Кадаре ѓоа-дисидентот одбива солидарност

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Рамнодушниот гениј на Исмаил Кадаре



Во Блед веќе 42 години се одржуваат писателски средби на членовите на ПЕН-центрите од светот. Годинашната се одржа од 24 до 28 март и го претставував македонскиот ПЕН-центар. Се расправаше за две актуелни теми - „Глобализацијата можност за сите или нова колонизација за многу“ и „Литературата и глобализацијата“. Повеќе ме интересираше првата, и тоа од аспект на мојата татковина Македонија и нејзината актуелна ситуација. Ме интересира судбината на македонското, како што велеше Блаже Конески, „столчено племе“ во таа глобализација, во тој жесток свет на моќните империјални силници, кој не еднаш сме го искусиле на историската Голгота, и го искусуваме и денес. Сакав усмено да говорам за бесрамното посегање по името и идентитетот на мојот народ. Своето излагање не го изнесов од говорницата, туку во спонтаните разговори со претседателот на светскиот ПЕН-центар Џон Ралстон Сол, потпретседателот, словенечкиот поет Борис А. Новак, и секретарот Еуџен Шулген од Норвешка. Бев радосно изненаден колку тие, без и најмала маска, го разбираат македонскиот проблем со името, кој ни е наметнат од Грција, а е на еден перфиден начин поддржан и од меѓународната заедница, пред се' од мимикриската ЕУ. За него кратко и јасно проговорија од говорницата, предлагајќи собирот да усвои Декларација во корист на правото на Македонија на сопственото име. Декларацијата беше прифатена со акламација од 70 писатели учесници. Сите ги ставија своите потписи под неа. Декларацијата гласеше: „Народот има право да се именува како што сака. Таквите избори не се прифаќаат лесно. Тие обично се врзани со јазикот, културата и историјата. Името е чин на себеизразување и оттука елемент на слободно изразување. Иако имињата можат да имаат политички импликации, тие во својата основа не се политички. Затоа една земја или групи земји не може да им кажат на друга земја како да се нарекува себеси. Оттука народот на Македонија треба да биде оставен да го избере своето име без надворешно мешање.“ Таа беше пласирана во словенечките медиуми и испратена со придружно писмо до бриселските екселенции Херман ван Ромпуј, Хозе Мануел Баросо и Јиржи Бузек, до претседателот и премиерот на Грција, Папулјас и Папандреу, претседателот и премиерот на Словенија, Данило Тирк и Борут Пахор и до претседателот и премиерот на Македонија, Иванов и Груевски.

Оваа декларација доаѓа како мевлем на лута рана, без разлика на растечкиот фашизам во Грција (неодамнешните фашистички пароли на грчките армиски единици) и на слепилото на Европа. Но знам дека веќе, се прашувате каква врска има се ова со Исмаил Кадаре, добро познатиот албански писател со несомнен литерарен талент и дела. Тој е единствен од учесниците на Бледската конференција кој не ја потпиша декларацијата за правото на Македонија на сопственото име. Седеше во холот на хотелот „Парк“ со своите албански колеги Ентела Каси, Садик Бејко и Басри Чаприќи од Косово. Му пријдов, го поздравив на француски и му ја поднесов Декларацијата за потпис. Но тој одби. Му реков: барем прочитајте го текстот, краток е, две-три реченици. Ни тоа не го стори. Му реков дека неговите албански колеги со кои седи на маса потпишаа. Ни тоа ништо не му значеше. Беше многу блед и неговиот суетен гениј беше негде отсутен. Беше срамно рамнодушен. Промрморе дека не е ниту на страната на Грција ниту на страната на Македонија! А всушност, одисејски лукаво, како матната делфска пророчица Питија, се изјасни на чија страна е. Го прашав дали знае што се' стори Македонија за Албанците во некои пресудни мигови, во она варварско бомбардирање на НАТО, на онаа трагедија, која во целина не беше само албанска, кога Македонија прими доброволно и пријателски 400.000 бегалци од Косово. Нивните западни сојузници одвај зедоа тук-таму по нешто од нив, колку да го покријат својот лицемерен хуманитарен „хуманизам“. Главниот товар и беше оставен на недолжната Македонија (дали како благодарност за тоа потоа дојде 2001?).

Но Исмаил Кадаре ништо не знае за тоа. Или можеби навистина ништо не се гледа од неговиот Олимп на гениј, освен сонот за слава. Тој едноставно одбива да знае како се викаме ние, иако на македонски јазик се преведени редица негови дела. Тука е неговата култна книга „Генералот на мртвата војска“. Во „Детска радост“ му е објавен избор од поезијата и романот „Палата на соништата“, а во 2003 година во „Табернакул“, со штедра поддршка на Министерството за култура, романите „Наследник“ и „Хероите на Агамемнон“. Беше дури од Париз поканет на промоција и му беше укажано најсрдечно гостопримство во земјата на чиј јазик е преведен и на која овој гениј за жал не и го знае името.

Се разбира, генијот-уметник и генијот-човек не секогаш се поклопуваат. Исмаил Кадаре е илустративен пример за тоа. Мислам дека Мајка Тереза, од чиј свет човечки потег ништо не научил, би се засрамила од неговиот недоличен гест на рамнодушност кон народот што таа многу го почитуваше. Можел Кадаре, ако сакал, да научи нешто и од некои литерарни великани кај кои биле во рамнотежа генијот на писател и генијот на човек. Од писателите како Виктор Иго, Лав Толстој, Рабиндранат Тагоре, Ромен Ролан, Албер Ками, Хајнрих Бел... Кај нив извонредно функционира откритието на Платон дека човекот е целина на естетско и етичко битие. Но за да се постигне таа целина потребно е и да се работи на тоа, да се надмине личната суета на гениј и ситнодушниот егоизам што произлегува неминовно од неа. Кај Кадаре очигледно едната, според мене и побитната, половина од целината на битието за која говори Платон, отсуствува. Но тој веројатно не го чувствува тој недостаток. Пред збогувањето со него реков дека сум шокиран од неговата интелектуална и писателска свест и совест. Така заврши нашата кратка средба во која ме вчудовиди неговата рамнодушност кон Македонија и нејзината рана. Ме вчудовиди неговиот кукавичлак, затоа што таков беше квалитетот на таа рамнодушност. Можеби ќе беше поверодостојно ако насловот на овој текст беше „Кукавичкиот гениј на Исмаил Кадаре.“ Зарем навистина мисли тој дека сите 70 писатели - од Канада до Ујгурија во Азија - што ја потпишаа Декларацијата се глупи, а само тој е паметен. Навистина тажно!

Ефтим Клетников
(Авторот е писател)

ИЗВОР

Од кого бре Ефтиме бараш солидарност и чувство за етика, од овој ѓоа-дисидентов, г'зо-лижач на Енвер Хоџа ли..?



 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Абе ти мислиш Албанциве ги здоболе за нас?
Се додека се форсира таква илузија, се до тогаш ќе бидеме оставени на идејата дека некој друг би ни помогнал.
Нема никој друг, што ќе имаме сега и во иднина е тоа кое сами ќе го направиме.
Никакви заложби за Албанци, Срби, Бугари не треба да постојат. Сите тие си берат свое гајле.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Kadare a? Tatkoto na nacija:). Toj e eden od najgolemite falsifikatori sto moze da postoi.Sekako nema da potpise takva deklaracija ,koga toj e predvodnik na intelektulaniot fashizam(nacionalizam iredentizam)vo albanija i albancite.negova cel e sozdavanje na golema albanija ili site albanci vo edna drzava na svojata istoriska teritorija.:toe:nisto cudno sto ne potpisal.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom