Какви промени се потребни да се избере за живот Македонија ?

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Eпа да сте биле толку способни како што тврдите дека сте ќе сте не управиле нас неписмените овде, а не да сте бегале во систем во кој се вие надробено (ако веќе одиме на такви ниски удари).
Зошто би останал, што ми дава Македонија за да останам? За да робувам цел живот и да полнам нечиј џеб? За да бидам малтретиран кај стигнам? За кога ќе го кажам мојот став за некои проблеми луѓето до мене да ме нарекуваат хулиган и бараба затоа што не сакав Талат да биде министер? За сега истите тие, да ми пишуваат твитер досетки и да бараат некакви промени?

Не живееме во турско за војни да се војуваат сега по вакви прашања, а очигледно треба. Разликата е што во тоа време имало истомисленици, денес братот ќе те предаде за канта сирење.
Сум бил спремен за државата многу да дадам, и секаде каде што требало сум бил. И казни сум плаќал за тоа, и по полиција ме малтретирале ама не сум се жалел. Ама сега луѓе да бараат идеи и промени, истите тие што пиеја кафиња на плоштад дур се решаваше иднината на државата, епа нема да може. Горд Македонец сум, ама никогаш ништо не сакам со таа држава веќе.
А, тоа што сме избегале од Македонија, не е од куроболие, едноставно доаѓа период во животот кај што сфаќаш дека веќе нема иднина, и си ја бараш среќата надвор. Ако ти сметаш дека има иднина и ќе се оправи, слободно остани и бори се, камо среќа да имаше повеќе ко тебе. Ама луѓето сфатија дека нема потреба да си го уништуваат животот, кога може многу лесно да просперираат доколку им работи мозокот.
Да им се серам на сите со бугарски пасош и на тие што со прст не мрдаа на клучните прашања, а сега глумат патриотизам и бараат решенија за спас на државата.
 
Член од
12 јануари 2022
Мислења
543
Поени од реакции
1.064
Мене ми е повеќе од јасно што е потребно за државата да направи радикален пресврт, да можев тоа да го реализирам и да имаше народ кој е асален одамна ќе заборавевме
За каков пресврт зборуваш, не ме насмеај. Кај вас мафијата го отпушти главниот обвинител и што - ништо. Да се случеше ова во друга држава ќе имаше големи протести, кај вас и 20 луѓе не излегоа. Единствено што ве обединува во моментов е 70 години насаден антибугаризам. Ако го решиме и овој проблем, најверојатно ќе се распаднете како држава, нема што повеќе да ве обединува. Спасот е Бг паспорт
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.571
Поени од реакции
17.970
Зошто би останал, што ми дава Македонија за да останам? За да робувам цел живот и да полнам нечиј џеб? За да бидам малтретиран кај стигнам? За кога ќе го кажам мојот став за некои проблеми луѓето до мене да ме нарекуваат хулиган и бараба затоа што не сакав Талат да биде министер? За сега истите тие, да ми пишуваат твитер досетки и да бараат некакви промени?

Не живееме во турско за војни да се војуваат сега по вакви прашања, а очигледно треба. Разликата е што во тоа време имало истомисленици, денес братот ќе те предаде за канта сирење.
Сум бил спремен за државата многу да дадам, и секаде каде што требало сум бил. И казни сум плаќал за тоа, и по полиција ме малтретирале ама не сум се жалел. Ама сега луѓе да бараат идеи и промени, истите тие што пиеја кафиња на плоштад дур се решаваше иднината на државата, епа нема да може. Горд Македонец сум, ама никогаш ништо не сакам со таа држава веќе.
А, тоа што сме избегале од Македонија, не е од куроболие, едноставно доаѓа период во животот кај што сфаќаш дека веќе нема иднина, и си ја бараш среќата надвор. Ако ти сметаш дека има иднина и ќе се оправи, слободно остани и бори се, камо среќа да имаше повеќе ко тебе. Ама луѓето сфатија дека нема потреба да си го уништуваат животот, кога може многу лесно да просперираат доколку им работи мозокот.
Да им се серам на сите со бугарски пасош и на тие што со прст не мрдаа на клучните прашања, а сега глумат патриотизам и бараат решенија за спас на државата.
Пробувам да го прочитам ова со гласот на Гоце Делчев, ама смешно доаѓа.

Копај ти нов бунар, ама во стариот не плукај - ниту еднаш, ниту еден од Македонија. На сите ви се повредени чувствата упм. Во се успеавте, само од форумов не успевате еднаш засекогаш да се одлогирате и да расчистите со Македонија.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Пробувам да го прочитам ова со гласот на Гоце Делчев, ама смешно доаѓа.

Копај ти нов бунар, ама во стариот не плукај - ниту еднаш, ниту еден од Македонија. На сите ви се повредени чувствата упм. Во се успеавте, само од форумов не успевате еднаш засекогаш да се одлогирате и да расчистите со Македонија.
Во ниеден момент не плукнав по државата, тоа што не сакам да имам ништо со нејзе повеќе не значи дека е плукање. Чувства не може да ми повреди некој змеј рандом лик што не го познавам.
Гледам вие што не плукате, ја оправивте државата со кафиња и твитер статусчиња.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.571
Поени од реакции
17.970
Во ниеден момент не плукнав по државата, тоа што не сакам да имам ништо со нејзе повеќе не значи дека е плукање. Чувства не може да ми повреди некој змеј рандом лик што не го познавам.
Гледам вие што не плукате, ја оправивте државата со кафиња и твитер статусчиња.
Не плукаше, само кажа дека неќеш да имаш ништо, и пак продужи да пишуваш.

Фокусирај се на твојата нова држава, ние тука живееме, па ваљда ијаме право на тоа.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.749
@Комита Ултрас искрено мислев да игнорирам но потоа се замислив и си кажав ако не влегувам во дискусија кога е густо тогаш која е поентава која воопшто го започнувам ова.

Она што го гледам на темава е дека луѓето гледаме две различни Македонии, но тоа да го напишам и доловам ми треба многу време но и да биде напишано како треба па во прва прилика кога ќе имам време ќе го напишам и објаснам на подолго како што доликува и заслужува таа тематика.

Како прво гордиот Македонец никогаш не врти грб на Македонија, сам си ја избработил една од најкултните двомотки на која е испишан слоганот со кој се исповетуваме десните : Ќе страдаме но не се предаваме , друга работа дека не сакаш ништо со Македонија нема да си десет пати поактивен од мене на тематика која јас сеуште ја живеам во неа па не посветувам така време и страст како што посветуваш ти, па фала богу од скоро па си и одговорен за тоа на форумот, ете веќе со тоа само си врзан со Македонија многу повеќе од што може и сакаш да си.

Со тоа што животот те однел надвор ти дава и слобода и можности со лични примери и искуства, интелектуално и материјално да допринесеш многу повеќе за Македонија од тоа што си можел кога си бил во неа, друга работа не оти е наша, не оти сме родени тука, но поубава земја од Македонија нема, таа убавина на живот што ја имаме тука ја нема никаде на свет, е затоа самите треба да ја средиме и државата кога сето тоа го уништува, сигурно како луѓе ако ја превземеме државата со своите богатства може да ни понуди сто пати поубав живот од Малта, Чешка, Словенија, Словачка, Полска па дури и западниве земји (освен материјалниот дел).

Се борам за децава од моево игралиште кои заслужуват поубав живот, а не да зборат кое другарче им заминало надвор, за да не се уништат уште деца, за еден куп родители кои се без своите деца кои им ги зема таа држава (иако за тоа и самите се најмногу виновни) за млади да не заглават во лаверинтите на коцката и лихварите, а борбата ни мене ништо добро не ми донела, стотици неправди имам, од кога сум активен од 6-7мо одд тоа тие на 13-14 години кога сум пишувал летоци и сум ги делел у основно на сооученици за будење на македонската национална свест (која будала сум бил) до сегашниве веќе 28 години кои ги имам постојано се борам со некој мали кратки паузи, покрај сето назадување на личен план, што сум се упропастил во многу полиња пак ќе продолжам да се борам додека сум овде затоа што мојата земја може и заслужува многу повеќе од тоа што го има како држава, таа може да биде рајот на земјата а дали ќе се успее во тоа времето ќе покаже, но како никогаш повеќе во животот не сум убеден дека овие 2-3 години се оние кои се решавачките за се тоа за кое сме се бореле, секогаш е најтемно пред да се раздени, па ќе видиме дали ќе биде така или не, само времето ќе покаже.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom