КОСМОС - станбено-деловен комплекс

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.887
Поени од реакции
23.294
Од каде сега ова?!

КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ДРЖАВАТА​
Велепредавство
Член 305​
Тој што со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени​
уставниот поредок на Република Македонија или да ги собори највисоките​
државни органи, ќе се казни со затвор најмалку пет години.​

Кривичен законик на РМ​
моја грешка , досега во 20 години никаде го немав сретнато , а уште помалце го имаја употребеноа не дека немаше случаи.било како било.
.

А сега види како некои луѓе многу би сакале овој член да се прошири и да гласи:

"Тој за кој што органите на партијата на власт и еминентните новинари јавно ќе се посомневаат дека работи против нивните политички и економски интереси, ќе му се одреди мерка притвор без право на судење од најмалку пет години и ќе му се заплени целокупниот движен и недвижен имот. После престанокот на мерката притвор, доколку органите на партијата одлучат или еминентните новинари јавно повикаат, може да се организира јавно бесење на плоштад по избор или протерување од државата"
има разлика помеѓу државни и партиски интереси и тие не се секогаш едно те исто, ама ти очигледно не правиш разлика.
исто така има разлика помеѓу демократија и анархија. мислам премногу А1 имаш гледано ама и тоа не е битно.
битно е тука барем по мое мислење ке нагласам дека сепак има нешто друго што е поголемо од некој си таму 2 метри од кота незнам која.нешто поголемо од партиски и економски интереси.
така да можеме уште еден куп страни да објаснуваме како тоа ДУП се менвал, котата била ваква или таква, законот бил ваков или таков,некој ке заработел незнам колку и државата ке изгубела незнам колку.не е тоа работата.друго е.
сега ме свати или уште немаш појма за што зборувам
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Слушнав во интервјуто дека Фијат изјавува дека лани Управата за Јавни Приходи детално го чешлала потеклото на неговиот мултимилионски имот.
Вика дека не му нашле ништо, и дека има документ издаден од Управата дека не нашле неправилности.
Фијат не е со Власта веќе 2 години. Мислите дека доколку навистина имал имот со сомнително потекло, дека УЈП немало да му оданочи со стапка од 70%?
Штом ништо не му е одземено, тоа единствено може да значи дека е чист од тој аспект.

Во случајов, мислам дека државни и општински функционери треба да одговараат кривично доколку судот пресуди дека Фијат бил во право.

Не може ние граѓаните да му плаќаме 50 милиони Евра отштета на Фијат затоа што некој намерно му го саботирал проектот.

Ако Фијат добие на суд, треба да се покрене нова постапка за злосторничко здружување против тие кои конспирирале и свесно го саботирале овој проект, и ним да им се досуди солидарно да ја платат целата штета. Покрај лежењето во затвор.

Затоа што овие (не)луѓе прават незамислива штета на Република Македонија ! Еј, тие свесно покренуваат рушење иако знаат дека правдата е на страна на Фијат, и свесно ризикуваат државата да изгуби 50 милиони Евра само поради терање на сопствен инат и пакост! После ваков случај, кој инвеститор ќе инвестира во државава?! И реклами во Financial Times и кампањи на CNN - џабе!

За време на СДСМ, околу 2005, имаше еден случај сличен на овој. Словенечки бизнисмен од Македонско потекло доби тендер да купи рудник во Македонија. Бидејќи тие што тогаш беа на власт имаа некој свој фаворит (кој не беше Словенскиот бизнисмен) и тој нивни фаворит изгуби на тендерот, немаа каде и мораа да склучат договор за продажба со Словенскиот македонец. Откога ги уплати парите, измислија дека парите му биле со сомнително потекло (!). Го маткаа лево десно, парите не му ги вратија, а рудникот го продадоа на нивниот фаворит и ја лапнаа провизијата.

Меѓу другите 100 причини, ова беше една од причините што СДСМ изгуби пред 5 години.

Сега ДПМНЕ го прави истото, а страшното е тоа што го прави веќе некое време, а лесно им проаѓа, под капата дека се борат против "непријателите на народот". Кај простиот народ, овој "патриотизам" многу лесно проаѓа: Над 50% од народот во Македонија нема завршено 8мо одделение (значи учеле основно, ама не успеале да го комплетираат). Кај може таков човек да прати и да анализира информации за тоа што се случува во државава.

Ама секој кој фатил да работи со фирма, знае дека ништо не е сменето во последниве 5 години, а во некои области е и полошо.

Во случајов со Фијат се гледа дека Фијат генерално се трудел да работи по сите закони и процедури, а властите се труделе да му го саботираат проектот по сите основи.

За кола да увезеш ти требаат 300 документи, а камо ли за да купиш 30 плаца, да ги споиш, да направиш проект, да добиеш дозвола, и да изградиш зграда.

Ако власта сака, колку и да се труди БИЛО КОЈ бизнисмен, може да му најде неправилност во документите.

Законите се несовршени, ги пишувале луѓе како нас, и имаат милион дупки кои можат да се злоупотребат - и за да искористиш нешто и за да те заебат за нешто.

Кај Фијат се гледа дека немало свесна намера да ја гради зградата нелегално: дал проект, извадил решение за градба, плаќал комуналии. До сега никој не кажа кој би бил мотивот на Фијат да направи било што нелегално во случајов?

Ќе повторам, Фијат направил се во негова моќ за да нема никаков пропуст во документацијата и изведбата, а власта направила се во нивна моќ да го саботираат проектот.

Тоа е тоа што е битно во случајов.

Мило ми е што на темава полека сите заклучуваат дека случајов е политичка хајка. Некои го бранат Фијат, а некои викаат дека треба да се казни со политичка одлука поради тоа што е државен непријател, но како и да е и тие и тие се согласуваат дека позади стои политика.

А тоа е веќе тема за друга - тема.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Читам денес во Вечер, како безобразно пресметале дека од зголемената висина (не кажуваат дека висината е на приземјето, а не на целата зграда, бидејќи сеуште е неизградена) Фијат ќе ќарел 35,000 квадрати стамбен простор..?!

Некој пак коментатор пресметува вака: 1.43цм "пута" 35,000 квадрати "пута" 900 Евра - = 31,5 милиони Евра, украл Фијат од државата. ?!?!? :pos:

Прво, зградата не е на државата, па Фијат да ја краде зградата од државата?!?

Второ, ако тие 1.43цм се нов спрат, за какви џуџиња ќе бидат тие станови и кој ќе плати 900 евра за стан со таван од 1.4 метри?!?

Трето, ако тие 1.43цм се зголемена висина на постоечки спрат, тогаш немаме никакви дополнителни квадрати стамбена површина, значи нема никаква поента во пишувањето.

Просто се чудам како некои луѓе толку просто размислуваат и донесуваат такви дегенски заклучоци. (Ова за коментаторите во Вечер...)
Немој така за Латас човекот е стручен за квадратури.:icon_lol: Само кога не му успева нему бизнисот, тогаш ништо не му е свето, плука на се. Инаку човекот е голем патриот. А плус, менторот негов Ѕинго е голем мецена, ако не ми веруваш види го видеото што го ставив кај тебе на профил.:)
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Ќе повторам, Фијат направил се во негова моќ за да нема никаков пропуст во документацијата и изведбата, а власта направила се во нивна моќ да го саботираат проектот.
Види сега јасно е на што целиш. А и скоро сите поддржуваме ваква инвестиција безразлика чија е.
Прашање е зошто Фијат дозволил да не плати 5 рати т.е 370 000 евра и зошто дозволил отстапки во висината кога и сам му е јасно дека тој е еден од привите кој ќе е на тамет дури и за ситнта грешка? Пред неколку месеци беше казнет и за непријавени работници. Зошто при толку пари кои ги има си дозволува вакви работи?
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Во случајов, мислам дека државни и општински функционери треба да одговараат кривично доколку судот пресуди дека Фијат бил во право.

Не може ние граѓаните да му плаќаме 50 милиони Евра отштета на Фијат затоа што некој намерно му го саботирал проектот.

Ако Фијат добие на суд, треба да се покрене нова постапка за злосторничко здружување против тие кои конспирирале и свесно го саботирале овој проект, и ним да им се досуди солидарно да ја платат целата штета. Покрај лежењето во затвор.
Аххх, камо среќа да дочекам ваква работа да видам.
Поздрав за оптимистите :D
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Види сега јасно е на што целиш. А и скоро сите поддржуваме ваква инвестиција безразлика чија е.
Прашање е зошто Фијат дозволил да не плати 5 рати т.е 370 000 евра и зошто дозволил отстапки во висината кога и сам му е јасно дека тој е еден од привите кој ќе е на тамет дури и за ситнта грешка? Пред неколку месеци беше казнет и за непријавени работници. Зошто при толку пари кои ги има си дозволува вакви работи?
Рече не платил јануари и фебруари кога му била одземена дозволата извади документи за сите рати што си плаќал понатаму.Рече зошто не ја активират хипотеката ако не плаќал редовно.
Тој сигурно нема да остане должен за 5те милиони евра комуналии има дадено хипотека од 11 милиони и ако не плаќа се активира хипотеката и државата не 5 дупло ќе си наплати.
Објектот го уриват затоа што со некој тротоар на 2 километри од објектот било кота 241,4 а требало 240.отстапувало метро и 40.
Јасна е намерата зошто се руши и да не беше ова метро друго ќе најдеа да си немаш работа со моќници.
Општеството треба да реагира на вакви пресметки независно дали ги прави денешната позиција или некоја друга власт.
Инаку што не го минират и Глобал во Струмица.
 
Jaс нему не му верувам а нити тебе и твојата намера да си пишиш било каков пост кој нема врска.
Патем хипотеката му е активирана. Од општината покажаа дека е должен 5 рати, а воедно и отстапил во висината. Иако знае дека е прв на тапет сепак си го дозоли тоа. Прашање е зошто :)
 
Веројатно грешка на архитектот, не верувам дека ја направил намерно. Ако е намерна, тогаш е катастрофално глуп.:cuc:
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Веројатно грешка на архитектот, не верувам дека ја направил намерно. Ако е намерна, тогаш е катастрофално глуп.:cuc:
Не сум експерт во градежништво, но од она што видов по медиумите, се споменуваат апсолутни коти. Тоа значи дека и теренот на кој се гради зградата да е румби-тумби, првата плоча мора да е на некоја апсолутна надморска височина (се споменува отприлика 242м н.в.).

Е сега, Фијат во интервјуто тврди дека од општината не му ги задале овие апсолутни коти, туку имал само релативна висина на венец (во однос на тротоарот).

Ако има некој што е градежник по струка, голема работа ќе заврши ако ги објасни овие работи во темава.

Тука веројатно лежи зајакот дали Фијат ќе може да го истера ова на суд, затоа што во решението за рушење, повисоката прва плоча се споменува како главна причина за рушење.
--- надополнето: Aug 3, 2011 6:53 PM ---
Види сега јасно е на што целиш. А и скоро сите поддржуваме ваква инвестиција безразлика чија е.
Прашање е зошто Фијат дозволил да не плати 5 рати т.е 370 000 евра и зошто дозволил отстапки во висината кога и сам му е јасно дека тој е еден од привите кој ќе е на тамет дури и за ситнта грешка? Пред неколку месеци беше казнет и за непријавени работници. Зошто при толку пари кои ги има си дозволува вакви работи?
А да не спие на таван и вошки да не има исто Фијат?

И врапчињата знаат дека ако власта сака да те уништи, колку сакај биди чист, некоја инспекција или орган ќе ти најде некаква неправилност.

Ќе ти дадам еден пример: Кажи ми дали некогаш си бил во странство?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Не сум експерт во градежништво, но од она што видов по медиумите, се споменуваат апсолутни коти. Тоа значи дека и теренот на кој се гради зградата да е румби-тумби, првата плоча мора да е на некоја апсолутна надморска височина (се споменува отприлика 242м н.в.).

Е сега, Фијат во интервјуто тврди дека од општината не му ги задале овие апсолутни коти, туку имал само висина на венец (што е релативна висина, во однос на тротоарот).

Ако има некој што е градежник по струка, голема работа ќе заврши ако ги објасни овие работи во темава.

Тука веројатно лежи зајакот дали Фијат ќе може да го истера ова на суд, затоа што во решението за рушење, повисоката прва плоча се споменува како главна причина за рушење.
Мислам дека тој спореше дека тротоарот кој го зеле како референтен инспекторите, не би требало да се земе како таков, туку тротоарот на новопроектираната улица, имаше некое мислење од градежен, ама за жал не го прочита во емисијата. Затоа незнам и дали би тужел воопшто ако не е цврсто убеден дека е во право.

А, инаку еве нов пример за хипокризија. http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/nova-idnina-za-sonchev-grad
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Пола парк-шума Водно го изградија, тие запнале за див терен скоро во центар на Скопје. Што не мереле од Солун.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Пола парк-шума Водно го изградија, тие запнале за див терен скоро во центар на Скопје. Што не мереле од Солун.
Од таму е мерено ако е мерена стварно апсолутната надморска височина на првата плоча.:vozbud:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
А да не спие на таван и вошки да не има исто Фијат?

И врапчињата знаат дека ако власта сака да те уништи, колку сакај биди чист, некоја инспекција или орган ќе ти најде некаква неправилност.

Ќе ти дадам еден пример: Кажи ми дали некогаш си бил во странство?
Немој само да кажеш дека бил чист..со чисти раце Бентли не се купува..барем не во Македонија
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Немој само да кажеш дека бил чист..со чисти раце Бентли не се купува..барем не во Македонија
Работата на Фијат во Македонија е прилично чиста, ако се исклучат некои зделки со другар му Бојо во 2001. Хрватска и Словенија не се наша надлежност.:D
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Немој само да кажеш дека бил чист..со чисти раце Бентли не се купува..барем не во Македонија
Што ти значи тоа "со чисти раце"?

Да нема убиено ниеден човек?

Да не продавал дрога или оружје?

Да не ограбувал банки?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom