Какво сирење јадете?

Од што јадете најчесто?

  • Крајво

    Гласови: 107 49,1%
  • Овчо

    Гласови: 91 41,7%
  • Козјо

    Гласови: 13 6,0%
  • Никакво

    Гласови: 7 3,2%

  • Вкупно гласачи
    218
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Инспириран од една емисија што ја гледав некна на телевизија..да видиме кој какво сирење јаде..впрочем можам да заклучам дека ретко од нас кој може да си дозволи добро сирење..еве на пример кај мене дома неможат да си дозволат да купат квалитетно сирење..пошо едно парче(се јаде за 2 дена) без малце е 500 денари..па затоа си лапаме фета кое може да го користиш и како маргарин...Добро сирње јадам 1 или 2 пати во годината..коа ќе ме однесе патот накај Берово...ееееее таму од малешевијата коа ќе ти дадат сиренце да пробаш ..абе ќејф да ти е...значи да резимираме

-Какво сирење јадете?
-Со што најчесто го јадете?
-Кое според вас е нај убаво сирење( на нашиве простори)
 
С

сашенко

Гостин
Јадам кравјо најмногу зашто израснав со кравјо млеко и некако тешко ми беше да се навикнам на други млека покасно.Сум пробал овчо и ми беше малку чудно но еве сега се навикнав и добро ми е ама сепак мојот избор е секогаш кравјо или мешано кравјо-овчо ако нема кравјо.Биено сирење ми беше омилено како мал и уште ми е ама е поскапичко во скопјево а како што јас јадам сирење богами пола плата месечно ке летне за сирење само :vozbud:...во село кога одам обично си купувам од комшиите таму они си прават биено за своја душа по малце ама увек ми даваат кога идам натака (си плаќам нормално)...
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
јадам кравјо , а коа ке сакаме да бидеме економисти јадеме фета ...
 

Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Какво сирење јадете?
Дома постојано имаме сирење и кашкавал. Најчесто купуваме од Битолска млекара.
Кога бев мала - многу јадевме биено сирење.

Со што најчесто го јадете?
Сирењето го јадам често со кифлички, лиснато тесто, сето тоа пропратено со топла шоља нес-кафе наутро или млеко навечер.
Кога бев мала - се сеќавам како јадам биено сирење со лепче, маргарин и чајче од нане - со дедо ми :pipi:

Кое според вас е нај убаво сирење (на нашиве простори)?
Велат Малешевско и Беровско сирење - но јас не сум експерт - ниту се сеќавам дека сум пробала типични такви сирења - па затоа оставам на гласините и оние кои пробале да кажат повеќе

Поздрав
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
овчо и кравјо.. и го јадаммммм сооооо све неможам да замислам некоја јадења без него , компири , грав , маргарин , ајвар иииииииии така натаму 70 % од јадењата не ми поминуваат без сирење :D
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Секакво почнувајќи од урда, бело, биено, кашкавал, фета и топено (зденки).
 

KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
беровско овчо..
купуваме на големо, затоа што ни е да не речам основен прехрамбен продукт. Прво се става сирење на маса, а после леб :) :) :)
јебига и моите некогаш правеле сирење, па ни останало у крв :)
 
М

Мартин`

Гостин
Кравјо е изгледа од идеал шипка, искрено незнам не сум сигурен :)

Инаку едно парче лета за некои си 4-5 дена, 2 пати да направиме шпагети и сам пола го јадам ..
 
Член од
24 февруари 2010
Мислења
598
Поени од реакции
406
Кравјо, овчо не пребирам многу. Директно од канта извадено уште неисцедено и солено најубо ми е. Инаку голем мерак имам да пробам од оние смрдливине баш да видам во што е фората
 

Kajgana Shop

На врв Bottom