Кабелските телевизии

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
ОПЕРАТОРИТЕ СЕ ЗАКАНИЈА СО ТЕМЕН ЕКРАН, ДОКОЛКУ СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМСКИ УСЛУГИ - 24.MK

Македонските граѓани нема да гледаат телевизија доколку утре Собранието ги донесе измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги - се заканија кабелските оператори. Велат законот е подготвуван во нетранспарентна постапка и се вметнати неколку амандмани кои ќе доведат до медиумски мрак во земјава.

„После донесувањето на тој закон ќе биде невозможно да се регистрира странски канал во Македонија. Тоа ќе донесе до таква ситуација да се вратиме 50 години наназад, кога се гледаше јавниот сервис. Она што се договориме да реагираме и доколку не се изменат тие делови од законот, ќе преземеме мерки ситре кабловски оператори ќе почнеме со комплетно исклучување по неколку часа на ден со нашите програмски сервиси.“ - вели Никола Тасев, здружение на информатичко-комуникациски технологии при СКМ.

Новина во законот е тоа што се оди до таму што ќе се бара морална и кривична одговорност од директорите на операторите но и на странските радиодифузери доколку не се регулирани правата за реемитување во земјава. А судија ќе биде АВМУ. За нив ова е упад во правниот систем, а ваквото решение е неприменливо и го нема никаде. Тврдат предлогот нема зелено светло ниту од Европската Унија.

„Вакво законско решение не постои во светот, ова е уникатно решение кое го видовме. Постојат други модели, но не вакви. Постои модел кадешто странецот испраќа соодветна документација до некое регулаторно тело, со која документација докажува дека е некаде регистриран, дека работи во склад со законот, но да дава изјава, под полна морална, матерјална и кривична одгоиворност во овој случај, може само пред македонски нотар, не може тоа да го направи во странство. Прашање е дали директорот на Дискавери ќе дојде од Америка и ќе даде изјава во Скопје. Тоа е она што зборуваме неприменливост на одредбата. Ова е тотален апсурн ова решение и од тие впричини сметаме дека истото е многу избрзано и ќе создаде дополнителен хаос во медиумската сфера. сето тоа ќе донесе ситуација да бидат исклучени сите странски канали, а со тоа ќе одат и домашните канали, па така граѓаните на Македонија повторно ќе бидат најоштетени од целата оваа регулатива.“ - вели Лидија Голубовска, адвокат на Асоцијација АКО.

Операторите велат тие и сега имаат договори со странските канали кои ги пренесуваат, а авторските права и одговорноста се прецизно регулирани со постоечките закони.

„Она што е чудно и првпат видено во нашево законодавство е тоа што се обидува да се наметне обврска одреден правен субјект да одговара за некое непочитување од некој друг правен субјект во случајот станува збор и за кривично дело. Домашниот оператор треба да одговара кривично доколку некој странски канал пиратира. Во нашите закони е предвидено одговорност на правното лице, но, таа одговорност како кривична на едно правно лице може да биде само ако некој субјект од самото правно лице направи некаков прекршок на законот. не може едно правно лице да одговара за прекршок на друг правен субјект“ - вели Голубовска.

Бараат итна реакција од Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев, а барањата ги упатиле и до минстрите Манчевски и Поповски. Иформирани се и канцеларијата на ЕУ и мисијата на ОБСЕ во земјава. Бараат итно повлекување на предлог законот од Собрание и бришење на спорните одредби.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
МАКЕДОНСКИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖЕ ДА ОСТАНАТ БЕЗ СТРАНСКИТЕ КАНАЛИ – ПРВА НА УДАР Е СРПСКАТА РТС
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Naskoro nova muzicka televizija K1

Kaнал во сопственост на Жељко Јоксимовиќ и неговата фирма Мinacord. Ќе видиме дали воопшто ќе е достапен и во Македонија. Јас би сакал бидејќи гледам слики ќе има добра музичка емисија со музички артисти што ќе свират и пејат во живо.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Владата бара од кабелските оператори да ги исклучат сите балкански канали во знак на солидарност кон македонските телевизии
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Да имаше нормална правна држава ниедна од нив немаше да постои затоа што ни една не исполнува ништо, само цицачи на пари од реклами и политички платеници, утре нека се затворат сите.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Гасењето ќе биде во одредени термини. Така да нема да се исклучат целосно тв каналите.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Одговор што го добив од Телеком

Принудени сме на времен прекин во реемитување на ТВ програмите во знак на протест против спорната законска регулатива во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги. Прекинот е предвиден во недела, 21.06, кога во период од неколку часа, Македонски Телеком и другите операторите во државата, нема да ги реемитуваат сите домашни и странски канали, освен јавниот сервис МРТ. Се надеваме ќе се најде соодветно решение, на што Македонски Телеком останува посветено да работи во интерес на корисниците. Повеќе информации ќе следат и на нашата веб страница. Се извинуваме за настанатата ситуација.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
 

Kajgana Shop

На врв Bottom