- Член од
- 4 ноември 2017
- Мислења
- 19
- Поени од реакции
- 12
Виктор Григорович запишал и една народна приказна за македонскиот цар Филип II.
Тоа всушност е првата запишана македонска народна приказна воопшто!
Истакнатиот македонски фолклорист Кирил Пенушлиски во својата "Книга за Цепенков", ќе запише:
"Цар Филип сос сонце чинит облок" е првата наша забележана приказна од Острово. Ја запишал Виктор Григорович во времето на неговото патување по Македонија.
Таа е објавена дури во наше време".
Значи првата запишана македонска народна приказна се однесува токму на славниот античко-македонски цар Филип II.
И чешкиот научник И. Доровски во својата студија за врските меѓу Чесите и Македонците објавува факсимил од една (цитат): македонска народна песна, запишана од В. И Григорович. (Ј. Dorovsky, Ceske zeme a Balkan, Brno 1974).
Харалампие Поленаковиќ во својот труд: Уште една варијанта од македонската народна умотворба "Цар Филип сос слонце облок чинили" (Избрани дела 2, Скопје 1988) наведува дури четири приказни или песни (а можеби и само варијанти) за македонскиот цар Филип II.
--------------
Ова е се што најдов за таа умотворба/приказна.Во мојата библиотека неможев да најдам ништо.Доколку некој може да ја потражи во својата библиотека и да ми ја сликне и прати или некако знае некоја друга книга што ја содржи ќе биде одлично! Се надевам има некој што знае.