Имам прашање од правен аспект. Професор на мојот факултет ни зададе задача (групна семинарска работа) кадешто ние треба да завлеземе длабоко во проблем или спор помеѓу поединец и институција. Спорот се однесува на општествено добро и опфаќа загрозување на правата на поединци или физички лица.Ние за пример го одбравме недовршениот проект на Владата и Општина Илинден во врска со населбата Јака кадешто и ден денес немаат најнормални услови за живеење.Граѓаните кои ја инкасирале општината за почеток на создавање на таканареченаѕа Елитна Населба и ден денес се жалат и бараат решение за проблемите со обраќање до надлежните.
Моето прашање е:
-Кои се законите (а некој што се разбира може да ги каже и членовите) што се однесуваат на проектот за изградба на Населба Јака и нејзино уредување?
Се надевам има некој запознаен со овој проблем што може да одговори на прашањето.