Каде може да се најде најдобриот бургер во Скопје?

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Најубава плескавица, лепиња, растурен батак, помфрит, само во оние минијатурнине продавнички Тетекс...превкусна и толку сочна плескавица ниту мајка ми знае да направи(y)
Се сложувам и јас исто.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.007
Поени од реакции
5.324
Во последно време фаворити за бургери ми се Food Hood. Многу добра и сочна плескавица, може и едно од подобрите во Скопје за мој вкус. Препорака да се проба.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.382
Во последно време фаворити за бургери ми се Food Hood. Многу добра и сочна плескавица, може и едно од подобрите во Скопје за мој вкус. Препорака да се проба.
Ги заглеав овие ама не ми оставија некој впечаток. Баш ќе ги пробам.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Какви се сендвичите во Food Hood?
Дали некој има пробано од кај нив?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.572
Какви се сендвичите во Food Hood?
Дали некој има пробано од кај нив?
Пробав и худ фуд бургер и премиум криспи, јас немам замерка (освен што без помфрит не ме најадуваат :D)
Ок е и плескавицата, а супер крцкаво и ровко беше и пилешкото.

П.С помфритот им е најслаба карика од се што пробав.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Ајмо, нова рецензија :)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
На кое ниво се спуштени Бејкинг бред. Мизерија. Нарачав BBQ чикен и Криспи ренч.
Добив недоволно испржен стек испомачкан со павлака и малку марула и втор недоволно испржен стек со мајонез, зелка и патлиџан. Нит барбекју сос видов, нит ренч пробав. Втор или трет пат земам и последен ќе им биде.

Првиот пат кога нарачав Барбекју чикен пред 7-8 месеци, беше најдобриот сендвич што некогаш сум го јадел, денес, најлошите сендвичи што некогаш може да се замислат. Услугата и тогаш во сендвичарницата им беше никаква, ни сега не им е нешто подобра. Башка достава за саат и пол стигна, а ми е на петнаес минути, побрзо пеш ќе отидев. Ми се вадат гужва имале, ама и тогаш во сендвичарницата ко нарачав се гледаше дека кур не ги боли, си се врткаат, трткаат, башка што доставувачот беше ко нашмркан од белото на Волтер, па наместо пред зграда, отишол три броја подоле и морав да го барам и башка тоа што помфритот на мени им го пишува 30, а ми го наплатиле 40 (не сум за 10 денари, ама ако е 40, нека го пишува 40 и на мени.

Дно дна.
 
Член од
7 септември 2020
Мислења
1
Поени од реакции
10
Ајмо, нова рецензија :)
Почитуван тим на Кајгана.

Прво би сакале да се заблагодариме на предходната рецензија на Дупли Чедар од Киоск Бургер Бар, на која без разлика што имаше некои работи што можеа да се коментираат и објаснат, се договоривме да не одговориме ништо.

Но читајќи ја новата рецензија за Маџо2, во која бевме спомнати и споредени неколку пати, сметаме дека некои работи сепак заслужуваат коментар:

1) Прво што се приметува е дека рецензиите се направени во различни услови: сега е јадено на лице место, а бургерите од Киоск се земени за достава, што значи пакување, возење до Автокоманда, пристигање дома и распакување, сликање па на идегустација.

Нормално дека после минимум 30 мин, бургерот нема да биде ист со тој што би се јадел на лице место во Киоск, поготово кај Дупли Чедар кој што е составен од две 120 гр јунешки плескавици, кои за да собере две, се потенки и полесно се ладат и губат на сочност.

2) Разликата во видот на бургерот е втората забелешка што ја имаме. Да не бевме директно спомнати како споредба, нема проблем - таму сте јаделе еден вид бургер, во Киоск друг.

Но не е коректно да се коментира и споредуваат различни бургери, бидеќи првиот е една плескавица од сигурно над 220гр и дебела 2см, а од Киоск е 120гр и доста потенка . Секое месо, дали јунешко, свинско или пилешко, со такви разлики на димензии, дебелото ќе биде поубаво и посочно, тенкото ќе испадне посуво и попечено, поготово ако се јаде после 30 мин.

За крај, концептот на правење рецензии на храна ви е добар, само продолжете така, но ако сакате да правите споредби, тогаш би било во ред да се нарачуваат слични бургери по големина и да се јадат во исти услови, зошто вака сметаме дека вашите читатели, а и фановите на Маџо (рецензијата е споделена на нивните социјални профили), добиваат грешна слика за Киоск Бургер Бар.

Вистинска споредба би бил нашиот голем Киоск Баургер со 180гр чисто јунешко месо, лепче од сопствено производство, специјален сос, салати, ајдамер кашкавал и карамелизиран кромид.

Поздрав
Киоск Бургер Бар
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.795
Поени од реакции
24.059

Батали ги брат, ги јаде истиот синдром на мрзливост како Royal Burger и Grand Burger.
Моја препорака, доколку сакаш да јадеш бургер со достава, само Food Hood.
Се им е одлично, брзо доставуваат, вршат без платна достава низ цело Скопје (нормално имаат минимална нарачка во зависност од населбата во Скопје), не грешат нарачки и што е најважно сендвичите им немаат изгубено на квалитет.. до сега.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Бејкинг бред три пати јадев, три пати лебот се делеше од што беше стар.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Бејкинг бред три пати јадев, три пати лебот се делеше од што беше стар.
Тоа го заборавив, лепчето мирисаше на застоено, како да дремело година дена во замрзнувач.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Почитуван тим на Кајгана.

Прво би сакале да се заблагодариме на предходната рецензија на Дупли Чедар од Киоск Бургер Бар, на која без разлика што имаше некои работи што можеа да се коментираат и објаснат, се договоривме да не одговориме ништо.

Но читајќи ја новата рецензија за Маџо2, во која бевме спомнати и споредени неколку пати, сметаме дека некои работи сепак заслужуваат коментар:

1) Прво што се приметува е дека рецензиите се направени во различни услови: сега е јадено на лице место, а бургерите од Киоск се земени за достава, што значи пакување, возење до Автокоманда, пристигање дома и распакување, сликање па на идегустација.

Нормално дека после минимум 30 мин, бургерот нема да биде ист со тој што би се јадел на лице место во Киоск, поготово кај Дупли Чедар кој што е составен од две 120 гр јунешки плескавици, кои за да собере две, се потенки и полесно се ладат и губат на сочност.

2) Разликата во видот на бургерот е втората забелешка што ја имаме. Да не бевме директно спомнати како споредба, нема проблем - таму сте јаделе еден вид бургер, во Киоск друг.

Но не е коректно да се коментира и споредуваат различни бургери, бидеќи првиот е една плескавица од сигурно над 220гр и дебела 2см, а од Киоск е 120гр и доста потенка . Секое месо, дали јунешко, свинско или пилешко, со такви разлики на димензии, дебелото ќе биде поубаво и посочно, тенкото ќе испадне посуво и попечено, поготово ако се јаде после 30 мин.

За крај, концептот на правење рецензии на храна ви е добар, само продолжете така, но ако сакате да правите споредби, тогаш би било во ред да се нарачуваат слични бургери по големина и да се јадат во исти услови, зошто вака сметаме дека вашите читатели, а и фановите на Маџо (рецензијата е споделена на нивните социјални профили), добиваат грешна слика за Киоск Бургер Бар.

Вистинска споредба би бил нашиот голем Киоск Баургер со 180гр чисто јунешко месо, лепче од сопствено производство, специјален сос, салати, ајдамер кашкавал и карамелизиран кромид.

Поздрав
Киоск Бургер Бар
Почитувани Киоск,

Се согласуваме со вашите коментари и со задоволство ќе го пробаме и предложениот бургер за да направиме нова рецензија. Во следните рецензии, ако правиме споредба, ќе направиме јасна дестинкција помеѓу различните категориите (ресторанска / сити / фаст фуд) храна, вклучително и типот на бургери. Секогаш сме отворени за предлози и веруваме дека со заеднички труд, можеме да го направиме катчето "Пробавме" ултимативен водич за гастрономски доживувања. Секако, во таа насока, очекуваме и поголема активност и комуникација од ваша страна, затоа што се' уште чекаме одговор на нашето прашање за доставата упатено на 8 јуни. Продолжете со одличната работа и квалитет, затоа што имате нешто навистина посебно.

Со почит.
 
Член од
15 септември 2020
Мислења
34
Поени од реакции
14
Daily во Лиса - Ново Лисиче. Јесда е поскап, ама вреди за секој денар. Поубав бургер не сум јадел нигде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom