Каде е границата?

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Секако дека има избор... со тоа што кога ќерка му е боса и гладна изборот е да остане боса и гладна или да стори нешто незаконско па дури и глупаво за ќерка му да не биде веќе боса и гладна. Љубовта на родителите кон своите деца е(претпоставувам) единствената безусловна која постои.
Се сложувам со ова. Доколку во прашање ми е семејството не би се двоумел, тоа е на прво место.

Меѓутоа се гадам од алчни луѓе, способни на друг да му наштетат за да профитираат.
Најчестиот конфликт се јавува кога сакаме да заработиме што повеќе а на најбрзиот начин, тогаш лесно се преминува границата и мислам дека сите луѓе се свесни за тоа. Сепак повеќе работи влијаат на личното чувство и одговорност, кај секого различно.

Последен пат почувствував гадење од човек кој што го сметав за пријател,а сепак тој си ги стави своите лични крајно ниски интереси пред една заедничка многу поголема и чиста цел.
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.703
Поени од реакции
5.332
Меѓутоа се гадам од алчни луѓе, способни на друг да му наштетат за да профитираат.
Најчестиот конфликт се јавува кога сакаме да заработиме што повеќе а на најбрзиот начин, тогаш лесно се преминува границата и мислам дека сите луѓе се свесни за тоа.
И Раскољников (Злосторство и Казна од Достоевски), сиромашен студент, паѓа во искушение понесен од идејата за “големите луѓе” и социјалната правда. Живеејќи во најголема беда изградува поглед на свет кој се заснова на идејата дека општеството е суштински неправедно затоа што им овозможува на бескорисните луѓе да уживаат во богатството додека вистински вредните луѓе пропаѓаат во сиромаштија без можност да ги развијат и остварат своите способности. Правосудството ги осудува ситните криминалци, а историјата ги слави луѓето како Наполеон кои се одговорни за смртта на илјадници луѓе. Одлучува да се доведе во искушение и да направи злосторство кое ќе му овозможи пари за школување и за човечки достоен живот. Меѓутоа, чувствувајќи грижа на совест на крај се предава на полицијата.

значи исто како што кажа Дивајн, човекот секогаш има избор, само прашање е дали секогаш сака да го избере правилното, а од кога ќе го избере погрешното касно е
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223

Раскољников не беше ништо друго освен еден психопат кој сакаше да си се докажи на самиот себеси дека не е еден обичен човек кој ги почитува моралните закои кои другите ги створиле, туку дека е човек кој можи да создаде свои закони и да сноси огромна одговорност без никаква предрасуда спрема неговата внатрешна рамнотежа.
Воопшто нема врска со тоа дека убива за пари. Тој никогаш не ни ги искористи парите.

Он топик.
Ова нешто слично со Целта ги оправдува средствата?..

Искрено, не знам дали мојата совест ќе можи да го издржи тешкото бреме кое ќе падни на мојот грб. Порадо би работела работа која овозможува помалку пари, отколку да го носам цел тој товар врз мене, а камоли да живеам со него.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Се сложувам со ова. Доколку во прашање ми е семејството не би се двоумел, тоа е на прво место.
Во ред е тоа и ве разбирам зошто го пишувате. Не може да ви падне на памет дека би се нашле во некоја таква ситуација, за подобро да размислите.
Еве да ви дадам еден пример, па одговорете повторно ако сакате.

Имам еден здравствен проблем, кој од преголем страв пролонгирав да го решам кај соодветен доктор. Од луѓе дознав за некоја жена која правела лек за тоа, па полесна варијанта ми се виде во момент на болка и појдов кај неа. Земав од лекот и го користев скоро два месеци. Проблемот не ми се реши, дури стануваше и полош и поболен. Случајно појдов кај стручен доктор, значи случајно, кој ми кажа дека сум пошла точно на време за да можам да спасам хируршко отстранување на дел од тело.
А жената, заедно со нејзиниот сопруг (стечајци), научиле од нивната ќерка како да го прават тој лек и го нудат за се`. Прескап, гарантира дека ќе се излечиш, а ти прави крајно лошо дело? Саката ќе ме оставеа, само за да заработаат за нивното семејство!

Начин е тоа, Виктор и Братот?
Би правеле такви превари, само за вашето семејство да има леб?
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Замена на тези.

Ми се чини дека поентата им беше дека би погазиле врз себе за среќата на оние кои ги сакаат, а не дека би погазиле врз друг.

На темата, не дај боже да треба да одлучувам...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
А жената, заедно со нејзиниот сопруг (стечајци), научиле од нивната ќерка како да го прават тој лек и го нудат за се`. Прескап, гарантира дека ќе се излечиш, а ти прави крајно лошо дело? Саката ќе ме оставеа, само за да заработаат за нивното семејство!

Начин е тоа, Виктор и Братот?
Би правеле такви превари, само за вашето семејство да има леб?
Не е. Само што мене ми изгледа некако пре злобно целата приказна. Многу по романтистички си ја прикажав целата ситуација во глава од почетокот.

Луѓето од примерот ми делуваат како луѓе кои сакаат да се збогатат без да работат практично. Во мојата замисла имаше безизлезни ситуации кои се решаваат на краток рок. Убивање педофили, ограбување банка, обивање стан во кој никој не живее и слични работи. А вакво долгорочно убивање од кое се заработуваат пари ми е тотално глупаво.

А плус, шо си се акала по надрилекари? :nerv: Ќе те скршам, мрзам квазидоктори!!!

Serpico напиша:
Ми се чини дека поентата им беше дека би погазиле врз себе за среќата на оние кои ги сакаат, а не дека би погазиле врз друг.
Игзекли.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Серпико, темата ја имам поставено баш така, дали би правеле и лоши работи, а со секоја лоша работа, мора да нештетиш на друг.

Нема граница. Кога е човек гладен, и ќерка му боса и настината а нема пари да среди се` тоа... оправдувам и да убие, па дури и бугар да се пише.
Башка, овој пост ми остана во памет и никако да му го сфатам. Затоа ете конкретен и поблаг пример му дадов.:pipi:
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Дивајн, најпрост пример...

Ако брат ми ми дојде и ми каже дека убил човек, јас ќе му речам: Ајде да го закопаме. А после ќе мислам на другото.
 
Член од
14 февруари 2008
Мислења
10
Поени од реакции
1
ona sto jas sum go postavila kako granica bi bilo mnogu glupavo da go precekoram i nikogas ne bi go napravila
a znam i da ja preminam granicata......ponekogas......nenamerno i nesvesno bidejki toa pri cela svest ne bi go storila nikogas
 
Crni Bombarder

Shipwrecked
Член од
4 февруари 2008
Мислења
152
Поени од реакции
6
Ako gazi nekoj po mene da dojde do pari,zosto i jas ne bi gazel da dojdam do pari.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Ako gazi nekoj po mene da dojde do pari,zosto i jas ne bi gazel da dojdam do pari.
За да не си како него можеби? За да продолжат да и тежат на земјава и добри луѓе? Или зошто да си добар кога можеш да си лош?

п.с. Виктор ... е ајде де, што сум се ...:uvo:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ako gazi nekoj po mene da dojde do pari,zosto i jas ne bi gazel da dojdam do pari.
Затоа што сигурно знаеш дека чувството да те гази некој не е најпријатно.
Самиот факт што знаеш колку е тоа одвратно, треба да те одврати од мислата да газиш по други.
Плус нема сила на светов што ќе ме убеди дека човек не може да успее и на чесен начин, со напорна работа и труд.
Апсурдно. Колку и да звучи чудно за некој, сепак постојат луѓе кои само со своја заслуга, без да повредат и погазат друг, успеваат во животот.
 
badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Сепак има варијации на тема....
Знам еден дечко,преку некаквио „канали“ успеа да извади виза за една од ЕУ државите и сега е таму,работи на црно,тука немаше излез,никаква работа...
Е сега ако се работи за криминални активности во буквална смисла на зборот...тука никако не би се пронашол.​
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Границата е таму каде што завршува индиректното, а започнува директното поовредување на другите. Да бидам појасна: ако јас фрлам со камен од зграда и со тоа удрам некој, јас ќе се бидам крива и ќе се осеќам крива. Ако го оставам каменот на зградата и некој несакајќи го шутне и удри некој трет, јас повторно ќе бидам крива, ама нема да се осеќам толку крива пошто удрениот нема да дојде мене да ме тепа, туку тој што го шутнал каменот. Мислам дека до тука некаде оди и човечката совест: ќе се упали само ако акциите на носителот имаат видливи директни последици, инаку јок.

Јас лично ибегнувам да работам ризични и незаконски работи затоа што можам да си дозволам да не ги работам. Сум имала среќа да можам да изберам работа која воопшто не е стресна, а ми ги плаќа сметките. Во некоја друга ситуација, лоша, непредвидена и очајна, како на пример војна, многу е веројатно дека преживувањето на мојата фамилија ќе дојде пред моите принципи. Принципите се, како и човекот, жива материја, и како такви треба да се менуваат и приспособуваат.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Дали би газел преку луѓе за подобра иднина...???
Се разбира да.Некој мора да го направи тоа.Подобро јас одколку друг. Подобро јас да уживам во успехот одколку незадоволно да мрчам како другите се снашле.
А за матни работи....точно,тука лежат парите,само треба да си доволно паметен и искусен за да знаеш која работа има есап да ја потераш.
На крај краишта сите пари имаат иста боја и на нив непишува ниту име ниту потекло.

ПС: Можеби парите нема да ме направат посреќен ама покомфорно е да плачеш во мерцедес одклолку во југо :music5:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom