Каде може да се најде најдобриот бургер во Скопје?

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Urban Burger се исто прилично добри.
Викендов имаат акција, 3 сити сендвичи + голем помфрит 440 денари, а има и други акции ама немаше цени за нив.
Бургерите се ок, али помфритот им е тапа, греота е да ти паѓа рејтинг заради компирите. Плус што не ми се допадна е не прашуваат какви зачини да ти стават внатре, мене пример буковец не ми пречи и барам секогаш да ми турат, ама другиве што беа со мене не јадат луто и им се заеба целиот бургер ( а поприлично лут им е буковецот).
 
Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Бранч бокс обавезно да пробате. Еден бургер имаат на менито, али вреден :love:
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Во моментов (сооднос помеѓу квалитет / цена):
1. Киоск
2. Гранд бургер
3. Седмица

Тоа бургерите над 300 денари, со дијаметар на бургерче од Мекдоналдс, со плескавица дебела како ќофте и збрцан нож во средина - стварно не сфаќам како можете да ги јадете. Прво, невозможно е да се јадат без да се направиш како свиња затоа што се ДЕБЕЛИ и со исечено лепче до крај. Затоа и се збрцани со нешто (да не се распаднат). Да не напоменувам дека ја плаќате приказната за „квалитетот на месото“ и сервирањето со нож или чачкалицата, како и 8-те компирчиња од страна легнати на фенси чинија или дрвена даска. Да, можда изгледа фино на Instagram, ама да бидеме реални - ниту еден од тие бургери нема да ве направи среќен како класичните :)

Типичен пример за бургер кој е само за сликање:

Последно уредено:

Комплетно спротивно мислење имам од твоето, што дури не знам ни од каде да почнам.
Иди пробај во Маџо бургер или во на пр. бранч бокс и ако пак го имаш истото мислење, нема поента да дискутираме. Agree to disagree :)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Комплетно спротивно мислење имам од твоето, што дури не знам ни од каде да почнам.
Иди пробај во Маџо бургер или во на пр. бранч бокс и ако пак го имаш истото мислење, нема поента да дискутираме. Agree to disagree :)
Сум пробал 3 од приближно 7-8 места кои прават шминкерски бургерчиња. И како да ти кажам, не дека се лоши, ама реално имам проблем да ги изедам од што се непрактични. Едноставно, ништо посебно подобри од оние што се 2-3 пати поефтини. Освен во начинот на сервирање :)

Колку е бургеров во Маџо уствари? Ако е над 250, стварно не гледам поента ни да пробувам. Сепак е само бургер.
 
Едно нешто кај што се сложуваме е дека се непрактични. Иначе, од месо па до сос и сите ситни детаљи.. не може да се спореди со 7мица. Киоск иако е по-ефтино, пак спаѓа до негде во шминкерски бургер. Во Маџо бургерот ти е околу 350 а во Бранч бокс околу 210. Цените варираат од многу работи ама не може од 150 ден бургер да има плескавица од рамстек да речеме.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.282
Со Киоск односот ми е топло-ладно, али се сложувам со Acid дека е најбоље, ако гледаш според оноа - колку пари, толку музика.
За тоа со Седмица, пак, уопште не се сложувам и мене ми е на задње место.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.807
Поени од реакции
10.917
Сендвичот од 7ца, со плескавицата од Киоск, а цената да остане иста (150 денари), некогаш и негде, во некој мој утопистички свет.

Јас сум исто мераклија на класичен бургер со еден тон помфрит, не компирчиња направени на новиве начини.

Во последно време бургерите од Baking Bread ми се допаѓаат. До 200 денари е најскапиот сендвич, последен што го пробав беше еден со похован кашкавал внатре како додаток, партали.

Инаку најтешки и непрактични за јадење дефинитивно Ројал, кај нив е океј па што со цените не летаат многу.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.303
Поени од реакции
7.434
Комплетно спротивно мислење имам од твоето, што дури не знам ни од каде да почнам.
Иди пробај во Маџо бургер или во на пр. бранч бокс и ако пак го имаш истото мислење, нема поента да дискутираме. Agree to disagree :)
Маџо срањето го отпишувам во старт, прво невозможно е да се јаде како бургер, второ лепчето катастрофа и трето срамота е во таа плескавица што ја фалат да најдеш рскавци тврди како коска. Затоа и Седмица се лоши ради рскавците.

Гранд од друга страна иако не е нешто ептен квалитетно, нема никад да најдеш рскавец, со цената е ок, а најквалитетни се Киоск според мене.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Baking Bread гледам дека скоро и да не се спомнува. Најдобри бургери со прифатлива (накај скапа) цена. Ама подобро еднаш у BB, него стопати у седмица,ројал. Рустикана исто пробав, убави се, ама не вреди за тие пари :D

А тие што ги спомнавте, за 300 и кусур денари, треба да бидат перфектни, од амбиент, до услуга, вкус и квалитет на месото. А не се.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.303
Поени од реакции
7.434
Во Рустикана да платиш 300 денари за коски и жили во плескавицата треба нешто да ти фали, мада вкусови се во прашање.
 
Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Во Рустикана да платиш 300 денари за коски и жили во плескавицата треба нешто да ти фали, мада вкусови се во прашање.
Нели кај Маџо имаше жили? И на двете места имам јадено, кај Маџо ми е боље за нијанса, никогаш жили во плескавицата немало.
И мислам дека нема поента да се дава толку значење на цената на бургерот во тема најдобар бургер, да беше најисплатлив бургер ај ќе помине. Не би ставал ја цена на мерак ( до некоја граница нормално).
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.303
Поени од реакции
7.434
Нели кај Маџо имаше жили? И на двете места имам јадено, кај Маџо ми е боље за нијанса, никогаш жили во плескавицата немало.
И мислам дека нема поента да се дава толку значење на цената на бургерот во тема најдобар бургер, да беше најисплатлив бургер ај ќе помине. Не би ставал ја цена на мерак ( до некоја граница нормално).
Во Рустикана, другар си поткрши заб, значи коската беше толку малецка и оштра што му се заби. Во Маџо лично јас извадив две жили од мојот бургер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom