аллександар
Вечно ненаспан
- Член од
- 5 мај 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 2.522
Казни за граѓаните кои нема да ги легализираат дивоградбите
Казни и уривање на објектот за граѓаните кои нема да си ги легализираат дивоградбите. Според Предлог законот поднесен од ВМРО ДПМНЕ, по 3 септември граѓаните кои нема да започнат постапката за легализација ќе плаќаат од проценетата вредност 3% казна секој месец во наредните 3 години.
После тоа ќе треба сами да го урнат објектот. До колку не плаќаат пенали, државата или општината ќе му го конфискува легалниот дел од имот. Сител направи пресметка како тоа би изгледало.
Ако лицето има 100 квадрати легален објект и 50 квадрати дивоградба, инспекторите од Управата за јавни приходи прво треба да ја проценат вредноста на дивоградбата. Ако се земе во просек 1.000 евра од квадрат, значи вредноста на нелегалниот објект чини 50 илјади евра. Лицето ќе треба секој месец да плаќа по 1.500 евра казна или 18.000 евра годишно затоа што не си го легализирал објектот. Или за три години за дивоградбата ќе треба да се платат 54.000 евра. Исто така ќе треба сам да си го сруши објектот.
Од Министерството за транспорт појаснуваат дека доколку лицето веднаш ја урне дивоградбата нема да плаќа никакви пенали. Ако истото го направи по една година, казни ќе плаќа само за една година. Ако пак одбие да плаќа пенали, тогаш му се конфискува дел или целиот легален објект во вредноста која ја утврдиле надлежните.
А денеска на терен состојбата иста. Мeтеж пред општините, граѓаните го чекаат последниот воз за да ја пoчнат легализацијата.
Министерот Јанакиески дециден, пролонгирање на рокот нема да има.
Се проценува дека во Македонија има околу 350 илјади дивоградби. До денеска барање за легализација поднеле 170 илјади.
Наташа Мерсовска
извор
не ми е јасна една работа. како може некој да дојде и да ми залепи казна мене зашо куќата ми била нелегално изградена. Океј сваќам дека е закон сваќам дека мора да се поштува и почитува ама еј.. па нели дивоградбите попрво треба да се урнат откллку да се плаќа казна за нив?
и замислете ситуација на пример. јас имам нелегално изградена куќа - доаќаат ми маваат казна од неколку илјади евра ја плаќам и си продолжувам да живеам во куќата... следна година што? па ке дојде да ми мавне казна? секоја година? шо е тоа казна или рекет или можда ке треба да и се плаќа на државата како кираџија некој да е?
П.С мислам дека е на соодветен форум поставена темава - барав но неможев да најдам тема каде што можев да го постирам текстов.