Казни за граѓаните кои нема да ги легализираат дивоградбите

Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Го рушат а споменаа као предлог закон ќе има парични казни, а не рушење. Рушење вели предлогот тек после 3 години. Чудно
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
828
Поени од реакции
785
Знам дека кур ги боли за мене или тебе ама друг ми е муабетот.

Јас на пример купив кола пред да го донесат оној закон за половни возила.И за месец два со истите пари сум можел да купам многу подобро возило.И што треба сега да плачам?

Стварно не можам да сватам што има негативно од овој закон?Еве лично јас ќе си ја легализирам куќата за 200-300 евра со овој закон.За што пред 1 година ми требаа 5-6 илјади евра (може и повеќе - незнам),и + мал милион документи.Друга работа,на времето "стручните" геометри место у мој плац ја обележале куќата да ја гради татко ми пола у мој пола у државно.За да биде поинтересно,блиску до мене ја изградија обиколницата околу Скопје и кога отидов да го барам плацот (државно земјиште под мојата куќа) ми рекоа - а не дечко тоа спаѓа во заштитен појас на автопатот и неможеш да го откупиш.Така да во општина ми рекоа - невозможно е да ја легализираш куќата,ама ќе одиш по министерства (натаму наваму) да ти дадат некој документ дека куќата ти е изградена пред автопатот,ама пошто невозможно е да ја легализираш барем да не те брка инспекција за рушење.Сега по овој закон не само што ќе можам без проблем да ја легализирам туку и по автоматизам отпосле имам право да го откупам државниот плац (кој е негде 500м2) за по 1 евро.

Тие што го критикуваат законов незнаат какви се не документи ти требаше порано да легализираш.

Ми текна сега на една од оние "експертите" кога го најавуваа законов критикуваше-
Неможело така да ги легализираат куќите пошто можеби не се цврсто изградени и може да паднат,па луѓето да останат без кров над глава.Затоа според нејзе било подобро (според стариот закон) секоја дивоградба да се сруши.:tapp:
Те читам и ти се чудам.Ти ги земаш примерите каде цела градба е на диво.Законов нема смисла и нема шанси да се спроведе.Ево пример.Имаш куќа 100 квадрати.5 квадрати од терасата ти викаат е дивоградба.Сеа за тие 5 квадрати ти треба да бркаш процедури.Во случај да бидеш одбиен следи 3 проценти од вкупната цена да и плаќаш на државата или ќе ти биде цела одземена.Аку вреди 100 000 евра треба 3 000 евра месечно.Која е логиката? А што е најинтересно со новото авионско мерење све е изместено,ако знајш за што ти зборувам.Само што нашиов народ не е доволно информиран и не знае дека секој е засегнат со овој закон.Овој закон е само да се заштити урбаната мафија да може слободно да си гради и после да си го легализират.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
А што е најинтересно со новото авионско мерење све е изместено,ако знајш за што ти зборувам.
Имаш некоја информација повеќе за ова? Ќошот од куќарката што ја правеа мојте пред 3-40 години во наш двор со мерењево излезе дека не е у наш дел (ова исто се случи и кај едни други луѓе) па сега таа куќарка не може да се легализира, а можеби ќе мора и да се руши (буквално ќе нема кај да живеат).
Кај може нешто за ова да се најде, да се оспори за да се спаси градба?
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
828
Поени од реакции
785
Имаш некоја информација повеќе за ова? Ќошот од куќарката што ја правеа мојте пред 3-40 години во наш двор со мерењево излезе дека не е у наш дел (ова исто се случи и кај едни други луѓе) па сега таа куќарка не може да се легализира, а можеби ќе мора и да се руши (буквално ќе нема кај да живеат).
Кај може нешто за ова да се најде, да се оспори за да се спаси градба?
Во овој случај ќе треба да се изврши премерување а трошоците се на твој грб,а грешката е нивна.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
За кого неважи законот за дивоградби 1е.м2 ?
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Изгледа само општина Центар прави селекција,нема за сите 1е.м2 туку од 100-120е.м2.
Само да се знае! Ништо.....немам верба!
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Не за дивоградбита на куќи,незнам дали важи и за зградите.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
557
Поени од реакции
180
Ме интересира дали и поткровјата на зградите се опфатени со овој закон?
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Темата е казни за тие што нема да ги легализираат дивоградбите!!!!!!!!
А да прашам јас, дали ќе има казни за тие што го донеле законот????????
Fantastico ова е луда држава,или ја водат лудаци....не се знае кој јаде кој пие,а ние плаќаме.Ако јас која имам куќа од 1965год.а законот токму за нив беше донесен....НЕ ВАЖИ тогаш незнам што се уште можеме да очекуваме.Најдобро ти е да одиш кај нив,за да не се изложуваш на трошкови,затоа што и не се така мали,само за елаборат е најмалку 100е.....зависно на кого ќе налеташ.
Со среќа.... која навистина ќе ти треба.
Би сакала некој од министерството на Јанакиевски да го прочита и да се обиде да ми помигне.
Наравоучение,НЕ ВЕРУВАЈТЕ НА СИТЕ РЕКЛАМИ И КАМПАЊИ ШТО ГИ СПРОВЕДУВА ОВАА ВЛАДА!опасни манипуланти!:(:confused:
 
VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14
Ве молам, ако некој може да ми помогне околу проблемот со легализација на објект, ќе му бидам многу благодарна. Купивме парцела на којашто изградивме викендичка, прилично оддалечена од оградата помеѓу нас и соседите. Инаку, оградата е таму многу пред да ја купиме парцелата и сметавме дека е на меѓата. Барањето за легализација го предадовме навреме, а веднаш потоа и елаборатот. Но, испадна дека со едно ќоше од градбата сме навлезени 25 цм во парцелата на соседите (се на се, станува збор за 5 м2). Сопственикот на парцелата е умрен, а не е направена физичка делба на имотот. Прво прашање е како може да се реши овој имотно-правен проблем (верувам дека не сум единствена што го има), а второ - дали со тоа што го запазив рокот за пријавување и го предадов елаборатот, ми останува уште време да го решам некако проблемот со навлегувањето од 25 цм (ненамерно) во соседната парцела? Уште еднаш однапред благодарам за секоја информација.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Денес ми се јавија од Општина да појдам да легализирам дел од станот кој го доградив.
Како може за куќи да е 1 евро квадрат, а за станови 120 евра по квадрат?!
Кога поднесов барање (изготвен Елаборат, за кој морав да платам 50 евра) цената од едно евро беше иста за сите. После им текна да удрат по џебот на обичниот народ и на наплаќаат 120 пати повеќе, а некој со хациенда од 120 квадрата ќе си ја легализира за 120 евра.
Па јас ако сум богата куќа ќе кренев, а не стан да доградувам, мамето да им го ебам апашко!!!

Имаме ли некоја законска алтернатива?
 
Јас се судрив со ваков проблем во општина Центар,но ми рекоа дека треба да чекам да се промени некој акт или под акт на некој закон,за да се изедначи овој закон за легализација на дивоградби по 1е.м2.
Минатата година во април месец законот беше објавен со тапани и фалење,демек они колку добро прават за граѓаните и дека истиот важи за сите објекти на цела територија на Р.Македонија....арно ама,не било така...во фебруар месец ме обавестија дека за мене ова не важи....и се дон денеска,НИКОЈ несака да излезе и да каже што е работата.
Страшно!
 
Немој да плаќаш во прво време, да видиме дали нешто може да се промени. Од кај мене во зграда почнаа да бараат некои канали за решавање на проблемов, па ако има резултат, ќе ти пишам ПП, да знаеш каде да се обратиш. Во секој случај ова е срамота, чист грабеж.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom