Го исчитав законот и во него јасно стои дека сумата која е потребна за легализација на бесправно изградени куќи е 61 денар од квадрат.
За становите не е наведена никаква сума.
Инаку, кога малку подобро го прегледав ливчето кое ми го дадоа во Општина, излегува дека за доградба на стан треба да платам:
-134,8 евра по м.квадратен за внатрешен простор и
- 27 евра по квадрат за тераса
До оние кои легализираат станови: Ве молам пишете која сума вас ви ја имаат кажано и во која општина сте. Annaja пред некој ден рече дека кај неа во Центар е 120 евра, а јас во Карпош имам 135?!
Инаку, рокот за плаќање на целата сума е за 10 дена откако ќе добиете решение. Оние кои немаат пари, може да склучат договор за отплата на 12 месеци, а социјалните случаи се ослободени од плаќање (тие немаат леб да јадат, не па да доградуваат нешто
).
Се јавив во канцеларијата на Народниот правобранител (бидејќи имаат градежен сектор), и ми одговорија дека во секторот нема НИКОЈ, бидејќи сите биле на одмор, оставив податоци и за Правобранителот да ме прими, ама чисто се сомневам дека ќе се јават.
--- надополнето: 17 август 2012 во 13:37 ---
Ве молам, ако некој може да ми помогне околу проблемот со легализација на објект, ќе му бидам многу благодарна. Купивме парцела на којашто изградивме викендичка, прилично оддалечена од оградата помеѓу нас и соседите. Инаку, оградата е таму многу пред да ја купиме парцелата и сметавме дека е на меѓата. Барањето за легализација го предадовме навреме, а веднаш потоа и елаборатот. Но, испадна дека со едно ќоше од градбата сме навлезени 25 цм во парцелата на соседите (се на се, станува збор за 5 м2). Сопственикот на парцелата е умрен, а не е направена физичка делба на имотот. Прво прашање е како може да се реши овој имотно-правен проблем (верувам дека не сум единствена што го има), а второ - дали со тоа што го запазив рокот за пријавување и го предадов елаборатот, ми останува уште време да го решам некако проблемот со навлегувањето од 25 цм (ненамерно) во соседната парцела? Уште еднаш однапред благодарам за секоја информација.
Од тоа што можев да го видам во законот, препорачливо е што побрзо да го решиш проблемот со соседите, затоа што секое нерешено прашање од овој тип, како на пример, кога повеќе луѓе се пријавиле да легализираат ист објект, или се води легализација за објект за кој не е спроведена оставинска постапка, постапката за утврдување на правниот статус на бесправно изградениот објект се прекинува, а странките се упатуваат пред надлежен суд да го решат проблемот. Дури потоа може да се продолжи со легализацијата. Ти препорачувам што побрзо да ги исконтактираш наследниците на комшијата (верувам дека ги има) и да прашаш до каде се со оставинската постапка, ако може да се поттурне работата, за да си легализираш побрзо .