Какви сте биле како деца ?

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.492
Поени од реакции
80.551
Мирен... и сега сум таков, не сум се нервирал за ништо. Ништо не сум им барал на родителите (дека сум знаел дека тогаш едвај врзувале крај со крај), не сум љубоморел на никој, не сум се закачал со никој, дури и премногу срамежлив сум бил. :angel:

Што било, поминало... што ќе биде, и тоа ќе помине :anco:
 
Последно уредено:

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.606
Поени од реакции
12.390
Чуден :icon_lol: Настрана заебанцијата, пораснав со цртаните за Херкул, Аладин, уживав во Грчка митологија, херои и богови, и ваљда ради тоа неретко се тепав. Се сеќавам бев прво одделение и доаѓа дедо ми да ме земи од училиште, му го оставам ранецот и му викам чекај малку. Отидов да тепам двајца од трето одделение, објаснувањето што му го дадов беше EPIC „ Не треба да се тепаат, треба другари да бидат “ :cool:. Имав уште тогаш некои си замисли за тоа како треба „ да изгледа светот “. Прилично интелегентен и не можев да трпам неправди. Така да често се карав со некој. Помагше тоа што уште како дете бев „корпулентен “. :D

Бубалица, миленик на наставници. Освен на таа што ми беше од 2ро до 4то. Со неа очи вадев. Ни го растурија класот после прво одделение пошто учителката мораше да оди во пензија ради лични причини, па ја се паднав во класот кај што секогаш им ги победував учениците во што и да е. Нормално, оваа другата си имаше своја миленичка па не поминуваше недела а да не се скараме за нешто. Ме прати неколку пати и на педагог ради тоа. Ама најмногу ме изнервира кога ми пишуваше 4ки од инает. А ја дома ако однесев пониско од 5ка, беше „забавно“ :).

Како едино дете, нормално дека бев разгален. Пораснав во 90ти со компјутери, точаци, ролери, одмор секое лето, зимовање секоја зима. Буквално што ќе ми душа посака тоа добивав. Усвари не се. Сакав брат или сестра ама тоа не го добив :D Ја напнав мајка ми еднаш оти неам ниту брат ниту сестра, ми вика татко ти нејќи, и викам па што ако тој нејќи, не мора негово да е :ROFLMAO:

Јадев бајаги трици како дете :D, нит срам нит перде што би рекле стари. Дрндест, али послушен. За се што добивав како дете морав да, не само носам 5ки, него и по натпревари да одам. Јазици да учам, било каков спорт да тренирам.

Од 5то до 8мо не некоја голема промена, со тоа што ми дојде умот со тепањето. Намалив со тоа. :) Се дружев со бајаги постари од мене, пошто не ми беа „интересни детските работи “. Почнав да излегувам по кафичи и што ти не уште на 12 години. Што знам, криво ми е за тоа. Прескокнав бајаги голем дел од детството тука. Не ми страдаа ни оценки ни почит према постари ради тоа. Ретко правев глупости на училиште па можев лесно да се извадам во моменти кога стварно ми требаше. Во тие 4 години дефинитивно бев бубалица. Секогаш велев ја никогаш нема да пијам и пушам. :icon_mrgr:
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Како мал до некои 5-6 години бев мирно, добро, срамежливо дете кое беше поврзано премногу со својата баба и може да се каже дека баба ми беше единствената личност пред која бев опуштен, слободен. Тоа изгледа така беше бидејќи цел ден со неа го поминував денот.
Во тој период, бидејќи бев срамежлив ептен, најмногу од се мразев гости. Кога ќе дојдеа гости кај нас, се криев во соба и плачев.

Потоа дојде периодот кога требаше да започнам да одам во забавиште. Шестата година од мојот живот беше реално стресна, затоа што тогаш започнав да го гледам вистинското лице на општеството и да доаѓам во контакт со нови и непознати лица - децата и наставниците во забавиштето.
На првиот ден од забавиште видов како плаче едно дете, па и јас почнав по него, друго по мене, но тоа силно се одрази врз мене. Ме обви некој страв, несигурност, беспомошност во стекнување на навиките, па мораше баба ми да одседува дел од денот со мене во забавиште додека да се укопев во таа средина.
Среќа беше тоа што уште пред да тргнам да одам во забавиште, баба ми ме научи да пишувам и бројам, па немав проблеми што се однесува до образованието.

Прво одделение ми започна буквално исто, со исти маки и стравови, но среќа наставничката ми се погоди, па ми укажа како и зошто треба да научам да стојам самостојно. Тогаш се опуштив, сфатив дека и јас морам да го прикажам моето лице и да влезам во целата таа игра и начин на функционирање.
Од прво до четврто одделение беше периодот кога се опуштив, запознав другари од школо, почнав да се дружам со нив, да муабетам, но и периодот кога сфатив дека добрината не треба да ја искажувам кон сите под еднакво, затоа што сите не ми посакуваа добро.
Тогаш се ослободив, научив да са карам, да се одбранам себе си.

Во друштвото од секогаш сакав да бидам главен. Да изигравам нешто, посебно кога игравме жмурка. Се сакав јас да спасувам, а никако да жмурам. Ама ајде де, детски памет:D

Уз меѓу време, започна страшен период не само за мене, туку и за моето семејство. Долг период кој ги затемни нашите животи. Период кога сфатив дека ситуацијата дома е премногу тешка и озбилна, период кога сфатив дека треба да нурнам во морето наречено општество, да ги одминам сите риби и да испловам на површината. Едноставно изразнав за момент, сфатив дека морам да се борам за да успеам.
Периодот од петто до осмо ми беше пеколен. Материјалот за учење тежок, доаѓав во кавги со некои од децата, затоа што тие во мене гледаа личност која им е омилена на наставниците и упорно учи, а тоа не беше од што сакав, туку од пуста мака да не се избрукам, да немаат моите плус проблеми со мене на училиште. Но тој период ми беше и периодот кога почнав да ги согледувам моите грешки.

Кога започнав средно, тука веќе се се измени. Тука се појави онаа подготвена личност да се бори за својот успех. Научив од маките во детството дека ништо не ми е побитно од доброто за мене и моето семејство. Тоа беше период кога бев цврст карактер, кога газев се пред себе за да ја исполнам својата цел и доброто за мене, но сепак никому не наштетив. Период кога на секоја провокација и зломерие не застанував да вратам, туку културно го преминував/прегазував/прескокнував и продолжив понатаму. Период кога прераснав во човек со свое мислење, став........., едноставно застанав на свои нозе.

Тоа е тоа, на кратко, за тоа каков бев како дете:)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785

Затворете и тема и све изгубив желба да пишам дека најголема грижа ми била тогаш дупната фудбалска топка.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Памтам дека бев од онаа нинтендо генерација на деца и флипери. Пошто моите и двјцата работеа тогаш со текстил, па одеа речиси секоја втора-трета недела до Турција по роба, обавезно ми купуваа дискети, зато шо истите најмногу кеф ми чинеле :D Тек потоа никнаа плејстејшените и тие помодерните нинтенда, па така ги забаталивме постепено Супер Марио, Рокман, Тенковите, и тие дискетите со 1001532523 игри на нив демек.

Инаку тренирав фудбал од прво одделение до прва средно. На улиците секој ден се расчалгувавме со топки по гаражите кои ги замислувавме како голови. Пред некое време поминав во тоа мало, пошто се преселивме во куќа некаде кога имав 12 години, и заприметив дека уште има ,,флеки" од тигарка, исцртани на дел од гаражите. Постарите некогаш ни замеруваа за галамата што ја правевме, но сега откога пораснавме и кога наидувам на дел од нив кои пак се закотвија некаде во својата 70-та, 80-та година, ми велат како тоа им недостигал џагорот во малото, и живоста, онаа детска сила, од некогаш, затоа што децата не се деца повеќе и пораснале, а смената на генерации оди бавно, полека.

На училиште бев полабав до кај 5-то некаде, пак врвев со сите петки ама многу не се масирав, мислам дека повеќе го уживав времето, во шетање, патување со фудбалскиот клуб. Инаку не да се фалам али ме биваше тогаш за тоа фудбалот мамата, ама се откажав демек да бидам ,,учен чоек". Бев едниствениот во клубот петкаш, и кога му реков на тренерот во прва, вака и вака нема да тренирам повеќе, зато шо ми е напорно истовремено да учам гимназија и да присуствувам на тренизите, човекот се стаписа и ми вели ти си првиот случај во мојава 30 годишна тренерска кариера шо го напраел овај чекор :D Ај со среќа нека ти е, вратите ти се отворени секогаш за назад.

Од 6-то бев во нова средина, со нови деца, онака спремен да се докажува демек, па обично во тој период до крајот на основно, бев посветен максимално на чколиото, башка пак гејмањето кое е старо колку шо сум и јас.

Што се однесува до карактер и слични работи, чинам дека бев мирен, не правев проблем, не се тепав, не пијав, не пушев, не се дрогирав, бев онака искулиран, и најмногу сакав да си играм со чоеци од страна на играчки, Бетмен, Робин, Херкул, многу коли не сакав како некои од децата :D

Напишав нешто, а уствари не напишав ништо, од детствово, зато шо многу се спомените. Турање вода за да замрзни за да се лизгаме по улицата, додека некои коски кршеа, кинење зелени сливи од една најуба слива шо беше тука во малото, хуба-буба од јаболко, тасови во смоките, карти со фудбалери и голи женски, метални жетони, пиштоли на дијаболи, 100 скинати топки, малски кош со обрач од буре.........беги, доста се.
 
Последно уредено:

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.089
Поени од реакции
9.000
Имав еден другар буцко и го викав "дебел" а он мене ме газеше од ќотек, ваљда се вреѓаше. Упорно навивав за којотот да ја победи брзата птица итрица и го мразев мечето ушко пошто тоа значеше време за легнување. Друго што знам, научив да возам точак и да пливам многу касно. Во училиште редовен, два прста горе за да не бидам сумњив и се молев да не ме дигнат кога не бев спремен. Баби и дедовци починати па немав од кој да се гребам парички. Играв народна, жмурка, брканица, сервис, плочка и камај.[DOUBLEPOST=1421244395][/DOUBLEPOST]
Како мал до некои 5-6 години бев мирно, добро, срамежливо дете кое беше поврзано премногу со својата баба и може да се каже дека баба ми беше единствената личност пред која бев опуштен, слободен. Тоа изгледа така беше бидејќи цел ден со неа го поминував денот.
Во тој период, бидејќи бев срамежлив ептен, најмногу од се мразев гости. Кога ќе дојдеа гости кај нас, се криев во соба и плачев.

Потоа дојде периодот кога требаше да започнам да одам во забавиште. Шестата година од мојот живот беше реално стресна, затоа што тогаш започнав да го гледам вистинското лице на општеството и да доаѓам во контакт со нови и непознати лица - децата и наставниците во забавиштето.
На првиот ден од забавиште видов како плаче едно дете, па и јас почнав по него, друго по мене, но тоа силно се одрази врз мене. Ме обви некој страв, несигурност, беспомошност во стекнување на навиките, па мораше баба ми да одседува дел од денот со мене во забавиште додека да се укопев во таа средина.
Среќа беше тоа што уште пред да тргнам да одам во забавиште, баба ми ме научи да пишувам и бројам, па немав проблеми што се однесува до образованието.

Прво одделение ми започна буквално исто, со исти маки и стравови, но среќа наставничката ми се погоди, па ми укажа како и зошто треба да научам да стојам самостојно. Тогаш се опуштив, сфатив дека и јас морам да го прикажам моето лице и да влезам во целата таа игра и начин на функционирање.
Од прво до четврто одделение беше периодот кога се опуштив, запознав другари од школо, почнав да се дружам со нив, да муабетам, но и периодот кога сфатив дека добрината не треба да ја искажувам кон сите под еднакво, затоа што сите не ми посакуваа добро.
Тогаш се ослободив, научив да са карам, да се одбранам себе си.

Во друштвото од секогаш сакав да бидам главен. Да изигравам нешто, посебно кога игравме жмурка. Се сакав јас да спасувам, а никако да жмурам. Ама ајде де, детски памет:D

Уз меѓу време, започна страшен период не само за мене, туку и за моето семејство. Долг период кој ги затемни нашите животи. Период кога сфатив дека ситуацијата дома е премногу тешка и озбилна, период кога сфатив дека треба да нурнам во морето наречено општество, да ги одминам сите риби и да испловам на површината. Едноставно изразнав за момент, сфатив дека морам да се борам за да успеам.
Периодот од петто до осмо ми беше пеколен. Материјалот за учење тежок, доаѓав во кавги со некои од децата, затоа што тие во мене гледаа личност која им е омилена на наставниците и упорно учи, а тоа не беше од што сакав, туку од пуста мака да не се избрукам, да немаат моите плус проблеми со мене на училиште. Но тој период ми беше и периодот кога почнав да ги согледувам моите грешки.

Кога започнав средно, тука веќе се се измени. Тука се појави онаа подготвена личност да се бори за својот успех. Научив од маките во детството дека ништо не ми е побитно од доброто за мене и моето семејство. Тоа беше период кога бев цврст карактер, кога газев се пред себе за да ја исполнам својата цел и доброто за мене, но сепак никому не наштетив. Период кога на секоја провокација и зломерие не застанував да вратам, туку културно го преминував/прегазував/прескокнував и продолжив понатаму. Период кога прераснав во човек со свое мислење, став........., едноставно застанав на свои нозе.

Тоа е тоа, на кратко, за тоа каков бев како дете:)
Го разбрал опшеството уште од 6 години.:чда:

:)
 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Многу сладок.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Глупо и грдо.

Глупо пошо имав две леви нозе и само паѓав и ги бркав женските со камења :vrtioci:

Грдо, пошо живот, јбг.:kuracc:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.943
Во тоа најраното детство (кое не ми е во сеќавање) раскажувањата велат дека сум бил многу лош, жив ѓавол. Рацете ме чешале многу, една од братучедките ми била дежурна боксерска вреќа, мајка ми со чук сум ја удирал по глава, на баба ми врз стомак сум и' рипал, сите играчки ми биле изгризани, нон-стоп сум лазел на колена како животиња и уште триста глупости.
Од градинка натаму, се смирив драстично и бев малтене бубица. Изгледа ептен како малиша сум ги извадил сите фрустрации од мене, па сега сум си таков мирен, културен, добар и фин. :icon_mrgr:
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Маљо дебело, плаво, слатко детуле со по некоја цувка во носот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom