Каде можам да најдам? (Акваристика)

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Темава ја отварам за совет при купување на риби и слични аквариумски работи.

Брат ми е љубител на риби и дома имам два аквариуми. Јас некако не сум многу многу по животни со кои неможеш да си поиграш/погалиш, ама него му се по ќеиф.
Па прашањето ми е каде можам да најдам некој интересни и несекојдневни риби? Сакам да му купам некоја уникатна риба...
Каде се наоѓаат делови за во аквариум? Видов во еден кафич (пред неколку години) имаше распрскувач во вид на ковчег, и кога пушташе воздух, капакот се отвараше и затвараше и изгледаше многу интересно. Но неможам никаде да најдам такво нешто.
Исто така, дали некаде има октопод за во аквариум? Баш би било топ да има еден таков (со оглед дека сите негови другари имаат аквариуми дома, и се натпреваруваат кој има поголеми и поубави риби :)) нормално, треба да може да живее во слатка вода.
 
L

Lu

Гостин
Успехот на секој акварист, или подобро да се изразам за да се биде добар и успешен акварист треба природната средина (биотоп) од која што потекнуваат рибите да ја „пресликаш“ во твојот аквариум.
Значи целта на секој акварист треба да биде аквариумот да му изгледа што поприродно.

А дали во природата има ковчежиња што испуштаат меурчиња?
Секако дека нема, па затоа и таквите пластични предмети нетреба да се наоѓаат во нашите аквариуми.
Велиш си сакал да му купиш на брат ти некоја уникатна риба.
А јас би те прашала како прво дали ги знаеш видовите на риби, кои со кои може да се чуваат во ист аквариум?
Претпоставувам твојот одговор ќе биде НЕ, бидејќи и самиот си кажа дека не те интересираат многу животни со кој неможеш да воспоставиш контакт (поточно во случајов риби).
Епа да ти кажам дека има риби кои не се поднесуваат едни со други и при нивна комбинација може да дојде до фатални последици, па затоа би ти рекла ако не се разбираш од видовите на риби, поарно да не му купуваш на брат ти риби бидејќи ако го утнеш видот може да има после проблеми во аквариумот.
 
Член од
10 јуни 2007
Мислења
322
Поени од реакции
156
Пријателе тоа се ептен кич работи, пластики во аквариум, аквариумот треба да тежнее кон природата, не кон кич аквариум...
Кажи колкав е аквариумот за да ти кажеме какви и колку риби можеш да додадеш во него.
 
8_88

888
Член од
7 мај 2009
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.610
Значи вака: Еден другар ме праша дали можам да најдам некаде во Скопје "цикласома плава" така мислам ми рече, машки и женски и доколку ги има отприлика по која цена се движат...
Ми рече дека претходно имал, но тогаш ги немало во Македонија...

Фала и поздрав
 
Член од
19 јуни 2011
Мислења
17
Поени од реакции
0

mojot akvarium e 60 l kolku ribi mozam da cuvam vo nego
--- надополнето: Jun 27, 2011 6:52 AM ---

Drugar jas mislam deka ciklasomata e isto kako i beta borec prasaj go drugarti inaku jas imam maski plav beta borac???cao poz..!
 
Види разгледај низ Пет шоповите.
А кој вид на Цикласома поточно го бара другарти ?
Те прашувам бидејќи има неколку видови на Цикласома :)
--- надополнето: Jun 29, 2011 12:00 PM ---
mojot akvarium e 60 l kolku ribi mozam da cuvam vo nego
--- надополнето: Jun 27, 2011 6:52 AM ---

Drugar jas mislam deka ciklasomata e isto kako i beta borec prasaj go drugarti inaku jas imam maski plav beta borac???cao poz..!
Зависи од видот на рибите.
Во тие 60 литри може да чуваш и 30 риби и да им биде доволно таа литража, а може и да чуваш 2 риби (на пример Оскари) и пак да им биде тесно, затоа викам се зависи од видот на рибите.

Не бре нема врска Цикласомата и Бета борецот се 2 сосема различни риби.
Цикласомата е циклид и е агресивна риба, а додека Бета борецот е доста флегматична и мирна риба.
 
8_88

888
Член од
7 мај 2009
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.610
Незнам каква била, но ми кажа дека веќе си купил...

Сепак фала и поздрав
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

>>ЕкО<<

ЕкологисТ
Член од
18 октомври 2011
Мислења
109
Поени од реакции
20
ми треба за базен за риби да ја прочистува и циркулира водата
 
>>ЕкО<<

ЕкологисТ
Член од
18 октомври 2011
Мислења
109
Поени од реакции
20
фала супер е страната се надевам дека и продавницата е таква како што е прикажано, али сепак ми требаше некоја поблиску во Скопје али и вака може да се ѕирне до Штип:)
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Каде можам да најдам мали скалички на расклопување? Значи не мислам на оние молерските. Нешто слично но во поминијатурна верзија.
 
Martin007

ГАЗДА
Член од
24 октомври 2011
Мислења
7
Поени од реакции
0
Значи вака барам аквариум како што фр1230 како на сликата што е прикажан има една страна во Македонија ама во Штип нудат ткави аквариуми но сакам да прашам да не знае некој во Скопје каде и дали има вакви аквариуми затоа што не ми се верува да нема.

Ако може побрзо некој да ми одговори.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.204
Поени од реакции
34.441
Значи вака барам аквариум како што фр1230 како на сликата што е прикажан има една страна во Македонија ама во Штип нудат ткави аквариуми но сакам да прашам да не знае некој во Скопје каде и дали има вакви аквариуми затоа што не ми се верува да нема.

Ако може побрзо некој да ми одговори.
Ти ја преместив темата во подфорумот Акваристика, каде сигурно ќе се најдат повеќе души кои имаат одговор на твоето прашање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom