Казни за граѓаните кои нема да ги легализираат дивоградбите

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од аллександар, 27 август 2011.

  1. goranzoran

    goranzoran

    Член од:
    10 јануари 2011
    Мислења:
    1.658
    Допаѓања:
    3.322
    Имало веројатно оставинска постапка во која не сте биле повикани. Лошо :confused:...и сеа чичко ти ја има пола куќа?
     
  2. аллександар

    аллександар Вечно ненаспан

    Член од:
    5 мај 2006
    Мислења:
    7.226
    Допаѓања:
    2.303
    каква оставинска постапка? моментално сеуште цела градба гласи на дедо ми а во катастар ја нема никаде заведенА
     
  3. Plavooka

    Plavooka

    Член од:
    20 март 2012
    Мислења:
    1.465
    Допаѓања:
    2.359
    Го исчитав законот и во него јасно стои дека сумата која е потребна за легализација на бесправно изградени куќи е 61 денар од квадрат.
    За становите не е наведена никаква сума.
    Инаку, кога малку подобро го прегледав ливчето кое ми го дадоа во Општина, излегува дека за доградба на стан треба да платам:
    -134,8 евра по м.квадратен за внатрешен простор и
    - 27 евра по квадрат за тераса

    До оние кои легализираат станови: Ве молам пишете која сума вас ви ја имаат кажано и во која општина сте. Annaja пред некој ден рече дека кај неа во Центар е 120 евра, а јас во Карпош имам 135?!

    Инаку, рокот за плаќање на целата сума е за 10 дена откако ќе добиете решение. Оние кои немаат пари, може да склучат договор за отплата на 12 месеци, а социјалните случаи се ослободени од плаќање (тие немаат леб да јадат, не па да доградуваат нешто:facepalm: ).

    Се јавив во канцеларијата на Народниот правобранител (бидејќи имаат градежен сектор), и ми одговорија дека во секторот нема НИКОЈ, бидејќи сите биле на одмор, оставив податоци и за Правобранителот да ме прими, ама чисто се сомневам дека ќе се јават.
    --- надополнето: 17 август 2012 во 13:37 ---
    Од тоа што можев да го видам во законот, препорачливо е што побрзо да го решиш проблемот со соседите, затоа што секое нерешено прашање од овој тип, како на пример, кога повеќе луѓе се пријавиле да легализираат ист објект, или се води легализација за објект за кој не е спроведена оставинска постапка, постапката за утврдување на правниот статус на бесправно изградениот објект се прекинува, а странките се упатуваат пред надлежен суд да го решат проблемот. Дури потоа може да се продолжи со легализацијата. Ти препорачувам што побрзо да ги исконтактираш наследниците на комшијата (верувам дека ги има) и да прашаш до каде се со оставинската постапка, ако може да се поттурне работата, за да си легализираш побрзо .
     
  4. Lurtz

    Lurtz

    Член од:
    28 март 2006
    Мислења:
    14.995
    Допаѓања:
    7.775
    Добро едно не ми е јасно. Каде по ѕидовите имате изградено тераса и соба ако е стан во колективна зграда? За такво нешто ти треба скеле и статичар, а у зграда...едино ако сте одземале од заедничкиот кров.
     
  5. Plavooka

    Plavooka

    Член од:
    20 март 2012
    Мислења:
    1.465
    Допаѓања:
    2.359
    Да, имаше скелиња...зградата се прошируваше целосно нанапред, бидејќи имаше место, не сме на улица, туку гледаме накај парк:) Поткровја никој нема правено
     
  6. Lurtz

    Lurtz

    Член од:
    28 март 2006
    Мислења:
    14.995
    Допаѓања:
    7.775
    ок, инаку ептен сум офтопик пошто не знам ништо за легализирање на дел од зграда ама недела дена го пречитував и никако да сфатам како...па морав да прашам :)
     
  7. Plavooka

    Plavooka

    Член од:
    20 март 2012
    Мислења:
    1.465
    Допаѓања:
    2.359
    Нема проблем, ко пита не скита:)
    Ако можеш, ќе те замолам да дознаеш колку се цените за легализација на зграда во твојата општина? Не за друго, добивам ептен контрадикторни информации (кај мене 135 евра квадрат, кај други 120), сакам да видам дали од ракав ги лупаат.
     
  8. annaja01

    annaja01

    Член од:
    29 октомври 2011
    Мислења:
    1.709
    Допаѓања:
    1.149
    Plavooka,vo mojot slucaj se raboti za legalizacija na del od kuka.Za podetalno ke ti pisam vo PP.
     
  9. Plavooka

    Plavooka

    Член од:
    20 март 2012
    Мислења:
    1.465
    Допаѓања:
    2.359
    Ќе се легализираат сите дивоградби кои се изградени на земјиште што се користи повеќе од 20 години. Со измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти предвидено е да се поедностави процедурата за легализација. Доколку објектот е изграден на земјиште сопственост на државата или пак на друго физичко или правно лице, барателот е должен до надлежниот орган да достави изјава заверена на нотар со која ќе потврди дека предметното земјиште го користи повеќе од 20 години.

    На овој начин ќе се легализираат и помошни градби, гаражи и базени. Новини се предвидени и за стамбените комплекси. Ако претходно зградите беа прогласувани за дивоградби и се уриваа доколку отстапуваат и по 100 метри квадратни, сега ќе плаќаат само казни за незаконското градење. Измените едногласно, без расправа, ги подржаа пратениците и од власта и од опозицијата.Ќе се легализираат и бесправно изградените електронски комуникациски мрежи доколку земјиштето се користи повеќе од 20 години.

    Целта на измените, велат од Министерството за транспорт и врски е да се достават алтернативни докази за побрза легализација на дивоградбите.

    Пред една година владата донесе одлука да се регулира статусот на бесправно изградените објекти. Се поднесоа околу 350.000 барања. Но постапката се одвиваше бавно. Граѓаните требаше достават соодветна документација, имотен лист и геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на објектот. Дури потоа, по добивањето на решението, имаа можност да го легализираат објектот за едно евро за метар квадратен.


    Извор - Телма
    http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=&rub=15&item=21328
     
  10. annaja01

    annaja01

    Член од:
    29 октомври 2011
    Мислења:
    1.709
    Допаѓања:
    1.149
    Мене многу ми е жал што се манипулира со луѓето.
    Прошлата година во април кога излезе законот,министерот јасно кажа дека законот за легализација на дивоградбите по 1е.м2 важи за сите објекти на цела територија на Република Македонија.
    Јас од февруар се обидувам да дознаам што се случи во меѓувреме...па се измени тој закон.Ме шетаат ме вртат,ме мотаат и никој не кажува тачно.
    Релација општина,министерство за транспорт и врски,собрание...само си ја префрлаат топката:unsure:
     
  11. Zaptija Stojkov

    Zaptija Stojkov Комунист

    Член од:
    23 февруари 2010
    Мислења:
    1.643
    Допаѓања:
    1.018
    До каде се „инспекторите“ со казнувањата???

    Колку луѓе казнија во Арачиново, Тетово, Гостивар, Велешта, Чаир којшто сеуште ги немаат легализирано дивоградбите???
     
  12. annaja01

    annaja01

    Член од:
    29 октомври 2011
    Мислења:
    1.709
    Допаѓања:
    1.149
    А нив кој да ги казни...мислам дека они треба да бидат казнети!
     
  13. annaja01

    annaja01

    Член од:
    29 октомври 2011
    Мислења:
    1.709
    Допаѓања:
    1.149
    Уште една манипулација...денеска се сретнале градоначалниците да се договорат за измените на закононот за легализација на дивоградбите.И ај што дадоа изјави...дадоа,министерот ги повикува граѓаните да побрзаат да ги предадат потребните документи и елаборати,затоа што е продолжен рокот уште 18 месеци...А јас која чекам 1,5 година?
    Измените на законот се чекаат од собранието, а тоа се надева де ќе биде до 1 јануари:tapp:
    Е тоа се вика манипулација....баба ми викаше,ем те тепа ем не ти дава да плачеш....барем јас така се осеќам:mad:
     
  14. RocknRolaa

    RocknRolaa Rafa Para Siempre

    Член од:
    21 февруари 2010
    Мислења:
    6.869
    Допаѓања:
    9.727
    Абе остај ги трипаат. Ти не можеш да ги предадеш документите и да сакаш. Еве по мене знам. Не можам да поднесам елаборат затоа што куќат ми лежи на неизложено земјиште. Па види ти.

    И друга работа. Претходно рекоа демек со изјава и можеш да легализираш, излезе дека врска нема. Мора да имаш согласност од сопственикот кој го пишува на имотниот лист. Проблемот е што милион сопственици не сакаат да ја направат трансформацијата пошто нејќат да се замараат со тоа, твоја е куќата, што има она да му ја мисли.

    Џабе е едно евро квадрат кога ти и да сакаш не можеш да го легализираш.
     
  15. annaja01

    annaja01

    Член од:
    29 октомври 2011
    Мислења:
    1.709
    Допаѓања:
    1.149
    Јас ги предадов документите комплет со елаборат на 29.04.2011год.него проблемот е што они кога ги примија не ми рекоа дека за мене неважи (сега за сега) овој закон,дека законот треба да претрпи некој измени и дополнувања,како што ми рекоа на 08.02.2012.Нив им беше важно да ги соберат парите а ние да кршиме глава...Министерот ги игнорира сите прашања,а вамо апелира до граѓаните на време да ги предадат документите.:unsure:
     

Сподели преку: