Каков би ни бил животот без турските серии?

Член од
11 октомври 2011
Мислења
89
Поени од реакции
107
Вчера наидов на една тема поврзана со турските серии :

Што е тоа: „Сите ги плукаат, а потајно ги гледаат. Ги исмејуваат, а им се восхитуваат. Ги мразат, но ги копираат? “ Одговорот е јасен - турските серии.
По шпанските, португалските и индиските, турските серии ги покорија Македонците. Да, веројатно ќе речете дека зборот „покори“ е премногу силен, но, доколку размислите подобро и се завртите околу себе, ќе сфатите дека истиот е сосема соодветен, дури и премногу млак.

Од понеделник до петок македонскиот телевизиски простор е окупиран со турски серии, почнувајќи до 16 па сè до 23 часот, што е речиси цело работно време. Ако сте пензионер, стечаец или навработен, тогаш претпоставувам дека „работите“ во две смени, прва смена за утринско-попладневни репризи и втора за „премиери“. Викендите се резервирани за повторување на „изгледаното градиво“.

Сигурно ќе кажете дека претерувам бидејќи сериите прикажуваат вистински животни приказни блиски до нашите и оти дури имаат убава, па можеби и едукативна порака. Веројатно сте во право. Благодарение на „Долина на волците“ и „Љубов и казна“, добиваме слика како изгледаат мафијашките кругови и нивните валкани игри, но истовремено добиваме идеи како да „прошверцаме“ нешто. „Кога лисјата паѓаат“ ни посочи дека не е толку неморално да се „собере“ сопругот на сестрата, затоа што сепак, на крајот семејството ќе ви прости. Ферхунде ни покажа дека за пари сè се прави. „Величествениот“ ни покажа дека еден маж може да има 100 жени и оти понежниот пол смее дури и да ги отепа своите сопернички за да се најде на врвот на пиедесталот на сопругот, секако само да не биде фатена...

Дали сте се запрашале каков би бил животот во Македонија доколку ги нема сериите? Што би се случило доколку телевизиите во еден момент одлучат да ги укинат сите турски, индиски и слични петпарични сапунски опери?

Најголем дел од граѓаните ќе збеснат, прво ќе се вжештат телефонските линии на телевизиите, нивните официјални мејлови ќе бидат преблокирани со барања, поплаки и навреди, а сајтовите преполни со агресивни коментари. Родителите кои до вчера ги игнорирале своите деца поради „Величествениот“, „Долина на волците“, „Малата невеста“... ќе станат нервозни затоа што нивното петминутно (читај неколкучасовно) перење на мозок ќе биде скратено. Не можејќи да се грижат дали Саваш ќе успее да ја венча Јасмин или Хурем да го зачува Сулејман за себе, ќе мора да се соочат со своите проблеми, да им посветат внимание на децата кои веќе почнале да им се лизнуваат од раце, а учениците ќе изгубат инспирација за своите писмени работи по македонски јазик. Веројатно својата зависност ќе се обидат да ја „задоволат“ одејќи на балетот Шехерзада, но ќе се разочараат кога ќе сфатат дека Онур нема да проскока на сцена и оти оваа приказна нема никаква допирна точка со турската серија.

Ако се обидеме да ја лоцираме вината за ваквата појава, телевизиите ќе речат дека нудат тоа што народот го сака и го гледа, а народот ќе каже дека ги следи сериите затоа што и нема друго што да се гледа по телевизиите.
Вината е некаде на средина. Телевизиските газди не сакаат да го одврзат ќесето за продуцирање авторски емисии, документарци и квалитетни серии и филмови, а народот наместо да отиде на некоја изложба, во театар, на кино или да прочита некоја книга, се одлучува своето слободно време да го потроши на „машините за отапување и осиромашување на духот“.


Според мене составот прикажан на сликата е необјаснив.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Sigurno daleku poubav i bez tie serii i bez facebook, a i bez kajgana forumov
povejke druzenje povejke izleguvanje pomalku sedenje doma !!!
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Не вреди да се валка подфорум со ваква тема...
Канта!
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
што се случува со младиот човек денес што се случува со книгата,почитувањето према постарите што се случува со сите оние книги за програмирање пхп асп ,хтмл флеш ,книги за готвењето или свирење на гитара или слушање некоја музика со готови туториали бесплатно пред вашиот компјутер.

спортска активност и дружење меѓу младите не е битно дали пешки или со џипот од мама и тато.

Што се случува со тој ебен фејсбук и форумите ако нема контрола.

Браво за Кајгана и за нивната акција за ислкучување на форумите за викенди.

Можеби не ја сакавме АКТА ама тоа го заслуживме да ми кажеше некој за ваква Македонија пред 10 години ќе се иселев во Канада.

Им се дивам на дечкиве барем знаат што е забава

 
Член од
10 август 2011
Мислења
2.371
Поени од реакции
1.281
Сум пробал на сите барем по еднаш да им објаснам дека форумот, фејсбукот, телевизијата, турските серии, индиските и било што друго не ги спречува да се видат со своите пријатели, да играат фудбал, кошарка, ракомет, да шетаат да зборуваат и ред други работи.

Сметам дека тоа не зависи од форумот или фејсбукот, уште помалку не зависи од турските серии.Зависи од вас.Ако вие имате малку памет ќе излезете да спротувате ама не, вие се одлучувате да седите на фејсбук и на истиот да плукате дека немате време за шетање.Незнам, неможете да напрајте логаут и да излезете надвор? ШТО ВИ Е КРИВ ФЕЈСБУКОТ НЕ МИ Е ЈАСНО!
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Сето овде мудрувате,а дневно седите по 5-10 саати на компјутер. После викате интернетов е крив,компјутерот,сериите.
Ебаси му то пиче стопанкино,стани замини вшума живеј!
Не користи компјутер,ТВ, трчај изнаиграј се фудбал,искини ги то шангајките,парчосај ги то петиците,крв да остајш на терен!
Поздрав.
 
Член од
10 април 2010
Мислења
385
Поени од реакции
121
Многу се замара со вакви теми.

Ќе отворам тема, каков ќе ни биде животот без торенти, може?
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Искрено преку глава ми е мене како модератор да ви ги толерирам темиве без никаква поента поврзани со турскиве серии, не знам како им е на останатите членови. Ама ај демократски е да ви ги оставам за да се испукате колку ги мразите и колку биле полезни :facepalm:
Ви се чудам колку енергија трошите да создадете вакви теми.

Нека трепка.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
@Ljupco Melata
Браво за Кајгана и за нивната акција за ислкучување на форумите за викенди.
Да ти кажам дека баба Мразица ужива во моментов на Антартикот ќе ми поверуваш? :icon_lol:
 
S

Sagan

Гостин
Имаше некој стаено у потпис нешто како: „Ќе дојдат српските и бугарските серии да не ослободат од турските“ :icon_lol: Искрено, немам некое високо мислење кон луѓето кои гледаат турски, индијски и латински шунд. Мене ми се максимално неподносливи, почнувам да се нервирам, да вријам од внатре по една минута изгледано, с`клет ме вајќа. И си викам у себе, онака како атеист „Боже господе, што психа треба да имаш за да го трпиш ова?“...

Пред некој ден случајно на шител додека вртев канали: „Програма наменета за сите категории гледачи (и почнуват првите секунди од епизодата на некоја-си-тамо-серија) Кој го уби (еди-кој-си)? Кажи кој го уби! (Се слуша плачење... истрели од пиштол)“ И си викам, ако е ова за сите, вклучително и за најмладите, што ли даваат после 12...
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
- а без турско кафе
- а без турски влечки
- а без турски бомбони
- а без турски светилки
- а без турски лепак
- а без турски теписи
- а без турски колачи
-а без турски гаѓи
-а без турски .......пЛАЖИ ....???
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Да се разбереме не можеме на некој да му забрани ме нешто, според кое мислиме мие дека не е ок. Ако не вие ок серијата едноставно не ја гледај те;) јас не гледам ниедна ама немам ни против тие што ја гледаат секој си има свој живот и секој си знае за него што муе ок што не ;)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Имаше некој стаено у потпис нешто како: „Ќе дојдат српските и бугарските серии да не ослободат од турските“ :icon_lol: Искрено, немам некое високо мислење кон луѓето кои гледаат турски, индијски и латински шунд. Мене ми се максимално неподносливи, почнувам да се нервирам, да вријам од внатре по една минута изгледано, с`клет ме вајќа. И си викам у себе, онака како атеист „Боже господе, што психа треба да имаш за да го трпиш ова?“...

Пред некој ден случајно на шител додека вртев канали: „Програма наменета за сите категории гледачи (и почнуват првите секунди од епизодата на некоја-си-тамо-серија) Кој го уби (еди-кој-си)? Кажи кој го уби! (Се слуша плачење... истрели од пиштол)“ И си викам, ако е ова за сите, вклучително и за најмладите, што ли даваат после 12...
И јас исто така глеам к-15 12+ следива турска серија програма за сите гледачи:facepalm:
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
ИНТЕРНЕТ - таму нема турски серии......
веќе една година има а јас немам гледано телевизија....ако имам вкупно гледано во таа година 5 часа.
Не ме интересира политика...не ме интересира турска серија....гајле ми е дали некоја пејачка има повеќе силикони од мозок......
***
а да.....тоа што не им успеа на Турците за 5 века им се оствари сега...гледам многумина Полатовци по интернет....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom