Каде може да се најде најдобриот бургер во Скопје?

Дискусија во форумот 'Гурманско катче' започната од Que, 24 април 2017.

  1. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    6.715
    Допаѓања:
    1.761
    Од рестораниве, значи не Фаст Фуд сендвичари, каде има најдобар бургер?
     
  2. LustForLife

    LustForLife

    Член од:
    22 март 2017
    Мислења:
    30
    Допаѓања:
    83
    Во Кантина им е добар бургерот, со говедска плескавица. Цените од 300 па нагоре. Го иам јадено тој од 300, не дека најефтин туку пошо најмногу ми се свиѓаа комбинациите, вкусен ми беше, али не е нешто шо би го јадела често, пошо 300 денари бургер (можам за тие пари ребро и салата и пиво).

    Глеам тука пишуваат нешто у стилот "Сакаш да јадеш добра плескавица, а не ти се даваат пари" и не се сложувам, дефинитивно се overpriced. Проблемот е шо не можеш да најдеш бургер со добро месо за нормална и соодветна цена.
    Да, не е сендвичара. Да, у ресторан си. Да, имаш келнери кои треба да ги платиш. И да, премал е бургерот за да чини 350 денари (и тоа почетна цена 350), било тоа и месо од еднорог.

    Имаш луѓе шо би платиле у ресторан за порција лосос со грилуван зеленчук 600+ денари и да ти кажуваат колку е добар тој лосос, без разлика шо поима немаат дека истиот тој лосос е купен замрзнат, па одмрзнат и е без омега3 пошо е одгледуван во слаткоречни води, али фак јеа јадам лосос у елитен ресторан, мора да е лосос со педигре. Ако оставам впечаток као да трескам глупости, запрашај се зошто лососот е една од општо познатите поскапи риби, а кај нас цените на лососот и осличот у маркетите се прилично исти.

    Поентата ми е, не значи ако е поскапо, дека уствари плаќаш квалитет. Начин на сервирање знае да направи филм, особено ако не правиш разлика од добро и лошо месо. Исто као т.н. познавачи на вино шо пијат само спешл селекшн (ма дај https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/hrana/vo-odbrana-na-smederevkata-i-kavadarkata и да, епилогот - "so, expensive wines may actually taste better after all, as long as you know that they are expensive") и ништо друго. Конзумираш тоа што општеството денес ти диктира (диктира - само на пофин "инста" начин) дека треба да го сметаш за вкусно, само затоа што ти полни очи.

    Рустикана имаат океј бургери, али плескавиците се просечни (тогаш зошто толкави цени?), речиси сите ги иам пробано таму, The Boss им е најдобар. Magic Mushroom коа порачав имаше одвај 2-3 проѕирни парчиња печурки, така да, hell no. Киоск на почеток беа добри, али сеа не би ги препорачала, лепчето им се распаѓа (дали е од претходен ден, дали ги праат такви, не знам), плескавицата е сега веќе просечна и не вреди. Барбакан, вкусни, мали (а не јадам количински ич, чим викам мали, мислам стварно мали), скапи.

    На крај се` се сведува дали ти се даваат пари или не? Дали правиш разлика од свинско и говедско месо? Дали вистински правиш разлика коа у менито ти пишува beef burger, а уствари јадеш свинска плескавица? :)
     
    krkac, Natural-girl, beneamata и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. KaWa

    KaWa

    Член од:
    12 јануари 2015
    Мислења:
    755
    Допаѓања:
    579
    Сигурно ќе бидам офтопик, но морам да се надоврзам со мислењето над мене, дека барем тука на овој глупав народ што се пали на нешто што е бренд и сите што го фураат по социјални мрежи, многу лесно може да му продадеш било што. Вино, пиво и скара ако е поскапа автоматски мислат дека е повкусна и поквалитетна (што у старт паѓа у вода). Многу ретко се добива вистинската вредност на нештото за тие пари. Најчесто све е прескапо, ама пошо е у мода да се јаде само тоа што е ин, ќе го платат макар и последно да е. Не знам еве јас не се разбирам у плескавици или бургери, ама не би дал 350 денари за нешто што едвај за заб ќе ми се фати. Може да е вкусно којзнае колку, но сигурно не е квалитетно, а уште помалку доволна количина за да се најаде некој од таа порција што е 300+ денари. Сега некој ќе рече "ако не ти чини не оди", ама од такви не просперира цела држава :D

    Од фаст фуд океј е гранд бургер, киоск е малку overpriced , ројал благе везе нема сега и тоа е тоа :D
     
    На batitit му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Makaron

    Makaron КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!

    Член од:
    16 јули 2014
    Мислења:
    5.987
    Допаѓања:
    10.087
    Ослич 150 кило, лосос 300 денари 300 грама или како и да е цената, не се ни блиску, ама ти ја разбрав поентата.
    --- Споено дупло мислење, 7 ноември 2018 ---
    Ево и нешто од Охрид, ако не се лажам само овие прават бургер во градот, настрана лаунџ баровите што нудат све и свашта.

    FB_IMG_15415554119369553.jpg
     
    Последно уредено: 7 ноември 2018
    На Ilumious му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LustForLife

    LustForLife

    Член од:
    22 март 2017
    Мислења:
    30
    Допаѓања:
    83
    45558455_275103666536998_8500354639495954432_n.jpg

    600 грама 215 денари. 1 кг = 360.
     
  6. Makaron

    Makaron КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!

    Член од:
    16 јули 2014
    Мислења:
    5.987
    Допаѓања:
    10.087
  7. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    24.518
    Допаѓања:
    28.958
    Kaко што ќе ти го спремат у Форца, или во друг добар рибен ресторан, нема дома никад така лососот да го спремиш.
     
  8. Ne_sum_ja

    Ne_sum_ja

    Член од:
    8 мај 2013
    Мислења:
    5.944
    Допаѓања:
    15.300
    Бургерот во Дистрикт е најдобриот бургер што може да се јаде во Македонија.
     
  9. Skorp

    Skorp That guy....

    Член од:
    30 јуни 2010
    Мислења:
    799
    Допаѓања:
    783
    Јас уште кога се отвори бев, комплетно спротивно искуство имав. Лебчето суво им беше и се ронеше... понатаму нема ни потреба да зборам. Сега може е сменето, незнам.
     
  10. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    6.715
    Допаѓања:
    1.761
    Во Дистрикт еднаш влегов и експресно брзо излегов. Во менито 5 јадења само. :pos::pos:
     
    На kano му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ne_sum_ja

    Ne_sum_ja

    Член од:
    8 мај 2013
    Мислења:
    5.944
    Допаѓања:
    15.300
    Сменет е. Го имам јадено тој претходниот и не беше нешто посебно али сега јадев пред недела дена и бургерот беше одличен.
    --- Споено дупло мислење, 16 ноември 2018 во 12:47 ---
    Што е тука спорно? Подобро 5 јадења што ресторанот ги прави перфектно него ли 50 јадења што им седат замрзнати во фрижидер.
     
    Последно уредено: 16 ноември 2018 во 12:47
    На krkac, TheWhiteMamba и kano им се допаѓа ова.
  12. ob1

    ob1

    Член од:
    7 март 2010
    Мислења:
    5.394
    Допаѓања:
    9.472
    Во четврток беше? Зашто добив инфо дека во четврток им било Burger Day и имале мени со повеќе бургери, за разлика од било кој друг ден кога имале на менито само еден бургер.
     
  13. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    7.689
    Допаѓања:
    8.168
    а тие 5 се клуб сендвич, помфрит, макарони, пилешки прсти и бургер:icon_lol:
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ne_sum_ja

    Ne_sum_ja

    Член од:
    8 мај 2013
    Мислења:
    5.944
    Допаѓања:
    15.300
    Ех сеа и ти. :D
    Не ми текнува на менито ама мислам дека имаа интересни јадења.
     
    На Ron Burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LustForLife

    LustForLife

    Член од:
    22 март 2017
    Мислења:
    30
    Допаѓања:
    83
    У Форца инаку не сум била никоаш, али се до сеа кај шо сум била (генерализирам) ка-та-стро-фа! А за тоа како спремам лосос не ми преостанува ништо друго да ти речам освен - дојди пробај, па после збори :) . Иам искуство у готвење и те какво, хоби ми е.. со експериментирање, со проучување кои состојки со кои соодветствуваат, со читање книги.. со правење омлет на милион начини, со сто фрлени јајца додека научам да праам перфектно поширано јајце, со мавање шпагети по плочки у кујна за да не се ни малку повеќе од "ал денте", усовршување свинско, јагнешко, говедско и сл.
    И да, фала на препорака, ќе го пробам дефинитивно у Форца.

    Друг проблем, лигни. Не знаат да ги спремаат.. Само прстени лигни на скара правени, без пипци (главниот вкус иде од пипците). Сидро, па и у сите други ресторани кај шо сум порачала лигни - без вкус. А бе коа ќе ги наполнам внатре со ситно сецкани пипци, коцки добра сланина, печурки, моцарела, кромид, сето тоа во сос од вино кромид и печурки.. Особено разочарана сум од Сидро, пошо се рибен ресторан. Исто октоподот не им е сочен воопшто. За рибен ресторан и за таа цена е срамота. Да им простам на морнарската салата и ракчињата, пошо само тоа беше добро.

    Ако знаеш место кај шо има добри морски плодови, слободно препорачај.
     
    На krkac, Makaron, beneamata и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели преку: