Каде на факултет и како одлучивте што ќе студирате?

Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Пред да појдам во средно знаев што сакам да студирам и до сега го немам сменето мислењето.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Кога бев негде второ,трето одделение го гледав филмот A few good men so Tom Cruise i Jack NIcolson. Кога заврши филмот јас сум рекол дека ќе бидам адвокат . И иако мооите мислеле дека е детска пролазна желба , остана и до ден денес. Се запишав средно правно, па па правен факултет и сега на постдипломски. на некој начин почнав да го остварувам она што си го зацртав во глава:Дури и почнав да работам како приправник во адвокатска канцеларија:)

Ете тоа е мојата приказна за тоа како еден филм имаше влијание врз моојата животна определба, а не само образование:))))
 

Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
42
Ej не сум одлучил.. а на 23 треба да пријавам завршен испит.
Се мислам дали да искористам талент за цртање па да одам нешто дизајн или слично... или пак да бирам нешто перспективно, Бугарија ваљда.. нешто што овде го нема. А и дајте линк за ова графика и дизајн, и мене ме интересира. А ако има некој да ми прави друштво у Бугарија на бизнис нека се јави. :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.153
Поени од реакции
75.444
Цел живот ме бидуело само за еден предмет а тоа е МАТЕМТИКАТА:tapp:
И нормално уште пред да упишам средно отприлика знаев што ќе студирам:wink:
 

Heartbreaker

The Real ROCKNROLLA
Член од
6 декември 2009
Мислења
276
Поени од реакции
28
Како мал бев фасциниран од компјутерите. Се сеќавам дека првиот компјутер(Commodore64) го имав кога бев во второ одделение и, кога го купив, како подарок добив книга за програмирање во BASIC. Работата на компјутер(се разбира на таа возраст преку виде игрите:) ), ми се виде премногу интересна и во мене побуди желба да знам нешто повеќе. За време на образованието во средно школо учев Pascal, па примерите од тој јазик ги преведував во BASIC(бедејќи тогаш немав друг компајлер) и така учев. Програмирањето ми се виде интересно и лесно, но истовремено сакав да научам нешто повеќе и за компјутерскиот хардвер, па затоа потоа се запишав на Електротехнички факултет.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.544
Поени од реакции
2.269
Систем на елиминација! Хемија не, градежен и архитектура не, Медицина не, Економски и филолошки исто, а од тие што остануваат најдобро би било право или здравје информатика
 

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Што знам мислам дека ќе биде информатика или безбедност појма немам!!!:toe:
 

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Кога бев помала знаев што сакам да учам,но кога дојде моментот да се запишам ми се појави некој вид на паника
"Леле тоа тешко,тоа уште потешко"
И завршив факултет што работа за него има многу малку.Појдов на картата "Па кај нас имало многу малку дипломирани на тоа?"
И што ако.
На денешницата да најдеш работа по струката е големо чудо или терба да имаш ДЕБЕЛИ врски.:toe:
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Мислам дека беше 16 јуни 2001 година, 6ч. наутро, ден за упис во средно. Се уште не знаев каде да се запишам. Јосип Броз, Карев, Зефљуш, Корчагин....ни на крај памет дека во 6 сабајле од што не знам каде да се запишам, ќе си отидам преку улица и фино-лепо 4 год. ќе ги поминам во Васил Антевски-Дрен- правен смер. Од нигде-никаде. И потоа работите сами следствено си се одвиваа, па како логична последица беше запишувањето на Правен факултет :).
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Па јас кога завршив средно немав пари, после почна ратот у македонија и со другар ми викаме ај ке идеме доброволно. И тамо бев 2 години. И после 3 години од завршување средно, мислев да запишам некој факултет за дизајн или ИТ. Ама откако се распрашав и све тоа видов дека нема да имам пари да се школувам на тој начин и почнав сам да се школувам. Меѓувремено се пријавував да идам у Авганистан или Ирак. Ама никако да ме примат тамо. И се разочарав у живот од све тоа и плус некои работи кои нема да ги раскажам никад у живот на никој. И не се запишав на никаков факултет. И решив да работам све и свашта за пари.
И така работев до пред година ипол све што можеше да се најде за пари. Дури и работев за без пари зашто газдите не ме плаќаа. А понекогаш и сам оставав работа и не се враќав за плата. И кога видов дека нема да идам на факултет уште доста долго време зашто нема кој да ми го плаќа факутетот легнав да одморам. Натамо више е надвор од тема за да ви раскажувам. Али се надевам дека еден ден барем ке завршам некој курс што ме интересира. И ке ви се пофалам. :)
 

netmkd

Непобедлива
Член од
2 јануари 2010
Мислења
57
Поени од реакции
6
Едноставно уште од мала ме влечеа компјутерите :)
 

MK_Devojce

I simply don't care...
Член од
2 август 2009
Мислења
468
Поени од реакции
162
Никогаш не помислував дека еден ден ќе студирам информатика. Прва желба ми беше да студирам педагошки, после се премислив па дојде на ред филолошки, ај и тоа отпадна, после ми текна полициска академија:tapp:, ајде и тоа помина и се запнав на политички науки да одам арно ама влијаеа многу личности кои ме убедуваа дека тоа не е добар избор... па на крај во пет до дванаесет кога требаше да се запишувам онака факултет не знам од кај ми текна и ајде информатика. Е после малку повеќе мака видов со тоа математиката :jaj: ама ајде помина некако успеав да положам а сега си го сакам најмногу факултетов и не би го заменила со никој.
 

almostanangel

...за малку =)
Член од
22 декември 2008
Мислења
121
Поени од реакции
13
Уште во осмо знаев што ќе бидам, а тоа значи дека мојата професија започна во средно и не е сменета.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom