На сателит, Спорт4 е кодирана во cryptowork и ти треба картичка за да ја отвораш. Инаку во кабелските телевизии Спорт4 некаде оди, а некаде не, а тоа е затоа што имаат концесија само за Скопје, а не за цела територија на РМ. Значи емитувањето преку сателит е само за домашна употреба, а не за дистрибуција преку кабелски мрежи (мислам надвор од нивното концесиско подрачје). И втора и според мене главна работа, заради која кабелските оператори нема да ја реемитуваат е цената, која е 20 ден. по претплатник :lud:. Со таа цена се поскапи дури и од EUROSPORT! Доколку нешто не изменат во нивната политика, не ми се верува дека сите ќе ја гледаат Спорт4.