Казни за граѓаните кои нема да ги легализираат дивоградбите

Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
не си у право барем не у целост. еве јас ке ти ја раскажам мојата ситуација на кратко па ти види..

пред 2 недели искочив ЈАС ЛИЧНО да ги бркам работите сашто моите 2ца родители се инвалиди и неможат да се ебаваат по општини и така натака и да чекаат гужви. е сеа отидов ја у општина и земав некои документи со мене и прашав шо се ми треба за да поднесам баање и ми рекоа дечко тука не се поднесува за дворно земјиште туку само за дивоградби. - ОК отидов во другиот дел од општинат ( за бутел се работи ) и имаше една госпоѓа и ја замолив ако сака фино лепо и културно да ми каже што се документи да земам за да можам да го откупам дворното место. ми рече ке ти треба ова ова ова и ова... и ме пратија во трета општина т.е чаир да извадам имотен лист од катастар за да се потврди прво дека е земјиштето соопственост на државата. следен чекор отидов пак во општина кај мене си дадов документи и ми викаат неможеш да откупиш дворно место зашто куќата ти била нелегална - ме мавна шок за ова али ке пишам подозна како дошло до ова. и ми рекоа прво ке мора да одиш да ја легализираш куќата т.е документи па после ке можеш да го откупиш дворното место. океј земав документи се распрашав како оди за легализација на дивоградба ми дадоа уплатница да уплатам уплатив 550денара на жиро сметка и сето ова за да ми дадат прво детален урбанистички план - барањето ми е поднесено и сега го чекам урбанистичкиот план..

што се однесува до куќата ( дивограба пази те молам ) во 1964та година после земјотресот државата продавала бараки на граѓаните и дедо ми ја купл баракава на кредит за која имам и потврда дека гласи на него и сите докукменти за бараката од А до Ш. на кратко дедо ми купил барака од државата и тоа требало да биде внесено во катастар.. во катастар на интернет проверувам соопственици на бараката татко ми и чичко ми - пак шок. а додека бил дедо ми жив не е поделено ништо меѓу никого што значи дека некој во катастар преправил по НЕПОЗНАТА основа. океј кога веќе преправил како е можно да се појават 2 соопственици на бараката кога дедо ми имал 5 деца и сите подеднакво имаат учество доколку некој не се откаже од делот нели. и сеа ти замисли јас уште низ којзнае колку заебанции ке треба да поминам додека да земам некаков документ АКО успеам да го земам и тој. и плус се на се јас треба сега да чеам прво да се легализира куќата па дури отпосле да поднсувам документи за легализација на дворно место.. ЛОГИКА ? - државата ти ја продала куќата ама е нелегална а ти имаш документ. ај те молам ова објасни ми го::

и кога сме веќе кај цените... покрај тие уплатници едно друго прерачунај квадратура на земјиште * 1 евро + елаборат окол 100 евра + ебавање од општина до општина зашто не им се усогласени работите..
Имало веројатно оставинска постапка во која не сте биле повикани. Лошо :confused:...и сеа чичко ти ја има пола куќа?
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Имало веројатно оставинска постапка во која не сте биле повикани. Лошо :confused:...и сеа чичко ти ја има пола куќа?
каква оставинска постапка? моментално сеуште цела градба гласи на дедо ми а во катастар ја нема никаде заведенА
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Го исчитав законот и во него јасно стои дека сумата која е потребна за легализација на бесправно изградени куќи е 61 денар од квадрат.
За становите не е наведена никаква сума.
Инаку, кога малку подобро го прегледав ливчето кое ми го дадоа во Општина, излегува дека за доградба на стан треба да платам:
-134,8 евра по м.квадратен за внатрешен простор и
- 27 евра по квадрат за тераса

До оние кои легализираат станови: Ве молам пишете која сума вас ви ја имаат кажано и во која општина сте. Annaja пред некој ден рече дека кај неа во Центар е 120 евра, а јас во Карпош имам 135?!

Инаку, рокот за плаќање на целата сума е за 10 дена откако ќе добиете решение. Оние кои немаат пари, може да склучат договор за отплата на 12 месеци, а социјалните случаи се ослободени од плаќање (тие немаат леб да јадат, не па да доградуваат нешто:facepalm: ).

Се јавив во канцеларијата на Народниот правобранител (бидејќи имаат градежен сектор), и ми одговорија дека во секторот нема НИКОЈ, бидејќи сите биле на одмор, оставив податоци и за Правобранителот да ме прими, ама чисто се сомневам дека ќе се јават.
--- надополнето: 17 август 2012 во 13:37 ---
Ве молам, ако некој може да ми помогне околу проблемот со легализација на објект, ќе му бидам многу благодарна. Купивме парцела на којашто изградивме викендичка, прилично оддалечена од оградата помеѓу нас и соседите. Инаку, оградата е таму многу пред да ја купиме парцелата и сметавме дека е на меѓата. Барањето за легализација го предадовме навреме, а веднаш потоа и елаборатот. Но, испадна дека со едно ќоше од градбата сме навлезени 25 цм во парцелата на соседите (се на се, станува збор за 5 м2). Сопственикот на парцелата е умрен, а не е направена физичка делба на имотот. Прво прашање е како може да се реши овој имотно-правен проблем (верувам дека не сум единствена што го има), а второ - дали со тоа што го запазив рокот за пријавување и го предадов елаборатот, ми останува уште време да го решам некако проблемот со навлегувањето од 25 цм (ненамерно) во соседната парцела? Уште еднаш однапред благодарам за секоја информација.
Од тоа што можев да го видам во законот, препорачливо е што побрзо да го решиш проблемот со соседите, затоа што секое нерешено прашање од овој тип, како на пример, кога повеќе луѓе се пријавиле да легализираат ист објект, или се води легализација за објект за кој не е спроведена оставинска постапка, постапката за утврдување на правниот статус на бесправно изградениот објект се прекинува, а странките се упатуваат пред надлежен суд да го решат проблемот. Дури потоа може да се продолжи со легализацијата. Ти препорачувам што побрзо да ги исконтактираш наследниците на комшијата (верувам дека ги има) и да прашаш до каде се со оставинската постапка, ако може да се поттурне работата, за да си легализираш побрзо .
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Го исчитав законот и во него јасно стои дека сумата која е потребна за легализација на бесправно изградени куќи е 61 денар од квадрат.
За становите не е наведена никаква сума..
Добро едно не ми е јасно. Каде по ѕидовите имате изградено тераса и соба ако е стан во колективна зграда? За такво нешто ти треба скеле и статичар, а у зграда...едино ако сте одземале од заедничкиот кров.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Добро едно не ми е јасно. Каде по ѕидовите имате изградено тераса и соба ако е стан во колективна зграда? За такво нешто ти треба скеле и статичар, а у зграда...едино ако сте одземале од заедничкиот кров.
Да, имаше скелиња...зградата се прошируваше целосно нанапред, бидејќи имаше место, не сме на улица, туку гледаме накај парк:) Поткровја никој нема правено
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Да, имаше скелиња...зградата се прошируваше целосно нанапред, бидејќи имаше место, не сме на улица, туку гледаме накај парк:) Поткровја никој нема правено
ок, инаку ептен сум офтопик пошто не знам ништо за легализирање на дел од зграда ама недела дена го пречитував и никако да сфатам како...па морав да прашам :)
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
ок, инаку ептен сум офтопик пошто не знам ништо за легализирање на дел од зграда ама недела дена го пречитував и никако да сфатам како...па морав да прашам :)
Нема проблем, ко пита не скита:)
Ако можеш, ќе те замолам да дознаеш колку се цените за легализација на зграда во твојата општина? Не за друго, добивам ептен контрадикторни информации (кај мене 135 евра квадрат, кај други 120), сакам да видам дали од ракав ги лупаат.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Plavooka,vo mojot slucaj se raboti za legalizacija na del od kuka.Za podetalno ke ti pisam vo PP.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Ќе се легализираат сите дивоградби кои се изградени на земјиште што се користи повеќе од 20 години. Со измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти предвидено е да се поедностави процедурата за легализација. Доколку објектот е изграден на земјиште сопственост на државата или пак на друго физичко или правно лице, барателот е должен до надлежниот орган да достави изјава заверена на нотар со која ќе потврди дека предметното земјиште го користи повеќе од 20 години.

На овој начин ќе се легализираат и помошни градби, гаражи и базени. Новини се предвидени и за стамбените комплекси. Ако претходно зградите беа прогласувани за дивоградби и се уриваа доколку отстапуваат и по 100 метри квадратни, сега ќе плаќаат само казни за незаконското градење. Измените едногласно, без расправа, ги подржаа пратениците и од власта и од опозицијата.Ќе се легализираат и бесправно изградените електронски комуникациски мрежи доколку земјиштето се користи повеќе од 20 години.

Целта на измените, велат од Министерството за транспорт и врски е да се достават алтернативни докази за побрза легализација на дивоградбите.

Пред една година владата донесе одлука да се регулира статусот на бесправно изградените објекти. Се поднесоа околу 350.000 барања. Но постапката се одвиваше бавно. Граѓаните требаше достават соодветна документација, имотен лист и геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на објектот. Дури потоа, по добивањето на решението, имаа можност да го легализираат објектот за едно евро за метар квадратен.


Извор - Телма
http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=&rub=15&item=21328
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Мене многу ми е жал што се манипулира со луѓето.
Прошлата година во април кога излезе законот,министерот јасно кажа дека законот за легализација на дивоградбите по 1е.м2 важи за сите објекти на цела територија на Република Македонија.
Јас од февруар се обидувам да дознаам што се случи во меѓувреме...па се измени тој закон.Ме шетаат ме вртат,ме мотаат и никој не кажува тачно.
Релација општина,министерство за транспорт и врски,собрание...само си ја префрлаат топката:unsure:
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
До каде се „инспекторите“ со казнувањата???

Колку луѓе казнија во Арачиново, Тетово, Гостивар, Велешта, Чаир којшто сеуште ги немаат легализирано дивоградбите???
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
А нив кој да ги казни...мислам дека они треба да бидат казнети!
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Уште една манипулација...денеска се сретнале градоначалниците да се договорат за измените на закононот за легализација на дивоградбите.И ај што дадоа изјави...дадоа,министерот ги повикува граѓаните да побрзаат да ги предадат потребните документи и елаборати,затоа што е продолжен рокот уште 18 месеци...А јас која чекам 1,5 година?
Измените на законот се чекаат од собранието, а тоа се надева де ќе биде до 1 јануари:tapp:
Е тоа се вика манипулација....баба ми викаше,ем те тепа ем не ти дава да плачеш....барем јас така се осеќам:mad:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Уште една манипулација...денеска се сретнале градоначалниците да се договорат за измените на закононот за легализација на дивоградбите.И ај што дадоа изјави...дадоа,министерот ги повикува граѓаните да побрзаат да ги предадат потребните документи и елаборати,затоа што е продолжен рокот уште 18 месеци...А јас која чекам 1,5 година?
Измените на законот се чекаат од собранието, а тоа се надева де ќе биде до 1 јануари:tapp:
Е тоа се вика манипулација....баба ми викаше,ем те тепа ем не ти дава да плачеш....барем јас така се осеќам:mad:
Абе остај ги трипаат. Ти не можеш да ги предадеш документите и да сакаш. Еве по мене знам. Не можам да поднесам елаборат затоа што куќат ми лежи на неизложено земјиште. Па види ти.

И друга работа. Претходно рекоа демек со изјава и можеш да легализираш, излезе дека врска нема. Мора да имаш согласност од сопственикот кој го пишува на имотниот лист. Проблемот е што милион сопственици не сакаат да ја направат трансформацијата пошто нејќат да се замараат со тоа, твоја е куќата, што има она да му ја мисли.

Џабе е едно евро квадрат кога ти и да сакаш не можеш да го легализираш.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Абе остај ги трипаат. Ти не можеш да ги предадеш документите и да сакаш. Еве по мене знам. Не можам да поднесам елаборат затоа што куќат ми лежи на неизложено земјиште. Па види ти.

И друга работа. Претходно рекоа демек со изјава и можеш да легализираш, излезе дека врска нема. Мора да имаш согласност од сопственикот кој го пишува на имотниот лист. Проблемот е што милион сопственици не сакаат да ја направат трансформацијата пошто нејќат да се замараат со тоа, твоја е куќата, што има она да му ја мисли.

Џабе е едно евро квадрат кога ти и да сакаш не можеш да го легализираш.
Јас ги предадов документите комплет со елаборат на 29.04.2011год.него проблемот е што они кога ги примија не ми рекоа дека за мене неважи (сега за сега) овој закон,дека законот треба да претрпи некој измени и дополнувања,како што ми рекоа на 08.02.2012.Нив им беше важно да ги соберат парите а ние да кршиме глава...Министерот ги игнорира сите прашања,а вамо апелира до граѓаните на време да ги предадат документите.:unsure:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom