ми се чини дека Џорданките имаат подобар квалитет од други обични Најки
Имам три пара џорданки.
Првите што ги купив беа Флајт 5 и пред некое време му ги дадов на татко ми, ама тој ги носи само на посебни пригоди, така да сеуште се ко нови.
Вторите се air jordan I и долго време ги носев на работа и понекогаш ги носам дома.
Третите се air jordan XII кои ги купив пред пола година од Buzz.
Обични најки патики имав само еден пар за трчање кои ги фрлив кога се симнував од брод затоа што не ми легнаа на нога а веќе имав патики за трчање во Македонија.
Имам и Nike KOBE Zoom 7 и Nike More Uptempo.
Коби 7 ги убив од носење и малку се излижани во деловите каде што вообичаено стапнувам.
More Uptempo се само година дена стари и не се многу носени.
Обично имам лесна нога и патиките ми траат 2-3 години ако нон стоп носам 1 пар, и со оглед на тоа дека имам над 10 пара патики... не би можел да ти кажам колку ќе ти траат твоите џорданки.
Како и да е, со здравје да си ги носиш па пиши кога ќе ги искинеш