Каква е емотивната приврзаност на мачките со своите сопственици?

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Видео кое има тенденција да го докаже тоа што љубителите на кучиња никако не можат да им го докажат на љубителите на мачки. Или барем, тоа што сопствениците на мачки никако не сакаат да го прифатат. Што мислите вие, каква е емотивната поврзаност на мачките со нивните сопственици? Дали тие ги гледаат своите сопственици единствено како извор на храна, или има нешто повеќе?

Бонус: Како за споредба, имате шанса да дознаете како реагираат и бебињата и кучињата :)

виа Кајгана

Или со наши зборови:
Сопствениците: О, слатко тоа, потребно му е само малку љубов.
Мачките: Нахрани ме, курво!

Сопственици на мачки, имате да споделите некоја приказна со која ќе го демантирате експериментов и ќе го докажете спротивното? :)
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
не бе мачката има интеркосмичка интелегенција - знаеше дека газдарицата ќе се врати по неа
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Немам искуство со мачки, а моето мислење е дека се работи за разлики во организации на животните во природата, пример, кучиињата се збират во групи каде постои водач, хиерархија и меѓусебни односи, човечкота семејство кде живее, кучето го гледа како своја група водачот го следи, заштитнички се однесува кон останатите членови а недоверливо кон непознати... мачката мислам дека е повеќе индивидуална по природа и нема толку изразен осет за меѓусенни односи во една група ни за нејзина улога како дел од група.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Абе, убаво викаат старите: Мачките ти се ко жени, додека има што да и даваш ќе се умилкува, кога ќе се најаде/ќе и помине меракот не си повеќе битен. :icon_lol:
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Мачка ти е грациозно животно, глупости се ова, знам за мачка дека кога ке се поврзе за еден човек до крајот на животот е поврзана за него, за разлика од куче каде што кој му дава јадење со него е, друга работа што научно е докажано дека имаат релаксирачко дејство и секогаш знаат кога сте нервозни и ве смируваат со самото предење, и немојте да мислите дека нешто мразам кучиња, јас имам две кучиња и една мачка, и мислам дека пограциозно и паметно животно од кристина нема :)))
 
браво за Кристина,изгледа успеала да те заузда како таа што сакала,еве штом признаваш не верувам дека ти пречи фактот што една мачка имала поголема интелегенција и самодоверба од својот “газда“
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.729
Поени од реакции
9.766
Гледав баш документарец на тема поврзана со оваа. Кучињата се едни од ретките (ако не и единствени) животни што можат да препознаат човечки емоции и изрази на лицето и да реагираат соодветно на истите. Кучињата еволуирале да бидат во заедница со човекот - од ловењето заедно се до денес кога ги чуваме дома. Потполно не разбираат и различните видови лаење се всушност одговор. Мене да пуштат ЦД од моето куче како лае веднаш ќе познаам дали има и ако има што е проблемот, дали сака да си игра, дали е тажно итн. Не само мачките туку никој друг вид не може да го достигне нивото на разбирање и заедница помеѓу кучето и човекот.

тл;др Кучињата еволуирале да бидат во заедница со човекот и се желни за комуникација, приврзаност, лојалност. Мачките едноставно не се замарале.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
браво за Кристина,изгледа успеала да те заузда како таа што сакала,еве штом признаваш не верувам дека ти пречи фактот што една мачка имала поголема интелегенција и самодоверба од својот “газда“
дај бе братко, неми е денот за расправии, што ти текна сред понеделник ретко кога ми е убав да ме навредуваш и спушташ муабети, ке морам да те игнорирам уопште неми се вреѓа ниту расправа со никој :)
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
дај бе братко, неми е денот за расправии, што ти текна сред понеделник ретко кога ми е убав да ме навредуваш и спушташ муабети, ке морам да те игнорирам уопште неми се вреѓа ниту расправа со никој :)
зошто вреѓање - Кристина се гордее со делото....ма нема збор шмизлите го завладеаа светот
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Значи ако се направи статистика на 100 мачки сигурно 80 или 90 од нив ќе постапат како во примерот погоре.
Досега сум имал околу 5 мачки, и само една од нив се однесува поинаку, односно приврзано кон мене.

Исто зависи од многу фактори како се однесуваат мачките, дали живеат во затворен простор, дали имаат слобода да се постојано надвор и да имаат интерација со други мачки или се во затв орен простор со други мачки.

Значи претходните 4 кои ги имав , беа по слободни и повеќето време го поминуваат надвор од куќата , имаше момент кога беа и 2 истовремено во затворен простор, ниту една од нив не беше приврзана кон мене ниту пак кон некој друг член на семејството.

Моментално имам мачка која нема интеракција со други мачки, живее во затворен простор(стан) и има огромна разлика, многу повеќе е приврзана кон мене, доколку има некој друг во станот кој е непознат за неа , најчесто се крие или нема никаква интеракција. И ред други ситуации во коие наликува на кучето и бебето прикажани на видеото од првиот пост.
 
F

Feli

Гостин
Исто и јас. Имам мачор кој што цело време е затворен дома и се однесува многу приврзано спрема мене. Цело време е кај мене во скут, се гали и преде, а тоа нема врска со хранењето бидејќи нонстоп му е наполнета чинијата. Често се случува да ме нема по неколку дена од дома и кога ќе се вратам штом му викнам од вратата по име веднаш трча накај мене и ми се радува.
Не можам да правам споредби со куче затоа што не сум чувала, но ете дечкоми има и гледам како се однесува. Секој еден кој што ќе му покаже пријателско расположение трча према него и мавта со опашот.
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Мачка ти е грациозно животно, глупости се ова, знам за мачка дека кога ке се поврзе за еден човек до крајот на животот е поврзана за него, за разлика од куче каде што кој му дава јадење со него е, друга работа што научно е докажано дека имаат релаксирачко дејство и секогаш знаат кога сте нервозни и ве смируваат со самото предење, и немојте да мислите дека нешто мразам кучиња, јас имам две кучиња и една мачка, и мислам дека пограциозно и паметно животно од кристина нема :)))
Зошто толку потенцираш за мачките дека се грациозни, како кучињата да не се?!
Прво.. ова што го кажа за кучињата, уствари важи за мачките. Тотално го утна описов за кучињава, уште подоле наведуваш дека чуваш две кучиња, а збориш како никогаш во живот да не си чувала куче.

1. Кучето нема да јаде од секого..
Мачка ќе касне..
2. Кучето нема да те заборави дури ни по неколку години (ако не те види)
Мачка ќе те заборави
3. Кучето ти покажува љубов и верност дури и кога ќе го казниш/удриш
Мачката не го прави тоа, дури имаат обичај да бидат одмаздољубиви.. па да ти вратат мило за драго
4. Кучето може да умре од тага по сопственикот
Досеа не сум видела мачка да умре од тага за сопственик
5. Кучињата подобро се снаоѓаат со деца и никогаш не се љубоморни на нив
Додека има многу случаи на мачки кои нападнале деца.. факт е дека не ги толерираат и не се баш најдобри миленици доколку имаш мало детенце дома.

Можам да набројувам до бескрај... поентата е дека кучињата се далеку подобри миленици од мачките и кога станува збор за приврзаност, лојалност, љубов и интелект, кучињата се во предност. Спомна и за паметот.. кучињата се далеку попаметни од мачките... споредбата меѓу нив е смешна и мислам дека не треба воопшто ни да се разговара за тоа.
--- надополнето: 16 декември 2013 во 13:10 ---
 
Kajgana Shop

На врв Bottom