Каде да го прославам полнолетството?

Член од
7 август 2022
Мислења
2
Поени од реакции
1
Неам поим дали има некоја активна тема поврзано со ова, ако има упатете ме таму.

За 2 недели ми е роденден, поточно полнолетство како што гласи во насловот, и не знам каде да го прославам. Не сум љубител на некои фешти и не планирам да „ја правам големата“. Станува збор за бројка од 10 луѓе максимум (по мал исклучок можно и 14) и ми е сеедно дали ќе биде во кафич или кафана/ресторан (по можност да не се цените превисоки). Кое место низ Скопјево би го препорачале, само по можност да не е предалеку или тешко достапно?

Мал off-topic: некој ден после мојот роденден полнолетство и на другар ми и неам појма шо да купам. Ако би ми помогнале и со тоа би било топ.
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.723
Поени од реакции
2.479
Јас би ти препорачал да си славиш дома или викендица, ако немаш може да прашаш некој другар дали има. Ќе пројдеш поевтино, односно со парите што ќе ги испиете во клуб/кафана, дома ќе можете да се направите лешеви, без да се замарате за ништо. Иначе ќе ти биде дупли трошок пошто ваљда ќе ги носиш на афтер?

За поклон виски/курва/грам од што и да поштувате ќе заврши работа.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Откога почнаа овие шеми славење полнолетство?
Aбе кај нас се нешто се слави.Па за роденден на 5 годишни деца се прават фешти се земаат кредити.Ептен опран народ сме ,а глумиме нешто модерни.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.550
Поени од реакции
9.110
Порано кај МРТ се славеше сега не знам за каков вид фешта се работи...
Автоматски споено мислење:

Мал off-topic: некој ден после мојот роденден полнолетство и на другар ми и неам појма шо да купам. Ако би ми помогнале и со тоа би било топ.
Купи му танга да не си комплицираш...
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Отсекогаш - пред повеќе од 10 години :LOL: :ROFLMAO:
Па што е смешно, ако јас сум славел пред повеќе од 10 години тоа значи дека он барем 10 години не е свесен дека се слави полнолетство, а тоа е доста голем период, не го сфаќај тоа „отсекогаш“ толку буквално :)
 
Член од
3 јуни 2009
Мислења
353
Поени од реакции
351

Смеењето беше офтопик, ама сепак отсекогаш и 10 години не е баш исто.
Еве јас на пример станав полнолетен пред 20 години. Тогаш полнолетството не се славеше посебно, беше обичен роденден како и сите други родендени пред и после.
И од моето време до твоето време имало 10 години разлика, па такво славење не било баш отсекогаш.

Онтопик, знам дека во денешно време се слави се и сешто, но ваквите славења мене лично ми се претерани.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.113
Поени од реакции
824
Неам поим дали има некоја активна тема поврзано со ова, ако има упатете ме таму.

За 2 недели ми е роденден, поточно полнолетство како што гласи во насловот, и не знам каде да го прославам. Не сум љубител на некои фешти и не планирам да „ја правам големата“. Станува збор за бројка од 10 луѓе максимум (по мал исклучок можно и 14) и ми е сеедно дали ќе биде во кафич или кафана/ресторан (по можност да не се цените превисоки). Кое место низ Скопјево би го препорачале, само по можност да не е предалеку или тешко достапно?

Мал off-topic: некој ден после мојот роденден полнолетство и на другар ми и неам појма шо да купам. Ако би ми помогнале и со тоа би било топ.
Ако е за кафич, поевтини варијанти ти се Рузвелт, Галери, Ли, Излет.
Избегнувај ги АБЦ, Трибека, Мош, бидејќи се поскапи.
За кафана, мислам дека на кеј се така релативно ОК со цени.

За подарок за другар ти, можеш гифт-картичка од Ист Гејт/Сити мол :)
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Смеењето беше офтопик, ама сепак отсекогаш и 10 години не е баш исто.
Еве јас на пример станав полнолетен пред 20 години. Тогаш полнолетството не се славеше посебно, беше обичен роденден како и сите други родендени пред и после.
И од моето време до твоето време имало 10 години разлика, па такво славење не било баш отсекогаш.

Онтопик, знам дека во денешно време се слави се и сешто, но ваквите славења мене лично ми се претерани.
Син на пријател на татко ми е 5-6 години постар од мене, и сега ми текна дека збореа и покажуваа слики како за 18-ти роденден имал торта во форма на гола жена и приказни како и каде прославил. Така да имало случаи кога си се прославувало тоа и порано, само што не било така мејнстрим како денес.
 
Член од
7 август 2022
Мислења
2
Поени од реакции
1
Пиење у ранец и у парк. Ем поефтино ем со секој можеш муабет да напрајш. Нема потреба од фешти, и ја ги мразам.
Брат ми така направи пред некоја година, размислував и ја за истото, најверојатно и ќе те послушам.

Откога почнаа овие шеми славење полнолетство?
Сфати го како славење на уште еден роденден, ја барем така го сфаќам, спомнав полнолетство чисто да се појасни.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.765
Поени од реакции
17.477
Смеењето беше офтопик, ама сепак отсекогаш и 10 години не е баш исто.
Еве јас на пример станав полнолетен пред 20 години. Тогаш полнолетството не се славеше посебно, беше обичен роденден како и сите други родендени пред и после.
И од моето време до твоето време имало 10 години разлика, па такво славење не било баш отсекогаш.

Онтопик, знам дека во денешно време се слави се и сешто, но ваквите славења мене лично ми се претерани.
А што е претерано во ваквото славење? Другарите свои да ги почасти пиење? Ниту планира многу луѓе ниту локацијата му е екстравагантна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom