Каде ја има првата запишана македонска приказна?

Член од
4 ноември 2017
Мислења
19
Поени од реакции
12
Виктор Григорович запишал и една народна приказна за македонскиот цар Филип II.
Тоа всушност е првата запишана македонска народна приказна воопшто!

Истакнатиот македонски фолклорист Кирил Пенушлиски во својата "Книга за Цепенков", ќе запише:
"Цар Филип сос сонце чинит облок" е првата наша забележана приказна од Острово. Ја запишал Виктор Григорович во времето на неговото патување по Македонија.
Таа е објавена дури во наше време".
Значи првата запишана македонска народна приказна се однесува токму на славниот античко-македонски цар Филип II.

И чешкиот научник И. Доровски во својата студија за врските меѓу Чесите и Македонците објавува факсимил од една (цитат): македонска народна песна, запишана од В. И Григорович. (Ј. Dorovsky, Ceske zeme a Balkan, Brno 1974).
Харалампие Поленаковиќ во својот труд: Уште една варијанта од македонската народна умотворба "Цар Филип сос слонце облок чинили" (Избрани дела 2, Скопје 1988) наведува дури четири приказни или песни (а можеби и само варијанти) за македонскиот цар Филип II.
--------------
Ова е се што најдов за таа умотворба/приказна.Во мојата библиотека неможев да најдам ништо.Доколку некој може да ја потражи во својата библиотека и да ми ја сликне и прати или некако знае некоја друга книга што ја содржи ќе биде одлично! Се надевам има некој што знае.:):):):):)
 

Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
Според библиотекарската база на податоци, книгата на Поленаковиќ би требало да ја има во универзитетските библиотеки во Штип и Битола:
http://www.vbm.mk/scripts/cobiss?ukaz=DISP&id=1922044225762707&rec=7&sid=5

Ова е единствената книга забележана во базата каде што би можело да се прочита „Цар Филип сос сонце чинит облок“.

Можеби некој од професорите по македонски на филолошкиот факултет во Скопје ќе знае повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom