Каде можам да најдам интернет книги за Ubuntu Linux

А

Ајсшутер

Гостин
Каде можам да најдам интернет книги,или пак некое објаснување да не бидам ептен почетник кога ке учиме сакам нешто да научам предвреме.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
10
Каде можам да најдам интернет книги,или пак некое објаснување да не бидам ептен почетник кога ке учиме сакам нешто да научам предвреме.
https://shipit.ubuntu.com/

порачај си го за гага и пробај го. полесен е за користење од VISTA i XP. многу е прост ќе видиш!
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Во светот на Linux

[18.9.2004]



Развојот на слободниот софтвер и неговата се поголема популарност кај нас ја наметна и потребата од соодветна стручна литература на македонски јазик. Книгата „Во светот на Linux“ е засега единствено издание од овој вид во Македонија. Автор на книгата е дипл.маш.инж Деан Јошевски, а издавач е Интегра инженеринг од Битола.

Книгата е наменета за почетниците во работата со компјутери или пак за оние кои за прв пат се среќаваат со оперативниот систем Linux и програмскиот пакет openoffice.org.

Првиот дел на книгата е наменет за општо запознавање со оперативниот систем Linux и со компјутерот. Во оваа секција се дадени каратки описи за секоја од компонентите кои го сочинуваат компјутерот и објаснета е нивната намена.

Вториот дел започнува со упатството за инсталација на оперативниот систем и понатаму дава објаснување за процесот на работа во системот.

Во третиот дел детално е претставен принципот и упатството за работа на двете најголеми алатки од пакетот openoffice.org и тоа поединечно: текст процесорот Writer и програмата за табеларни пресметки Calc.

Следејќи го принципот на слободен софтвер, а при тоа знаејќи ги потребите на корисниците, еден дел од оваа книга авторот му посветува на Интернет. Дадени се објаснувања и упатства за работа со Интернет прегледникот Mozzilla, како и упатство за користење на клиентот за електронска пошта Mozzilla Messenger.

Стручната терминологија е преземена од англиско јазично подрачје, поточно користена е изворната терминологија, а на крајот од книгата е поместена секција во која се дадени објаснувања на термините.

Во светот на Linux може да се набави по цена од 200,00 денари
 

Kajgana Shop

На врв Bottom