Каде може да најдам - Здравје edition

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Многу штета има и од алтернативната медицина - нема дискусија, поготово затоа што се практикува неправилно далеку повеќе него случаите во модерната медицина.

Проблемот е што модерната медицина има далеку повеќе стручни лица кои ја спореведуваат и пак има многу инциденти, смртни случаи или хронично влошувања на состојбите.
 
D

Daedalus

Гостин
Многу штета има и од алтернативната медицина - нема дискусија, поготово затоа што се практикува неправилно далеку повеќе него случаите во модерната медицина.
Ако не ти е мака, дај ми еден или повеќе примери за правилно практикување на алтернативна медицина со тоа што ќе избереш некоја алтернативна пракса (хомеопатија, реики, енергетска медицина итн.) и ќе го опишеш правилното практикување кое доведува до подобрување на здравјето и не е плацебо.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Класификацијата како алтернативна медицина ми е малце не-соодветна, лично практикувам употреба на билки, витамини и минерали, не сум сигурен дека истите се дел од некоја групација на алтернативна медицина, него само на по правилен нутрионистички план - изегнување на лоша храна, како и третман со бета блокери наместо лечење на правата причина.

Еве еден пример за спречување на пре-диабет > дијабет, и третман на истиот со билка наместо метформин

Еве уште eден за артитис, т.е. билка наспроти еден од најсилните OTC аналгетици - ибупрофен

Ѓумбир наспорти најслилниот третман познат во медицината против радиација

Последно уредено:
D

Daedalus

Гостин
Под алтернативна медицина, спаѓаат сите практикувања кои се базирани на верувања кои се некомплементарни со природните науки и не се покажани како точни со научниот метод. На пример, фитотерапијата и нутриционата суплементација, се едни од најзаебаните бидејќи имаат чат пат наука, а имаат и доста срања, што ја прави хербалната медицина, каша попара.

Не дека не постојат бенефити од некои суплементи и билки, дел од тие бенефити не се познати, а дел познати и јасно потврдени по пат на ригорозни научни тестирања, со што се проблематики кои спаѓаат во рамките на ботаниката и фармакогнозијата, а тоа не е алтернативна медицина и е многу мал процент од хербалната медицина.
Останатот процент се бабини деветини и шамански причи, со еден збор, плацебо.
Добар процент се и опасни, ко тие кинеските и индиските срања со олово у астрономски величини.
Индустриите за произведување на суплементи, го искривуваат тоа што го покажуваат научните студии, со што на неуката јавност, го сервираат во форма на полувистини. Purity first, смртните случаи во Хаваи со OxyElite, смртните случаи од Ефедра и многу други примери, покажуваат дека далеку од „безопасни, природни и здрави“ се сите суплементи достапни за купување.
Понекогаш, дозите во кои се произведуваат активните супстанции, се неколку пати поголеми од препорачаните, а некогаш продуктот не го содржи тоа што пишува дека го содржи, поради што ФДА има затворено многу такви компании, што ја прави целата работа позаебана.
Регулациите за компаниите кои произведуваат суплементи, се различни од тие коишто произведуваат лекови, со што, првиве не мора да приложат никаква научна евиденција за медицинската ефикасност на суплементите. За да не го јадат од законот, на умешен начин ги регулираат описите на нивните производи.
Нигде нема да прочиташ дека суплемент Х „лечи рак или спречува фаќање на дијабетес“. Ќе прочиташ дека суплемент Х „помага при третирање на рак, инфламаторни болести, можеби го намалува ризикот за фаќање на дијабетес и слично.“, пошто знаат дека науката не им штима ама наивни луѓе кои веруваат во различни „натура, природно и здраво!“ емотивно наштанцани бљувотини, ќе се залажат и ќе го купат срањето, со што евентуално ќе си го преебат здравјето повише пошто не побарале соодветна медицинска терапија.

За студијата со куркуминот погоре...
Студијата е една и покажува некоја корелација помеѓу конзумирањето на куркумин и намалувањето на шансите за фаќање на дијабетес. Истата студија треба да се репродуцира многу пати и да се направат ригорозни тестирања пред да се стигне до асална теорија за тоа што прави куркуминот, како делува куркуминот и во колкави количини е безбеден за конзумирање. И поради тоа, лековите се далеку посупериорна варијанта при лекување бидејќи све тоа поминува низ многу поригорозни процедури и регулации, а количината на све у лекот е прецизно искалкулирана со што се познати сите негативни ефекти и позитивните ефекти, со што нетото е у плус. Некои суплементи, се добра секундарна терапија заедно со примарната, а тоа го определуваат соодветни медицински лица и нема врска со алтернативна медицина.

Другите алтернативни практикувања ко лекување со енергија, хомеопатија и слично, не ги ни спомнувам пошто се комплетна превара и зимање пари од очајни и необразовани луѓе.
 
Последно уредено од модератор:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Kуркуминот е студиран до немај-каде, и неговиот позитивен ефект е докажан во многу сегменти од медицината, не е snake oil, поготово во вистинската форма - прав, не таблетки.

Го употребувам и лично, и има илјадници испитувања меѓу кои и многу клинички позади него, не само за дијабет него за многу други работи, отвори pubmed/ncbi и читај - ако постојат чуда од билки, тоа се ѓумбирот, турмерикот (куркуминот е само дел од него) како и црното семе, другите иако имаат голем бенефит, не се толку опширно ефикасни за многу работи - буквално чуда се постигнуваат со нивна континуирана конзумација, артитис, дијабет, хронична инфламација, астма, дегенеративни заболувања, авто имуни пореметување, хормони, холестерол, атеросклероза, деменција, алцхајмер итн.

Модерната медицина се користи се трикови за класификација на лековите, имено нивните докази и ефекти не ги подразбираат стотоците несакани дејства, ако е така земи налупај се со морфиум или трамадол, нити болка ќе осеќаш ни ништо, али цел живот ќе треба да ги конзумираш ако не умреш во следните неколку години од преголема доза, или да ти откаже некој орган.

Од лично искуство и компарација помеѓу аналгин, ибупрофен, кетопрофен (од мака а и од радозналост) наспроти турмерик, ѓубмир масло и црн пипер ти кажувам дека аналгетиците се послаби, и сем некои други многу по силни сооединенија апсолутно се преценети без разлика што имаат години и години тестирања позади нив. Пред да ми кажеш дека е пласебо, да те потсетам дека над 90% од продуките кои сум ги пробал за разноразни потреби, не делувале воопшто, јас во селективни пласебо ефекти не верувам, најмногу заради тоа што и самиот сум голем скептик па така ако кај некого пласебо ќе работи тоа не сум јас, или би било екстремно ретко.

Анаглетиците блокираат само неколку видови на инфламаторни простагландини, додека турмерик-ѓумбир комбинацијата, многу повеќе.
 
Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112

Jas imam dijabetis 1/2 (Hibrid). Kazi mi, kako go konzumirash Turmeric Curcumin (vo sto)? I kaj go ima kaj nas da se kupi?

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Jas imam dijabetis 1/2 (Hibrid). Kazi mi, kako go konzumirash Turmeric Curcumin (vo sto)? I kaj go ima kaj nas da se kupi?
Го нема кај нас, а и да го има ќе биде во слаб квалитет.

Порачај ги овие 3 работи,

Turmeric

Ginger

Nigella Sativa

Од тука ќе земеш крупен црн пипер и ќе го мелеш пред да го ставиш во миксот од турмерик ѓумбир и црно семе. Не да го измелеш цел од старт.

Мешај ја комбинацијата од турмерик ѓумбир и црно семе - со ленено семе, стави и малце (1-2 големи лажици) малиново масло во нив и малце вода.

Измешај ја убаво смесата и остави ги да седат едно 30-на минути па после конзумирај по 3 мали лажичиња на ден, 1 после секој оброк - можеш да направиш и смеса за едно 2-3 дена но стави ја во фришидер.

Соодност треба да биде овој,

Трумерик 50%

Црно семе 35%

Ленено семе 10%

Црн пипер 5%

Ако земеш и ѓумбир тогаш вака

Турмерик 40%

Ѓумбир 25%

Црно семе 30%

Црн пипер 5%

Немој да мислиш дека се скапи, ќе ти траат долгоооо време. Консултирај се со доктор пред да ги конзумираш, знаат да бидат силни во регулација на инсулинот, (да го намалат осетно) поготово ако ги мешаш со глукофаж или нешто слично.

Ако ти е скапо, тогаш евентуално прескокни го ѓумбирот, а земи само турмерик и црно семе.
 
Fala na odgovor. Ne koristam uste insulin zasto mi proizveduva pankreasot. So dobra ishrana i sport go reguliram shekerot sea za sea.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Би ти препорачал да отидеш уште едне чекор напред од аспект на превенција, и да ги пробаш билките.

Сеедно, ај некој нека ми каже каде да најдам ленено семе на големо пример 1/2 килограми?
 
Член од
1 јуни 2016
Мислења
43
Поени од реакции
48
Би ти препорачал да отидеш уште едне чекор напред од аспект на превенција, и да ги пробаш билките.

Сеедно, ај некој нека ми каже каде да најдам ленено семе на големо пример 1/2 килограми?
vo prodavnicite za zdrava hrana
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Поентата е да не скитам насекаде на 50 степени, него да отидам и директно да купам.
 
D

Daedalus

Гостин
Го употребувам и лично, и има илјадници испитувања меѓу кои и многу клинички позади него, не само за дијабет него за многу други работи, отвори pubmed/ncbi и читај - ако постојат чуда од билки, тоа се ѓумбирот, турмерикот (куркуминот е само дел од него) како и црното семе, другите иако имаат голем бенефит, не се толку опширно ефикасни за многу работи - буквално чуда се постигнуваат со нивна континуирана конзумација, артитис, дијабет, хронична инфламација, астма, дегенеративни заболувања, авто имуни пореметување, хормони, холестерол, атеросклероза, деменција, алцхајмер итн.
Заборави да спомнеш. И рак, СИДА, проблеми со мал пенис и АДХД, помеѓу другото.
Анаглетиците блокираат само неколку видови на инфламаторни простагландини, додека турмерик- ѓумбир комбинацијата, многу повеќе.
Ја не се разбирам нешто премногу, ама колку што знам, кортикостероидите ги блокираат сите видови на инфламаторни простагландини до одреден степен бидејќи го блокираат ензимот фосфолипаза А2 што значи дека не се ни создава PGH2. NSAID ги блокираат CoX1 и CoX2, а некои само CoX2 со што го спречуваат создавањето на ТXA2, PGE2, PGI2, PCD2 и PGF2.
Можеби можеш да ми објасниш колку инфламаторни простагландини блокира турмерик - ѓумбир комбинацијата и да ми ја образложиш биохемијата позади тоа? Ја колку што знам, не постојат информации за тоа колку и како оваа комбинација намалува воспаление.
Но можеби не знам нешто што ти знаеш, верувам дека човек како тебе којшто добро се разбира од овие работи, знае што тврди и зошто го тврди тоа. Иначе зошто би рекол таква ствар, дека турмерик - ѓумбир комбинацијата блокира повеќе простагландини освен ако добро не ја разбираш биохемијата на цел тој процес на блокирање, така?
Ќе бидеш доволно љубезен да ми ја објасниш?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Искрено не сум доволно стручен но знам дека Turmeric-от и ѓумбирот ги блокираат и LOX ензимте, а аналгетиците ги блокираат COX1 и COX2 примарно (не секогаш)

Земи направи ја комбинацијата од тие 3 билки, и тестирај си на себе па види какви резултати и дали ќе имаш - нормално ако имаш мотив за тоа.
Јас не сум хејтер на модерна медицина, но ме фрустрираат нивните третмани, кои не се неопходни.

Јасно ми е дека има аспекти кои се полезни и дека луѓето се многу комплексни и тоа што работи кај мене можеби нема да работи кај тебе, но од мое лично икуство и споредба на овие растенија/апчиња можам да кажам дека подобро делуваат билките но како комбинација, самостојно немаат толку силен ефект и се споредливи.

Поентата е дека немора одма да се лупа човек со бета блокери - аналгетици а најмалце од се кортико....или антибиотици.... кога сме кај нив како лично би го образложил моментот што голем дел од докторите препишуваат антибиотици за вируси? како може таа постапка да се оправда? со секуднарна инфекција или со мрзливост и недоволна грижа?

Која е причината за толку црвсти ставови и моменти од типот на тоа дека нешто мора да се тестира 14 века за да биде ефикасно? дури и да е така, овие билки се многу ефтини и безопасни а делотворноста е и повеќе од доволно добро позната (мавни search na pubmed за turmeric еве едно од прва http://stemcellres.biomedcentral.com/articles/10.1186/scrt500 и уште едно - http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/24756059 ) за да се настапува негативно спрема нив без разлика на тоа дали си на страната на модерната медицина, или си од страната на алтернативните методи. Зошто негативни ставови, цинизам и иронија?

Кога сме кај иронијата доказите за кои збориш и ги сметаш за меродавни доаѓаат од истите институти кои ги прават студиите кои ги линкав.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Tumeric - Куркума
Го има во сите поголеми маркети или во Био Космос
 
Kajgana Shop

На врв Bottom