Јас со тие пари би играла на сигурна карта, т.е. би отворила нешто што знам да го работам, а не нешто безвезе каде што ќе се изгубам. Е сега, зависи и каде ќе отвараш.
Еве на пример, сега, јас се разбирам околу цвеќарство, аранжирање и слично, и со тие пари можам да отворам супер цвеќарница, во почетокот да се помачам додека да тргне и да си работам сама.
Арно ама:
Да замислам дека сеуште живеам во Велес, ни на крај памет не би ми паднало да отворам цвеќарница таму.
Зошто?
Затоа што, веќе има неколку стандардни цвеќарници кои работат горе доле добро, неколку се затворија, од кои и едната во која работев јас, поради немање пазар и немање креативност. А и во град како Велес, на пример, треба долго време да постоиш за да стекнеш муштерии. На пример, цвеќарницата Булка добро си рине, ама постои откако знам за себе и бизнисот им е добро развиен. На пример јас да отворам во Велес утре цвеќарница ќе пропаднам за два дена без разлика колку добро си ја знам работата, поради големата конкуренција прво, а второ поради тоа што народот нема пари и купува цвеќе само кога се мора и тогаш гледа да помине со поефтинко, т.е. да се исценка.
Од друга страна, сега да имам 5000 евра, овде во Добој каде што живеам без размислување би отворила.
Зошто?
Затоа што, иако градот како и Велес има неколку стандардни цвеќари истите не нудат никаква креативност, т.е. се е по шаблонски, имав прилика да работам во една за 8ми март, и се се правеше по шаблонски ред, ништо ново и поинакво. Плус, овде цвеќарите се строго ориентирани на живо цвеќе и вештачко за на гробишта. Додека јас би внела и неколку нови и модерни комбинации кои денес се познати по интернетот, разни украси од сатен, и DIY стварчиња. Народот сака рачна изработка.
Плус, овде има ОГРОМНА дијаспора, која заработува по Германии, Швајцарии и Австрии, и сета таа дијаспора, доаѓа дома во летниот период, дома прави свадби, и дома троши пари. Овде се прават свадби по 800 луѓе во летниот период кога дијаспората доаѓа. Ниеден дијаспорец не прави свадба во Австрија каде што не му се роднините, него доаѓа овде. И не штеди, сака да се покаже колку има. Имав прилика да работам со една жена која држеше салони за венчаници, и ја испитував одоколу, па од таму знам колку пари за свадби се фрлаат во летниот период.
Додека на пример, кога работев во Велес во цвеќарата доаѓаа луѓе да купуваат букет за свадба и бараа нешто до 150 денари. За осми март овде во Добој продадов еден куп букети од по 50км - 25еу - 1500 ден.
Поентата ми е, дека не е само еј ги имам парите ќе ги вложам сигурно ќе ми се вратат. Еден куп фактори играат улога овде. Додека не ги разгледаш сите фактори не се ни осмелувај да ги вложиш во било што парите. А уште помалку да ги вложуваш, а доаѓаш на форум да прашаш што би правел со нив. Подобро чувај додека сам не бидеш свесен што би сакал да работиш и колку на работата можеш да и се посветиш.
И така...