Каде се најдобрите слатки/благи во Скопје?

Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Делиција. Најубави еклери, грклани и падобранци во градот.
Автоматски споено мислење:



Во Малага скоро пробав благо, не ги бива.
Карамела и Кремисимо каде се наоѓаат поточно?

 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.523

Ова е од истиот газда што ги има истоимените ресторани во Автокоманда и Хиподром?
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.523
Не би требало да е ...
Мислам дека тие се со C...Cremisimo...
Само во Македонија може нешто вакво. Мењаваат од К во C и демек нов бренд. Абе од толку имиња они баш за тоа се фатиле.
А можда и намерно е така... :toe:

Автокоманда е затворен ресторанот.
Не сум знаел, не сум бил од летото 2019та во СК.
Знам дека отворија и еден ресторан за свадби, само немам појма каде се наоѓа.
 
Член од
13 декември 2020
Мислења
85
Поени од реакции
139
Истражував и јас едно време. Особено што сум љубител на благото.

Реално пазарот ни е преплавен со многу лоша роба, се оди на масовно производство без квалитет. Незнам дали пазарот ни е таков, каде народов јаде се и сешто и обилно, само да е евтино.
Па подобро ќе купам 5 слатки поубави отколку 50 лоши. Исти пари ќе се дадат.
Пример за лоши слатки се Блондина. Аман ги знам луѓево од самиот почеток кога носеа по 4-5 пакувања во Тинекс. Беа супер, но потоа удрија на масовно производство, евтина цена и најлошо од се лош квалитет.
Колачите им создаваат ќиселина, од што е толку неквалитетно

Да се вратам на темава.

Јас од тоа што имам видено и пробано, а имам речиси секаде.
би ги препорачал Ла Крем, Ако се прашувам на што прво помислувам кога станува збор за благо, тоа е
Ла КРем.

Имам одено околу 20-30 пати имаат квалитетни и вкусни колачи, а фино и педантно работат, што особено ми се допаѓа.
Луѓево со еден збор сериозно си ја сфатиле работата.

2. Кремисимо
Реално само еднаш имам отидено со гости што имав.
Немаа некој голем избор, барем не кога јас отидов.
Но тоа што го имаше беше квалитетно направено.
Исто така педантни. Би ги посетил пак да видам дали има промени

3. на трето место би ги ставил

Овие се некоја слаткарница од Струмица, но носат и по локалниве маркети Индијанки и други колачи.
Вкусот многу ме потсетува на индијанките кои ги купувавме како мали пред 20 години кога одевме на летување во Дојран, би рекол сигурно 90-95% исти.

Незнам дали 20 години постои Слаткарница Карамела, но вкусот е стварно супер, и составот што го пишува е делумно ок.

Ете ако има некој од Струмица може да пише од кога постојат и нешто повеќе за нив. Дали се работи квалитетно, педантно и со каков квалитет.
Баш ме интересира ова.
Но реално малку ме одвраќа од купување цената која е ниска, и имам една мала недоверба за квалитетот. Пак ќе кажам ако има некој тука од Струмица да каже повеќе, супер би било.

4. Чоколадна Солзичка

Ако не сто го пробале, обавезно морате. Почнувајќи од името, па до слатката навистина е се супер.
ги има во Тинекс, а можеби и во другиве маркети.
Мана е што фирмава има само еден вкус и цело време тој го продаваат, а тој брзо здосадува.


Е сега за лошите каде не би одел

1. Најлоши се Палма Аеродром.
Скапо, а воопшто неквалитетно. Познавам еден куп луѓе кои имале проблем со стомак откако јаделе таму. Веројатно лоши состојќи,а цени набилдани. Не вреди.

Можеби местоположбата е ок, ама слатките далеку од добри.

2. Шехерезада си се традиционално лоши. Тука со еден збор нема квалитет.



Немам отидено и сакам да одам во Малага кај Талат.
Претпоставувам дека ќе биде нешто како во стилот на Апче, или грешка сум.
Еве некој што бил може да каже.
дали вреди да посети или не?
Во Малага слатките се многу слични како кај Апче (n)
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Знам дека отворија и еден ресторан за свадби, само немам појма каде се наоѓа.
Хиподром кај коњите. Кафич и ресторан, ама мислам кафичот зимно време не работи.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.523
Хиподром кај коњите. Кафич и ресторан, ама мислам кафичот зимно време не работи.
Да бе, сега прогуглав, Потковица му е името.
Ок изгледа, само локацијата ми е шубе малку.
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
243
Поени од реакции
323
Делиција. Најубави еклери, грклани и падобранци во градот.
Автоматски споено мислење:



Во Малага скоро пробав благо, не ги бива.
Карамела и Кремисимо каде се наоѓаат поточно?

Kaрамела е некоја слаткарница или погон во Струмица. Незнам ни јас баш. Се што имам е тоа што сум ги пробал.
Тука во Скопје не верувам да имаат слаткарница, но по маркетиве носат колачи.
Јас ги имам пробано само Индијанките и се многу убави. Друго немам пробано.
 
Член од
22 септември 2018
Мислења
189
Поени од реакции
121
Бил некој до ChocoWorld (на улица Македонија)? Каков е квалитетот на благите и како е со цени?
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Хиподром кај коњите. Кафич и ресторан, ама мислам кафичот зимно време не работи.
Работи. Направија затворен дел на трибината што е. Сосема кул и интересно местенце.
Да бе, сега прогуглав, Потковица му е името.
Ок изгледа, само локацијата ми е шубе малку.
Профи е локацијата. Сенка, зеленило, лулашки за деца, шумата е многу интересна и убава за шетање и одмарање.

Изгледа го памтиш местово од порано кога беше запуштено и језиво, сега е многу средено и убаво. Врие од народ, поготово за викенди.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.523
Работи. Направија затворен дел на трибината што е. Сосема кул и интересно местенце.

Профи е локацијата. Сенка, зеленило, лулашки за деца, шумата е многу интересна и убава за шетање и одмарање.

Изгледа го памтиш местово од порано кога беше запуштено и језиво, сега е многу средено и убаво. Врие од народ, поготово за викенди.
Повеќе мислев на тоа споредбено со локацијата во Автокоманда која ја имаа.
Не знам која е причината зашто затворија, можеби заради Ковид...али претходно кога и да сум идел во Кремисимо Автокоманда беше преполно.
Башка што имаше огромен капацитет.
За ова мислев шубе што не многу знаат дека има таму ресторан. Повеќе е ресторан кој мора да го најдеш, отколку да видиш уз пролаз, нешто како Броз Кафе, оние на Ленинова...не е баш на ударно место, иако од сликите изгледа добро среден ресторан.

П.С. Немаше таму претходно Ресторан Хиподром за свадби?
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Повеќе мислев на тоа споредбено со локацијата во Автокоманда која ја имаа.
Не знам која е причината зашто затворија, можеби заради Ковид...али претходно кога и да сум идел во Кремисимо Автокоманда беше преполно.
Башка што имаше огромен капацитет.
За ова мислев шубе што не многу знаат дека има таму ресторан. Повеќе е ресторан кој мора да го најдеш, отколку да видиш уз пролаз, нешто како Броз Кафе, оние на Ленинова...не е баш на ударно место, иако од сликите изгледа добро среден ресторан.

П.С. Немаше таму претходно Ресторан Хиподром за свадби?
Имаше, тој е Потковица сега.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom