Значи, твоја сугестија за подлабока емотивна поврзаност е: сопственици, покорете им се на своите мачки?
Супер, дали мора да си ставиме каивчиња околу врат, или може и вајрлес да им носиме храна и да ги галиме на повик?
... Може да го тапшаш на двете страни:
Шо е боље емотивна поврзаност:
-Сопствениците да се покорат на своите мачки?
-Кучињата да се покорат на своите сопственици?
Немам моментално мачка, меѓутоа сум чувал 4 години, но поради одредени алергии кај брат ми, мораше да ја подарам. Кучиња сум чувал, такоџе.
Не барам емотивно да се поврзувам со животните, у стилот, ги ранам, па тие МОРА да ме сакаат како резултат. Ми се свиѓа индивидуалноста на мачката, можда некој такво суштество ќе го смета погано, а ја го сметам за малу понезависно а од таму, и од моја гледна точка поинтелигентно. Мачката и е убаво да ја гледаш, да ја пазиш, раниш и галиш и има канџи шо ги вади ако не и е ок, мњаука кога има потреби (а нема пристап никаков друг до храна/вода/билошо), но многу јасно дека ќе продужи со својот живот и ќе се бори за опстанок ако сопственикот не си ги води обврските ко шо треба. Значи не постои безрезервна љубов кај мачка. Факат.
Од друга страна го имаме кучето. Кога имавме куче, се осеќав ко да имам дете од 3 години шо ме гледа како господ. И ментално се развива до оваа возраст и нишо поише. Ја го тепам, тоа ќути, згрешило. Ја ќе го остам без храна, тоа ќути, мисли згрешило. Ја ќе си дојдам од факс, тоа среќно, еј, се врати, да ме види мене, не ме оставил! За мене, тоа е роб.
Ја имаме и продуктивноста на кучето, нели, било ловец, било чувар, било не знам шо. Епа ете, јас сум човек, јас сум себичен, и ќе си земам куче да ме чува. Љубов беше тоа, или гледаме од аспект корист, зашо би имал милениче?
Ја мачка земав, дека се осеќав дека сакам да пружам љубов. Не е дека мачката не се приврзува, поише е тоа дека клипчево шо го пушти малу е пристрасен тест за доказ на љубов. У мојот случај ја гледав некаков вид на љубов. Мачката јес да си играше постојано со брат ми, и јес да не скокаше ко лудача со исплазен јазик и уста кога ќе си дојдев, ама ко од авион беше јасно дека беше МНОГУ поприврзана кон мене од аспект на тоа дека кога се движев низ дома, ме следеше мене (независно од тоа дали е наранета, независно од тоа кој се наоѓа у собата), кога сакаше да си легне, го бираше 4 од 5 пати мојот скут (независно од тоа кој имаше у собата), и вечерта идеше у моја соба, у мој кревет (независно од тоа дека у куќата спијат петорица со отворени врати). Дополнително, мачката беше непријателски настроена кон гостите.
Да, можда е и до карактер, имав сијамка, ама затоа и целава генерализација е глупа и не претставува никаков доказ за (не)љубовта и (не)приврзаноста на мачките кон сопствениците.