Казни за граѓаните кои нема да ги легализираат дивоградбите

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Казни за граѓаните кои нема да ги легализираат дивоградбите

Казни и уривање на објектот за граѓаните кои нема да си ги легализираат дивоградбите. Според Предлог законот поднесен од ВМРО ДПМНЕ, по 3 септември граѓаните кои нема да започнат постапката за легализација ќе плаќаат од проценетата вредност 3% казна секој месец во наредните 3 години.

После тоа ќе треба сами да го урнат објектот. До колку не плаќаат пенали, државата или општината ќе му го конфискува легалниот дел од имот. Сител направи пресметка како тоа би изгледало.
Ако лицето има 100 квадрати легален објект и 50 квадрати дивоградба, инспекторите од Управата за јавни приходи прво треба да ја проценат вредноста на дивоградбата. Ако се земе во просек 1.000 евра од квадрат, значи вредноста на нелегалниот објект чини 50 илјади евра. Лицето ќе треба секој месец да плаќа по 1.500 евра казна или 18.000 евра годишно затоа што не си го легализирал објектот. Или за три години за дивоградбата ќе треба да се платат 54.000 евра. Исто така ќе треба сам да си го сруши објектот.
Од Министерството за транспорт појаснуваат дека доколку лицето веднаш ја урне дивоградбата нема да плаќа никакви пенали. Ако истото го направи по една година, казни ќе плаќа само за една година. Ако пак одбие да плаќа пенали, тогаш му се конфискува дел или целиот легален објект во вредноста која ја утврдиле надлежните.
А денеска на терен состојбата иста. Мeтеж пред општините, граѓаните го чекаат последниот воз за да ја пoчнат легализацијата.
Министерот Јанакиески дециден, пролонгирање на рокот нема да има.
Се проценува дека во Македонија има околу 350 илјади дивоградби. До денеска барање за легализација поднеле 170 илјади.
Наташа Мерсовска

извор

не ми е јасна една работа. како може некој да дојде и да ми залепи казна мене зашо куќата ми била нелегално изградена. Океј сваќам дека е закон сваќам дека мора да се поштува и почитува ама еј.. па нели дивоградбите попрво треба да се урнат откллку да се плаќа казна за нив?

и замислете ситуација на пример. јас имам нелегално изградена куќа - доаќаат ми маваат казна од неколку илјади евра ја плаќам и си продолжувам да живеам во куќата... следна година што? па ке дојде да ми мавне казна? секоја година? шо е тоа казна или рекет или можда ке треба да и се плаќа на државата како кираџија некој да е?

П.С мислам дека е на соодветен форум поставена темава - барав но неможев да најдам тема каде што можев да го постирам текстов.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
Што мислите вие, функционерите си ги легализираа куќиштата огромни за ич пари а некој што живее во шупа со примања од 2 илјади денари месечно неможе да легализира по него ќе удрат. Преродбата продолжува.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.031
За поднесување на барање за легализација треба фотокопија од лична карта и фотокопија од постара сметка (од струја,вода,телефон - што било).Значи 5+5 = 10 денари + 300 денари на уплатница.Значи се на се ти требаат 310 денари еве и автобус 30+30=60 значи 370 денари за да го фатиш рокот за легализирање.

Затоа муабети од типот на PillowQueen се повеќе од смешни.
Ако некој до сега не поднел барање за легализација која кошта 370 денари мислам дека заслужува и да му ја срушат.

За тие што не знаат......
Законот дозволува да поднесеш барање за легализација без разлика каков и да имаш друг имотно-правен проблем.На пример дел од објектот ти е во државно земјиште.Дел од објектот ти е во приватно земјиште.Плацот на кој си изградил гласи на пра пра дедоти и иако усмено немате никаков договор вие ХХХХ број наследници.И незнам уште какви не ти други проблеми.Значи без разлика на се,секој може да поднесе барање за легализација на објект ,а во рок од 4 години ќе мора да си ги среди другите имотни проблеми околу плацот.
 
T

Tetro

Гостин
За поднесување на барање за легализација треба фотокопија од лична карта и фотокопија од постара сметка (од струја,вода,телефон - што било).Значи 5+5 = 10 денари + 300 денари на уплатница.Значи се на се ти требаат 310 денари еве и автобус 30+30=60 значи 370 денари за да го фатиш рокот за легализирање.
... и (ако си вработен) да бараш да земеш слободен ден, па да идеш од сабајле рано да чекаш пред општина и додека стигнеш, гледаш дека пред тебе има редица од 60-70 луѓе, па уште некои 30-40 ќе дојдат отпосле со "свој човек" и ќе се шверцаат преку ред... у меѓувреме ќе гледаш како Административциве си прават пауза, место работно време... и додека забележиш, летнал денот и треба утре пак да бараш да ти дадат слободен ден. :rolleyes:
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.031
... и (ако си вработен) да бараш да земеш слободен ден, па да идеш од сабајле рано да чекаш пред општина и додека стигнеш, гледаш дека пред тебе има редица од 60-70 луѓе, па уште некои 30-40 ќе дојдат отпосле со "свој човек" и ќе се шверцаат преку ред... у меѓувреме ќе гледаш како Административциве си прават пауза, место работно време... и додека забележиш, летнал денот и треба утре пак да бараш да ти дадат слободен ден. :rolleyes:
Епа почекајте уште некој ден.На 2ри одете ако не ебаго.Пред еден месец немаше живо пиле по општиниве.Сите чекаат јајцето на гз да им дојде.И на крај секако владата ви е крива.Македонска работа - што можеш утре - не пипај денес.

Друга работа можеш да го пратиш дедо ти да поднесе за тебе,баба ти,син ти,комшијата или некој 3 братучед,така да ова е само типично македонско кукање.
БТЊ мислам дека од понеделникот сите општини работат со продолжено работно време односно до 20 00 часот.- .................Леле а што со тие што работат турбо по 2 смени

Одеднаш сега сите се зафатени во земјата со 35% невработеност.
 
T

Tetro

Гостин
Епа почекајте уште некој ден.На 2ри одете ако не ебаго.Пред еден месец немаше живо пиле по општиниве.Сите чекаат јајцето на гз да им дојде.И на крај секако владата ви е крива.Македонска работа - што можеш утре - не пипај денес.
Јас.... го немам тој проблем, само кажувам тоа што сум го видел. Нит имам нелегална градба, нит се водам ко вработен моментално за да барам слободен ден. ;)
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.031
Јас.... го немам тој проблем, само кажувам тоа што сум го видел. Нит имам нелегална градба, нит се водам ко вработен моментално за да барам слободен ден. ;)
Верувај,ниедно оправдување не држи вода.Значи овој закон е направен,да се упрости што е можно повеќе за да биде достапно за секого.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Верувај,ниедно оправдување не држи вода.Значи овој закон е направен,да се упрости што е можно повеќе за да биде достапно за секого.
не си у право барем не у целост. еве јас ке ти ја раскажам мојата ситуација на кратко па ти види..

пред 2 недели искочив ЈАС ЛИЧНО да ги бркам работите сашто моите 2ца родители се инвалиди и неможат да се ебаваат по општини и така натака и да чекаат гужви. е сеа отидов ја у општина и земав некои документи со мене и прашав шо се ми треба за да поднесам баање и ми рекоа дечко тука не се поднесува за дворно земјиште туку само за дивоградби. - ОК отидов во другиот дел од општинат ( за бутел се работи ) и имаше една госпоѓа и ја замолив ако сака фино лепо и културно да ми каже што се документи да земам за да можам да го откупам дворното место. ми рече ке ти треба ова ова ова и ова... и ме пратија во трета општина т.е чаир да извадам имотен лист од катастар за да се потврди прво дека е земјиштето соопственост на државата. следен чекор отидов пак во општина кај мене си дадов документи и ми викаат неможеш да откупиш дворно место зашто куќата ти била нелегална - ме мавна шок за ова али ке пишам подозна како дошло до ова. и ми рекоа прво ке мора да одиш да ја легализираш куќата т.е документи па после ке можеш да го откупиш дворното место. океј земав документи се распрашав како оди за легализација на дивоградба ми дадоа уплатница да уплатам уплатив 550денара на жиро сметка и сето ова за да ми дадат прво детален урбанистички план - барањето ми е поднесено и сега го чекам урбанистичкиот план..

што се однесува до куќата ( дивограба пази те молам ) во 1964та година после земјотресот државата продавала бараки на граѓаните и дедо ми ја купл баракава на кредит за која имам и потврда дека гласи на него и сите докукменти за бараката од А до Ш. на кратко дедо ми купил барака од државата и тоа требало да биде внесено во катастар.. во катастар на интернет проверувам соопственици на бараката татко ми и чичко ми - пак шок. а додека бил дедо ми жив не е поделено ништо меѓу никого што значи дека некој во катастар преправил по НЕПОЗНАТА основа. океј кога веќе преправил како е можно да се појават 2 соопственици на бараката кога дедо ми имал 5 деца и сите подеднакво имаат учество доколку некој не се откаже од делот нели. и сеа ти замисли јас уште низ којзнае колку заебанции ке треба да поминам додека да земам некаков документ АКО успеам да го земам и тој. и плус се на се јас треба сега да чеам прво да се легализира куќата па дури отпосле да поднсувам документи за легализација на дворно место.. ЛОГИКА ? - државата ти ја продала куќата ама е нелегална а ти имаш документ. ај те молам ова објасни ми го::

и кога сме веќе кај цените... покрај тие уплатници едно друго прерачунај квадратура на земјиште * 1 евро + елаборат окол 100 евра + ебавање од општина до општина зашто не им се усогласени работите..
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.031
Ти си отворил тема за дивоградбите така?
Кој ти кажал дека твојата куќа е дивоградба кога и сам кажуваш дека стои во катастар и има двајца сопственици (има и по 5 - нека не те чуди).Јас израснав во Бутел 1 и добро го познавам.Колку што знам бараките се легални,откупени од државата додека земјиштето под нив е државно.И да според закон ако ти не си газда на објектот или објектот не ти е легализиран го немаш правото да го откупиш земјиштето под и околу него за по 1 евро.Значи решавај си го проблемот со ред.

Законот за 1 евро квадрат државно земјиште ќе важи сигурно уште 4 год.Додека за легализација на објекти уште некој ден.Доколку стварно по некоја случајност (неможам да сватам како) бараката сеуште ти е дивоградба прво поднеси барање за легализација на обејктот.Елаборат кој кошта околу 100 евра можеш да правиш и понатаму.

Инаку дивоградбите колку што знам не се заведени во катастар,ни па има информации за сопствениците.

Најпаметно ти е да поднесеш барање без елаборат,а во меѓувреме да провериш дали куќата ти е дивоградба.Пошто познавајќи ги нашиве по администрација не би ме чудело ако таа\тој ти одговорила дека треба прво да ја легализираш куќата бидејќи не те разбрала што точно бараш.
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
1.989
А се важи ли тоа колку години го владееш местото? Уствари колку години ти е куќата таму изградена?
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
ДИВО ГРАДБИ за едно евро како на времето не си направив и јас едно ДИВАГРАДБА сега ќе бев МИЛИОНЕР .

тоа ти е во прогрешно место во погрешно време.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
А се важи ли тоа колку години го владееш местото? Уствари колку години ти е куќата таму изградена?
Не смее да е понова од мај 2011. Значи важи само за изградени дивоградби, не можеш да градиш сега па да легализираш.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Ти си отворил тема за дивоградбите така?
Кој ти кажал дека твојата куќа е дивоградба кога и сам кажуваш дека стои во катастар и има двајца сопственици (има и по 5 - нека не те чуди).Јас израснав во Бутел 1 и добро го познавам.Колку што знам бараките се легални,откупени од државата додека земјиштето под нив е државно.И да според закон ако ти не си газда на објектот или објектот не ти е легализиран го немаш правото да го откупиш земјиштето под и околу него за по 1 евро.Значи решавај си го проблемот со ред.

Законот за 1 евро квадрат државно земјиште ќе важи сигурно уште 4 год.Додека за легализација на објекти уште некој ден.Доколку стварно по некоја случајност (неможам да сватам како) бараката сеуште ти е дивоградба прво поднеси барање за легализација на обејктот.Елаборат кој кошта околу 100 евра можеш да правиш и понатаму.

Инаку дивоградбите колку што знам не се заведени во катастар,ни па има информации за сопствениците.

Најпаметно ти е да поднесеш барање без елаборат,а во меѓувреме да провериш дали куќата ти е дивоградба.Пошто познавајќи ги нашиве по администрација не би ме чудело ако таа\тој ти одговорила дека треба прво да ја легализираш куќата бидејќи не те разбрала што точно бараш.
ама ти мене ме дупиш или не ми го прочита постот... ај па ке ти објаснам.

ја појфов за откуп на дворно место и ми рекоа НЕМОЖЕШ ДА НАПРАВИШ ОТКУП НА ДВОРНО МЕСТО ЗАТОА ШТО КУЌАТА НА ТАА АДРЕСА СЕ ВОДИ КАКО ДИВОГРАДБА !!!

автоматски морам да ја легализирам куќата за која имам документ дека е откупена од државата - а државата не го признава тоа - па добро дедо ми од кој ја кул куќата? или само онака се уселил и документите го чекале на маса ???

да биде поголема иронијата.. семејството мое живее повеќе од 30 години тука и плаќаат и сметки и комунали и порез и данок и СЕ. како тогаш СО ПЛАТЕНИ КОМУНАЛИ објектот е дивоградба?
второ. до мене имам комшика која е 70+години и не се ни замара со вакви работи.. НЕЈЗИНАТА КУЌА ЈА ИМА У КАТАСТАР НАШАТА НЕ - да не бркала она случајно работи сега на 70 години да и ја легализира некој куќата? за да биде појасно - бараките се градени на времето лепенки по 2 и нема ама никаква логика едната да е легална другата нелегална!

и уште нешто... за да го откупам дворното место прво ке морам да ја легализирам куќава па тек отпосле да бркам за дворно место. заебанција колку сакаш!

и плус.. гледам повеќето од луѓево го фалат законов. ама видете колку е проѕирна оваа работа...

замислетте се вие како еден лојален чесен поштен граѓанин градите куќа и за неа плаќате комунали по 20/30 евра ( пример ) и имате документ за тоа и све е тоа легално и платено на државата.


Комшијата до вас исто гради куќа ДИВОГРАДБА за која не плаќа никакви комунали и нема документ за куќата.

после ИКС години излага закон со кој е дозволено да се легализираат објекти по само 1 евро за метар квадратен (20/30 пати поевтино него редовните комунали)

Каде е тука правдата? Кој е оштетен и будала во случајов? зарем вие кои легално имате изградено куќа сте будали да плаќате далеку поголема цена за разлика од некој кој го крши законот и повторно поминува неказнет ПЛУС за поевтини пари добива документ? каде е тука урбанистичко-градежната инспекција? што работат тие инспектори? за што земаат плата? се гледа нивната работа на дело... како е можно цели општини да бидат дивоградби. одговор на ова ке даде некој? ке одговара некој за ова? ова само кај нас е можно. прашајте во некоја друга држава дали има вакви случаеви да видите што ке ви кажат
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
По слободна проценка изјавија дека ќе останат уште некаде отприлика 170000 нелегелизирани градби, тоа мислам дека околу половина некаде. Е сега во очај затоа што не можат да спроведат тоа што намислиле се оди со закани, ама да не излези кој легализира легализира кој не не. А за рушење нелегални градби реално колку што ги одзеде царината овие бугарските коли.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Каде е тука правдата? Кој е оштетен и будала во случајов? зарем
Нема правда и не очекувај рамноправност. Порано според закон рушеа. Сега, заради прилив во буџет и фикусот во саксија ќе мора да го пријавиш. Ова можеби е до некаде оправдано во некои региони, места и делови од градот (каде плановите не биле ревидирани од Сталин), но во град и населби каде веќе до тебе постоеле легални градби....не е логично и не е фер секако. На прво место ваков закон не требаше да се дозволи што не доведува до прашањето за постоење на изградените дивоградби, но... Си платил десетици илјади марки за комуналии за градба, дозволи и други документи, данок од 35-40 години...за истото тоа некој да го озакони близу тебе за 150-200 евра. А со градбите е хаос...ниту се почитува стандард за населба (ако постои воопшто, Бутел пример постоеше пред 3-40 години), ниту висина, ниту правила. Може комшијата до тебе да изгради зграда од 3-4-5 спрата као индивидуална куќа и да си ја озакони...лудило во непланското градење.
Нелогично е (што споменав и претходно) и што веќе се изградени толкав број дивоградби, а не е реагирано на време пред да се изградат...што пак не доведува до изворот на нелогичноста, државниот апарат (локални, регионални, републички) сиве овие децении. Во сите случаи државниот апарат потклекнал.
Некој не признава ама дива лига сме.
АКО успеам да го земам и тој. и плус се на се јас треба сега да чеам прво да се легализира куќата па дури отпосле да поднсувам документи за легализација на дворно место.. ЛОГИКА ? - државата ти ја продала куќата ама е нелегална а ти имаш документ. ај те молам ова објасни ми го::
несаглам евиденција која за жал ти мора да им ја средуваш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom