Казни за хулиганство мора да има

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Казни мора да има, но не по џебот на родителите, туку директно по сторителите.


Полициските извештаи на МВР не содржат децидно што се‘ направиле најчесто малолетните хулигани по јавните добра по градовите.
Во нивните детални извештаи нема прецизирање на хулиганство врз општо јавни добра како споменици, клупи, детски игралишта, фонтани, автобуси и други јавни добра, но затоа има табела за секаков вид на малолетнички криминал.
Но полициските статистички извештаи не се единствена потврда на постоењето на хулиганството кај младите во Македонија. Потврда за него пренесуваат и медиумите. Тие скоро секојдневно, детално со слики и фотографиии, информираат за секаков вид на хулиганство на дел од насилнички настроени млади луѓе кои уништуваат се‘ пред себе.


Јавните добра на удар на хулиганите

И од градот Скопје, од скопските општини, велат дека просекот за оштетување нови објекти е најмногу до еден месец од нивното пуштање во употреба.
„Пример за ова беше искршениот мермер на Фонтаната на победата на плоштадот ’Македонија’, која со месеци беше најфотографиран објект во Македонија. Искршени беа и скалилата на летниковецот на плоштадот ’Македонија’. Оштетени беа и стилизираните чешмички во Градскиот парк, новите автобуси на јавното сообраќајно претпријатие ’Скопје’, а и двогледот што беше поставен на Горниот видиковец на Водно. Дали секој нов споменик треба да има и по еден телохранител за да го обезбедува да не се искрши? Добар пример за ова е и зеленилото на кружниот тек на улицата ’Митрополит Теодосиј Гологанов‘, кое веќе неколку месеци не е оштетено, бидејќи има нон стоп, 24 часа обезбедување, а дали тоа значи дека секој споменик и јавно добро треба да има свој чувар‘‘ , велат надлежните во општините во земјава, кои мака мачат да ги заштитат јавните добро од страна на поедините хулигани.
На хулиганство во aвтобусите на ЈСП во Скопје се жали и директорот Мишо Николов:
Има такви кои со ноже сечат по седиштата, а некои пишуваат со маркери. Во поновите автобуси имаме камери, па веднаш реагираат нашите контролори кои ја повикуваат полицијата. Тие често ни помагаат, а на хулиганите им се пишуваат казни и се отстрануваат од автобусите.
Но тоа не е решение, затоа на овие млади кои скршнале од вистинскиот пат, треба едукативно да им се помогне од страна на родителите, наставниците, државата, а нивното слободно време и енергија да се насочи кон позитивна работа ‘‘, посочува Николов.
Вандализмот најмногу се појавува кај младите, а мислам дека причината за тоа е вишокот енергија. Наместо да се посветат на убави работи, тие чкртаат и кршат, само колку да направат нешто, без никаква причина. Тоа се некои внатрешни пориви, кои мислам дека младите би ги имале во помала доза ако се занимаваат со попродуктивни работи. Најдобро е да спортуваат нешто, да имаат какво било хоби, на кое ќе можат да ја трошат негативната енергија‘‘, објаснува социологот Љубе Лучков.

http://www.dw.de/како-младите-да-се-излечат-од-хулиганство/a-16641322
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Јас сакам да има казни за џандарите што се по 200 кила и не можат да стрчаат како и за тие што не се јавуваат на 192 ако вртиш со разлог дека биле на терен само до 6 саат. Може?
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Абе доживотен затвор за секој „хулиган“ кој е македонец !

Анти-македонска полиција !
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
879
А од каде ќе има пари да плати жити мене 15 годишно дете?
Е па нема да плати , туку ќе си одлежи неколку месеци или неколку години во поправен дом ( во зависност од тежината на делото кое го направил ) .
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Sudske vlasti u Hrvatskoj izrekle su zatvorske kazne huliganima koji su pre dve godine u Zagrebu kamenovali i zapalili autobus sa navijačima PAOK-a iz Soluna uoči utakmice fudbalske Lige Evrope protiv domaćeg Dinama.
Mediji prenose da su osmorica mladića dobili do dve i po godine zatvora, a osuđeni su za "opšteopasnu radnju iz mržnje" kojom su ugrozili živote grčkih državljana.
http://www.kurir-info.rs/zatvorske-kazne-za-huligane-u-hrvatskoj-clanak-541101
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Просто и едноставно, ако нема пари да плати нека размисли дали и треба да го направи тој прекршок.
Ретко кој ќе размисли на таа возраст. Незнам како планираат да мавнат по џебот на малолетниците кога нив ги издржуваат родителите.

Како што рече некој погоре, нека ги апсат сите, не само Македончето.
 
M

MrzaRules

Гостин
Ретко кој ќе размисли на таа возраст. Незнам како планираат да мавнат по џебот на малолетниците кога нив ги издржуваат родителите.

Како што рече некој погоре, нека ги апсат сите, не само Македончето.
Епа за тоа треба да постои и втора опција, казна за родителот, бидејќи ако детето е малолетно и не размислува за последиците, не го контролира неговото однесување виновни се родителите. Мавни ги по џебот со убава казна па утре ќе стават прст на глава и ќе се чудат каде згрешиле, ама па ќе речам, сето овоа да се применува еднакво за сите а не само македонците да страдаат.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Казни мора да има, но не по џебот на родителите, туку директно по сторителите.

Има такви кои со ноже сечат по седиштата, а некои пишуваат со маркери. Во поновите автобуси имаме камери, па веднаш реагираат нашите контролори кои ја повикуваат полицијата. Тие често ни помагаат, а на хулиганите им се пишуваат казни и се отстрануваат од автобусите.

Вандализмот најмногу се појавува кај младите, а мислам дека причината за тоа е вишокот енергија. Наместо да се посветат на убави работи, тие чкртаат и кршат, само колку да направат нешто, без никаква причина. Тоа се некои внатрешни пориви, кои мислам дека младите би ги имале во помала доза ако се занимаваат со попродуктивни работи. Најдобро е да спортуваат нешто, да имаат какво било хоби, на кое ќе можат да ја трошат негативната енергија‘‘, објаснува социологот Љубе Лучков.

http://www.dw.de/како-младите-да-се-излечат-од-хулиганство/a-16641322

Во врска со горенаведеното , баш пред некоја недела во Скопје , поточно во градски автобус 7-ца двокатна , самошто влегов , одма позади автоматот за карти , исчкртано нешто што ни самиот автор не би му текнало што напишал. Па според ова , се прашувам што ли тоа дете си мисли со главата ? Дека направил нешто добро или дека само се докажал колку му е исушен мозокот од премногу пушење марихуана , затоа што ова нормален човек не го прави , мора да си издрогиран за да направиш ваква штета, оти трезен не бива , јас лично трезен да би го правел тоа би ми било срам , напушен би ми било сеедно што и да се случи.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Ретко кој ќе размисли на таа возраст. Незнам како планираат да мавнат по џебот на малолетниците кога нив ги издржуваат родителите.

Како што рече некој погоре, нека ги апсат сите, не само Македончето.
и еден добар ќотек- мајчино млеко да проплукаат- па да видиш дали повторно ќе им текне

Пољаците бараат многу повисоки казни за хулиганите (y)
http://www.zurnal24.si/ep2012-poljaki-zahtevajo-visje-kazni-za-huligane-clanek-159678
 

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Јас мислам за едно радикално решение, вака сите хулигани што одат што кршат јавна сопственост освен што ќе ја платат штетата, ете во случај да им е повторено дело т.е. не им е првпат им се нареди и пред надзор истото дело да го извршат и сами да си искршат предмети што ги поседуваат по дома во иста вредност. :icon_mrgr:

Тоа за многу тинејџери што се занесуваат ќе значи телефонот, лаптопот, телевизорот и останатите технологии од кои што тешко би се одвоиле. Па кога ќе им плеснат од дома една или повеќе воспитни мерки има да биде мераци. Мислам на 99% ќе им го скрши егото тоа и нема пак да го повторат делото, а скроз несовесни што ќе го повторат секогаш имало и секогаш ќе има. Исто морална сатисфакција од гигантски размери би ни учинило на сите да гледаме на Јутуб кај што со тешко срце си уништува сам свој имот хулиганот, зар не? :LOL:
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Ако направи престап некој 15-16 годишен би требало да оди во дом до крајот на своето школување после тоа од кога ќе направи 18 години да плаќа во наредните 2 години по 1,200 денари за својот прекршок :) Најдобра казна и тогаш да видам дали ќе кршат и ќе прават прекршоци
 

Kajgana Shop

На врв Bottom