Јас уште од мал бев многу добар за математика. Не дека ми беше до матаматиката туку, ми се чини, повеќе сакав да решавам проблеми со логика. Така и одев на натпревари по математика во прва и во втора. Е тука, оп, пресврт. Одеднаш решавам дека математикава ми е здосадена и се интересирам за физика. И тука пак не ради физиката туку за да си одговорам на некои прашања што ме интересираа за универзумот. Астрономија, астрофизика, космологија, такви работи. Во четврта пак, многу ме привлекоа општествените науки. Почна со историја, па премина на политика. И ќе се запишев на политички, да не наидев на отпор од дома и скоро од сите што ги знаев. Така, правото ми се чинеше како добар компромис. Се запишав право. Прв семестар оценкиве сами каживаат што ме интересира Историја на право-9, економика-8, социологија на право-7, вовед-6 (и тоа на граница). Втор семестар почнаа (по)стручни предмети. Све шески начукав и два предмети паднав. Готово, скорз изгубив воља за учење. Решен бев да се отпишам и да одам на политички. Некако успеаа од дома да ме убедат да не направам таква глупост. И еве сега трет семестар ми е супер. Баш се внесов во проблематиката и ми е многу интересно. А ми викаше мајка ми дека така ќе биде.
А не спомнав дека сакав и филозофија да учам. Можда ќе ми одговараше баш. И гледај како одело све тоа. Прво логика, па метафизика, па етика и политчка филозофија. Очигледно е дека тоа е тоа што ме занима.