнето: 25 март 2012 во 19:51 ---
Не, тие немаат таква геостратешка политика за разлика од турците.
не сум политичар али долина на волците богами влијаела на тебе
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
има смислаа дека влиљае на психологијата на луѓето, а кај неј него богами влијаеле политички
--- надополнето: 25 март 2012 во 19:51 ---

не сум политичар али долина на волците богами влијаела на тебе
Веруј ми дека серииве влијаат на психата, и треба да бидеме свесни за нивната намера, ама ако си дете ок е ке те разберам не си ти крив, таа проблематика треба повозрасните да ја решаваат.
Само те советувам да размислиш ако сакаш, малку подлабоко ако можеш.
 
Член од
9 ноември 2010
Мислења
18
Поени од реакции
6
По повод колумната за турските серии:
За стечајците ова е единствено нешто за да заборават на маките! Оти, немаат друг избор. Преку 30г. пожртвувана работа, и одеднаш без никаква вина, да се најдеш на улица без никаков надомест! За какви изложби, кина, театри зборувате? Со кои пари? Ако ги нема сериите, би се карале со домашните за егзистенцијалните проблеми, вака поминал денот! Купи ден, помини, чекај да поминат месеци, години до пензија!
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.639
Поени од реакции
3.530
Јас поради едно нешто не гледам турски серии.Многу ми изгледаат ефтини.Која и да ја погледнеш, искршени куќи,мизерна сценографија..ич не се гледливи.Единствено Љубов и казна е добра, баш е модерна, со коли, убави куќи.:cool::D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom