Не ми се дискутира повеќе ти браниш една гарнитура.Јас секогаш ќе сум против неправдата било на која странаа таа да е.
Еве денес славиме и за Ченто едно време кога го суделе дел од народот велел така му треба на тој предавник.Денес тој е херој.
Пред време не треба да им се суди на луѓето.
Не можам повеќе да се согласам со тебе. Ние Македонците сме тие што го затвориле Ченто, и Шатев, и илјадници други македонци. Нашите дедовци биле тие што ги прогласиле нив за предавници и ги оставиле да умрат по затвори. Не биле тоа ни Србите, ни Албанците, ни Бугарите, ни Грците. Ние Македонците го направивме тоа. Ако не за друго, нека служи како лекција да не се повтори пак, но како што гледам, таа лекција никогаш како народ не ја научивме. Спремни сме да убиеме брат македонец само затоа што имал различно мислење.
Студирам во странство, на различни места и факултети, и како што сум видел одлична слога и соработка помеѓу сите националности (Руси, Шпанци, Американци, Канаѓани, Кинези...), така сум ја видел најголемата можна неслога, делење и карање помеѓу Македонските колеги.
Прашајте било кој македонски студент или иселеник во странство, секој ќе ви потврди дека локалната македонска заедница е поделена на најмалку два табора испокарани меѓу себе.
Додека сите други народи се дружат и меѓусебно се помагаат, ние Македонците едноставно не го правиме тоа.
Навистина ми е жал што морам да го констатирам ова, и сигурно некој ќе ме нападне и за констатирање на оваа вистина.
--- надополнето: Aug 2, 2011 5:50 PM ---
Лол бате ти си го наебал, изгледа скоро-скоро ќе те нема
(не ти требаше да споменувач имиња и објекти
http://goo.gl/DWTgV)
Се зафркаваш, така?