Казна затвор за лажно боледување

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Ок, го оштетува буџетот. Нека му дадат парична казна да го "врати" тоа оштетеното. Со затвор не гледам како ќе ја пополни дупката во буџетот.
Нема да ја пополни, но ќе биде спречен и понатаму да ја празни и тоа мн.
Нема еднаш да ти фалсификуваат боледување и одма во затвор да одиш. Ама ако не работиш 3-4 месеци, или пак 20 пати по 2 дена во една година, нормално дека ќе те казнуваат ,повеќе од парично,.
Што сте се фатиле сите за затворот, а што викате - да не глумите дека сте болни?!
--- надополнето: Nov 2, 2011 12:10 AM ---
Народот нема леб да јаде маму ви ебам, доста го ебете со нерационални казни.
Секоја втора жена пати од некоја психосоматска болест, секој трет човек е социопат, секој четврти психопат цени до небо плати како во Етиопија.
Да ве ебам во газот да ве ебам.
Педери...
Извор молам.
Или можеби е поарно да лажираме болести?
Не за друго.... ами ајвар треба да се прави.... па мекици, па слави па едно-чудо-идиотски-оправдувања.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Добро зарем мислиш има толку глупи доктори што го прават ова ?
Како што пишав казна и отказ, вака со затвор плус трошкови, треба и да го храниш во затвор.
А мислиш нема.. а да ти кажам ја колку луѓе знам што без никаква основа им е дадена инвалидска пензија, за глава да се фатиш !
Иначе законов ќе е добар,само незнам во пракса колу ќе се применува,ама мислам дека стравот за манипулација во иднина ќе се намали
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Чек сега ти што си тежок патриот и вмровка или некоја од оние што го бранат титовото време, ебани казни плус ќутек за се и сешто. Иди речи и 80 камшика по грб.
Или тебе сите ѕвезди си те наместени во оваа земја па баш те брига за другите.
Што е важно што сум? И за која партија гласам?
А знаеш зошто токму мене ме брига за другите? Зошто со ваквите ,,пациенти,, им се намалува автоматски секој приход или потреба на сите оние кои реално имаат проблем. Да жалам некој што работи во администрација, башка ора нива (додека е на боледување) и мести клими (пак додека е на боледување)?!
Можеш да ми наведеш ЕДНА причина - зошто не треба да се казнуваат ригорозно оние кои ги искористуваат боледувањата и измислуваат непостоечки инвалидитети?!
Знаеш, и јас немам пари бе, сакам вонредно да студирам. Ама во мојот смер тоа може - само ако си инвалид. Дали е фер јас да станам лажен инвалид, за да можам да студирам и работам? Да, јас се грижам за другите, затоа веројатно сум една од ретките чесни будали во земјава.
--- надополнето: Nov 2, 2011 12:23 AM ---
А демек па со законов ќе се спречи ова? Кој си „боледуваше“, ќе си боледува и натаму. Не се правите ко од Марс паднати. Колку со изминативе закони се спречуваа некои работи, така и со ова.
Не знам за кои закони зборуваш, ама јас знам дека на мн што работеа на црно, мамата им се расплака. И така треба. Не плаќаат данок - заработуваат, ама се пријавени во биро, па на моја и твоја сметка се лекуваат, без да платат еден денар.
--- надополнето: Nov 2, 2011 12:24 AM ---
кој ќе нае*е повеќе?
оној кој бара или оној кој дава у случајов?:P
не би било фер да е подеднакво
Оној кој дава. За него секогаш се поголеми санкциите. Ти можеш што сакаш да бараш - тој го става потписот.
--- надополнето: Nov 2, 2011 12:26 AM ---
Јас, како лекар, во вакви околности навистина ќе размислам сериозно дали во иднина воопшто би се осудил некому да му дадам боледување, во најмала рака за тоа од пациентот ќе барам еден куп папири со кои би се заштитил себе си. На овој начин сите лекари се етикетираат како криминалци, а пациентите ќе бидат жртви, мртви болни ќе мора да одат на работа. Сите што подржуваат ваква идиотска одлука, запамтете дека сте самите пациенти, и некој ден баш вас ќе ви треба боледувањето, па не сум баш сигурен дека во вакви околности ќе го добиете. Мене не ми се оди во затвор, одбрав да работам во медицината, а не да ме работат у Идризово.
Да, како доктор ќе си ја работиш твојата должност - врз основа на точна дијагноза ќе даваш боледување, и ако си доктор навистина, ќе знаеш тоа да го направиш. Ајде, кога бев средно, кога сакаше некој да не иде у школо само ќе тркнеше докај матичниот, и ај на здравје, 2 пати кивнал, му пишува дека пневмонија имал. Ама човекот не сакал во школо да оди, ладно му било. Епа и мене ми беше, па одев.
Ако е некој болен, ќе добие боледување. Ако не е - нема.
А ти ако не знаеш да процениш кој е, а кој не е болен.... сигурен си дека заслужуваш да се нарекуваш себеси доктор?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Пума, стварно ли ти со сета свест и разум мислиш дека ова ќе ги пикне в апсаана некои доктори што на клиники се влечат фамилијарно ко црева уште од пеес друга? Верувај измислување на боледување е најмалце што прават.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.154
Поени од реакции
25.628
Јас, како лекар, во вакви околности навистина ќе размислам сериозно дали во иднина воопшто би се осудил некому да му дадам боледување, во најмала рака за тоа од пациентот ќе барам еден куп папири со кои би се заштитил себе си. На овој начин сите лекари се етикетираат како криминалци, а пациентите ќе бидат жртви, мртви болни ќе мора да одат на работа. Сите што подржуваат ваква идиотска одлука, запамтете дека сте самите пациенти, и некој ден баш вас ќе ви треба боледувањето, па не сум баш сигурен дека во вакви околности ќе го добиете. Мене не ми се оди во затвор, одбрав да работам во медицината, а не да ме работат у Идризово.
Чекај ти даваш боледување на човек за кој не си сигурен дека е болен? Ако некој е “мртов болен“ мора да се лечи со лекови, да има дијагноза, тој нормално ќе си добие боледување. Ако како доктори давате боледување за настинка или преладување проследено со температура имаме голем проблем.
--- надополнето: Nov 2, 2011 12:32 AM ---

Матични доктори, за нив важи законов, тие на клиниките се заштитени зверки, за жал.
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
Гледај, на сите шо му треба боледување, а работат во приватна фирма (нивна, или се вработени) посекако тоа ништо не му значи на работодавецот. Така? Не си се појавил на работа, ќе ти одземи од деновите што ти следуваат за одмор и нема да дозволи фирмата да трпи зарад твоето боледување. И ти како доктор, ако денес не се појавиш на работа треба да најавиш на сите со ред (мед.сестра, пациенти) дека нема да работиш... така да арен/неарен ќе стегниш заби и ќе се појавиш, особено кога ќе ја видиш процедурата и последиците од твоето еднодневно неработење.

На сите шо му треба боледување а работат во државна фирма... е тука ќе бидат доста погодени. Оти? Оти јас лично познавам луѓе шо “работат“ во РЕК Битола (ако можи да се наречи спиењето на трета смена работа), а денски си бркаат земјоделски работи по ниви и штали. Кога ќе дојде некаква реколта, идиме до моментот да се земаат одмори + боледувања (одморо најчесто не стига) за да се завршат работите.

Е за ова е донесен законот. Некој ако стварно е вистински болен, нема да има никаква мака. Ама оние шо глумат дека се болни и прават бизнсик на туѓа мака...
Во ред е, се разбираме, има манипулатори, ама муабетов е дека јас утре можам да наебам со 6 до 36 месеци затвор, за нешто што ми е работна должност. Како што реков, боледувањето е прашање на лекарско убедување, ако јас сметам врз основа на сознанијата што ги имам, согласно сите морални и етички норми, дека пациентот треба да биде поштеден од работа неколку дена, во полза на неговото здравје, зошто да бидам во страв дека таквата моја постапка нема да му се допадне на компјутерот во министерството, и да мe казнат ни помалку ни повеќе, туку со затвор. Затоа јас ќе ти напишам боледување, ама пред тоа ќе те пратам на 100 места, и тогаш кога ти ќе ми донесеш барем исто толку медицински документи кои ќе ме заштитат мене, а знаеш што и колку мука треба само за еден лист да добиеш од нашиве здравствени институции, па ќе ти се одмили и боловање, и живот, и се. Така да, муабетот ми е, дека со ваква одлука, баш тие што стварно се болни ќе бидат жртви, и ќе имаат мака да го убедат лекарот да ја стави на ризик својата слобода, за да им додели боледување.

Кога веќе спомна, ајде затвор и за газдите кои не ги почитуваат правата на работниците, бидејќи ете, во приватен сектор боледување не ти важи. Гнасно ми е само колку е перверзно сето ова. Не можам да разберам зошто мојата професија да биде жигосана и ставена на исто ниво со сиот олош во општеството. Јас и сите мои колеги, го вложивме животот за туѓо добро, освен лична сатисфакција немаме никаква друга придобивка, добар дел од нас заработуваат помалку од чистач у комуналец, па зошто наместо сите да наоѓаат начини да ја оцрнат и турнат уште подолу професијава, барем еднаш не им текне дека е срамота доктор да работи за испод 200 евра месечно. И згора на сето тоа да заврши у затвор заради боловање. Затвор, еј, побогу.
Чекај ти даваш боледување на човек за кој не си сигурен дека е болен? Ако некој е “мртов болен“ мора да се лечи со лекови, да има дијагноза, тој нормално ќе си добие боледување. Ако како доктори давате боледување за настинка или преладување проследено со температура имаме голем проблем.
--- надополнето: Nov 2, 2011 12:32 AM ---

Матични доктори, за нив важи законов, тие на клиниките се заштитени зверки, за жал.
Не, јас како доктор, сум тој што треба да одлучи кој е болен, колку е болен, и што со него. Тоа ми е обврска. Моментот значително се компликува кога ќе ти речат дека компјутер ќе ти одлучува дали делиш боловања од рукав, и ќе те праќа на робија.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Чекај ти даваш боледување на човек за кој не си сигурен дека е болен? Ако некој е “мртов болен“ мора да се лечи со лекови, да има дијагноза, тој нормално ќе си добие боледување. Ако како доктори давате боледување за настинка или преладување проследено со температура имаме голем проблем.
--- надополнето: Nov 2, 2011 12:32 AM ---

Матични доктори, за нив важи законов, тие на клиниките се заштитени зверки, за жал.
Токму тоа го зборам Инглориос, селективна политика се врши насекаде во државава а се продава демагогија демек за сите е вака. Е не е за сите, тоа и го објаснувам и на Прпл Пума. Сега ќе им се створи невиден притисок и на матичните лекари и мртов болен да си нема да сакаат да ризикуваат да ти дадат боледување.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Пума, стварно ли ти со сета свест и разум мислиш дека ова ќе ги пикне в апсаана некои доктори што на клиники се влечат фамилијарно ко црева уште од пеес друга? Верувај измислување на боледување е најмалце што прават.
Види, не ги знам сите доктори, и не можам да зборувам за сите. Во неделата, на баба ми и се слоши, многу. Итно ја однесовме на Клиника. Последен пат на Клиника сум била пред барем 4-5 години. Бев запрепастена од тоа како експресно им текна оти имаат пациент. Минатиот пат кога бев, не не регистрираа дека сме таму, дека имаме проблем. Сега, не чекавме ниту 5 минути вкупно, докторот немаше слободна ординација, па во канцеларија ја прегледуваше баба ми.
Да, мислам дека многу ги стегнале, мислам дека се плашат.
И треба да се плашат. Буџетари се, од наши пари работат.
Не гледам зошто би се казнил некој што бара лажно боледување. Крив е докторот, кој даде лажно боледување - не мора апсана, нек му одземат лиценца за работа, не мора трајно, на некое време. 3 месеци нека гладува, па 6, па 1 година, и ако не му дојде памет - нек си смени професија.

Не сакам повеќе да толерирам. Не сум безнадежна и не сум очајна. Додека молчиме ќе не камшикуваат. Затоа, со тргањето од самите себе - секој поединечно, ќе ставиме до знаење дека сите тие (доктори, професори, администрација, образование) од нас зависат и од нас зимаат плата и за нас се вработени. Државата не им ја дала мајка им, па што сакаат да прават. Ич не му ја мислам со тоа смајлињата по шалтери. Чув една комшика (која иначе работи во Беко) оти ,,мн биле строги, ќе казнувале со плата ако добиеле мн негативни критики,,. Е не, ќе ги молиме да видат дека постоиме. КРАЈ, заврши тоа.
--- надополнето: Nov 2, 2011 12:38 AM ---
Во ред е, се разбираме, има манипулатори, ама муабетов е дека јас утре можам да наебам со 6 до 36 месеци затвор, за нешто што ми е работна должност. Како што реков, боледувањето е прашање на лекарско убедување, ако јас сметам врз основа на сознанијата што ги имам, согласно сите морални и етички норми, дека пациентот треба да биде поштеден од работа неколку дена, во полза на неговото здравје, зошто да бидам во страв дека таквата моја постапка нема да му се допадне на компјутерот во министерството, и да мe казнат ни помалку ни повеќе, туку со затвор. Затоа јас ќе ти напишам боледување, ама пред тоа ќе те пратам на 100 места, и тогаш кога ти ќе ми донесеш барем исто толку медицински документи кои ќе ме заштитат мене, а знаеш што и колку мука треба само за еден лист да добиеш од нашиве здравствени институции, па ќе ти се одмили и боловање, и живот, и се. Така да, муабетот ми е, дека со ваква одлука, баш тие што стварно се болни ќе бидат жртви, и ќе имаат мака да го убедат лекарот да ја стави на ризик својата слобода, за да им додели боледување.

Кога веќе спомна, ајде затвор и за газдите кои не ги почитуваат правата на работниците, бидејќи ете, во приватен сектор боледување не ти важи. Гнасно ми е само колку е перверзно сето ова. Не можам да разберам зошто мојата професија да биде жигосана и ставена на исто ниво со сиот олош во општеството. Јас и сите мои колеги, го вложивме животот за туѓо добро, освен лична сатисфакција немаме никаква друга придобивка, добар дел од нас заработуваат помалку од чистач у комуналец, па зошто наместо сите да наоѓаат начини да ја оцрнат и турнат уште подолу професијава, барем еднаш не им текне дека е срамота доктор да работи за испод 200 евра месечно. И згора на сето тоа да заврши у затвор заради боловање. Затвор, еј, побогу.
Другар, јас не сум доктор, па можам да препознаам кога некој е болен. Како ти звучи длабоко кашлање, висока температура, ларингитис, повраќање, пролив?! Тоа никој нема да го оценува, ниту да се замара со истото. Но ако ти на еден пациент му дадеш боледување 2 недели, баш кога се жнее житото, и откријат оти него ама баш ништо не му е.... епа си заслужил да те казнат.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Јас, како лекар, во вакви околности навистина ќе размислам сериозно дали во иднина воопшто би се осудил некому да му дадам боледување, во најмала рака за тоа од пациентот ќе барам еден куп папири со кои би се заштитил себе си. На овој начин сите лекари се етикетираат како криминалци, а пациентите ќе бидат жртви, мртви болни ќе мора да одат на работа. Сите што подржуваат ваква идиотска одлука, запамтете дека сте самите пациенти, и некој ден баш вас ќе ви треба боледувањето, па не сум баш сигурен дека во вакви околности ќе го добиете. Мене не ми се оди во затвор, одбрав да работам во медицината, а не да ме работат у Идризово.
Докторе со овој закон ќе се проба да се издвои лекарот криминалец од лекарот со интегритет за ти утре да си ја вршиш работата и твоите пациенти да стекнат доверба во тебе.На тој начин ќе се издвоиш од таквите твои колеги кој си ја злоупотребуваат дејноста која ја вршат.Точно секој од нас е потенцијален пациент меѓу кој и ти како доктор.Боледување за кивање,споен викенд и одење по риба на Тиквешко не се дава а такви примери насекаде има.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Не, јас како доктор, сум тој што треба да одлучи кој е болен, колку е болен, и што со него. Тоа ми е обврска. Моментот значително се компликува кога ќе ти речат дека компјутер ќе ти одлучува дали делиш боловања од рукав, и ќе те праќа на робија.
Нема туку така на робија да те пратат. Ќе треба малце повеќе од често да погрешуваш со дијагнозата. Кај исти пациенти, во исто време годишно, секоја година... или некој здрав прав, а инвалид.... итн итн итн.... До робија да стигнеш... ќе треба ептен корумпиран да си. Се надевам дека не си.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.154
Поени од реакции
25.628
Токму тоа го зборам Инглориос, селективна политика се врши насекаде во државава а се продава демагогија демек за сите е вака. Е не е за сите, тоа и го објаснувам и на Прпл Пума. Сега ќе им се створи невиден притисок и на матичните лекари и мртов болен да си нема да сакаат да ризикуваат да ти дадат боледување.
Селективноста е еден од најголемите проблеми во Македонија, тука се согласуваме. Ама не ги жалам јас толку докторите (се додека не ми притребаат, нормално:)), ама мислам дека целта на законов е токму тоа, застрашувањето. Притоа ова е пукање по „своите“ и воведување малку ред. Сите знаеме кој е најброен во администрацијата и кои доктори најмалку се плашат да даваат глупи боледувања.:)
 
А и за тоа ќе сносат последици - ако си мртов болен а не ти дава боледување. Или нека работат како што треба, или нека седат дома - има квалитетни доктори што знаат да проценат кој е, а кој не е болен.
--- надополнето: Nov 2, 2011 12:44 AM ---
Селективноста е еден од најголемите проблеми во Македонија, тука се согласуваме. Ама не ги жалам јас толку докторите (се додека не ми притребаат, нормално:)), ама мислам дека целта на законов е токму тоа, застрашувањето. Притоа ова е пукање по „своите“ и воведување малку ред. Сите знаеме кој е најброен во администрацијата и кои доктори најмалку се плашат да даваат глупи боледувања.:)
Нормално. Сите земји се корумпирани, ама нашава има најинтересна шема на корумпираност. Најкорумпирани се оние најдолу. Ниските сектори. На највисоко ниво најмала е корумпираноста, оти се нон стоп во очите на јавноста.
Е овие доле, мора да се исплашат. На Клиника редовно ги плашат, ама овие матичниве ептен слобода си земаа. Мора нив да ги средат... Или, министрите се помалку корумпирани, од самите претпријатија кои тие ги водат.
Овие доле, оти се ситна риба, послабо се контролирани. А тие се првите со кои граѓанинот доаѓа до личен контакт - па ако се тие најкорумпираните, власта може и најневина да биде - не си ја работи работата добро.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719

:pos: :pos:
Живееш во заблуда.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom