КОСМОС - станбено-деловен комплекс

Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Втората група има многу сличен индекс на корупција со нашиот. Ако го земеш во предвид фактот колку построго не оценуваат нас, отколку нив ќе видиш дека сме во целосно иста ситуација.

Во ред можеби констатацијата ми беше погрешна. Точната би била 80% од Европските земји имаат сличен или полош индекс на корупција од нашиот. За Скандинвските држави и Канада не ми паднало на крај памет било кога да ги споредам со Македонија.
Го ценам тоа што се корегираш, ветувам дека и јас ќе се корегирам ако згрешам, но повторно мислам дека не ти се точни бројките и констатациите. Еве зошто:

1. Втората група нема многу сличен индекс како нашиот, затоа што ние имаме индекс 4.1, а Британија има индекс од 7.1 ! Германија има индекс од 7.9! Тоа е скоро ДУПЛО подобар индекс од Македонија. А јас и ти кога разговаравме, зборувавме за Британија и Германија, не зборевме за Србија и Романија!

2. Тоа дека построго не оценувале нас не е никаков факт. Од каде е таа претпоставка? Грција и Италија, членки на Европската Унија имаат полоши индекси од нас, па никој не вика дека построго ги оценувале од Данска или Норвешка?? Индексите се релативна бројки, и приближно ја покажуваат ситуацијата на терен.

3. Не можеш прво да цитираш извор и документ, а потоа да викаш дека не е валиден затоа што нас построго не оценувале. Ги заболе нив за Македонија. Податоци се податоци, ако нешто штелувале, ќе штелувале за САД или за Русија, а не за 2.1милионата Македонија.

4. Не ти е точно ни тоа дека 80% од Европските земји имаат сличен или полош индекс од нашиот. Еве зошто: ако земеш дека целата листа има 178 земји, и ако земеш граница да биде индекс 5.0, тогаш 133 земји имаат сличен или полош индекс од нашиот. Тоа се 74% од СИТЕ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ. Значи ем се помалку од 80% ем се брои од сите земји во светот, а не од Европа. Или, ако сакаш поточно, само 41% посто од државите во Европа имаат сличен или полош индекс од нашиот, а само 27% од ЕУ (претежно поранешните советски сателити) имаат сличен или полош индекс од нашиот.

Извини ако ги дисекцирам твоите одговори, но мора да ја запазиме прецизноста за да не извлекуваме погрешни заклучоци.
--- надополнето: Aug 2, 2011 7:53 PM ---
Во САД е корупцијата е легална и има име се вика лобирање
Корупција е криминално дело, а лобирањето е легално.

Сликовито и грубо објаснето, корупција и лобирање се слични исто колку што се слични градење на зграда со дозвола и градење на зграда без дозвола.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Корупција е криминално дело, а лобирањето е легално.

Сликовито и грубо објаснето, корупција и лобирање се слични исто колку што се слични градење на зграда со дозвола и градење на зграда без дозвола.
Најсликовито и со корупцијата и со лобирањето се даваат парични средства за да се отствари лична цел на тој што лобира/ корумпира.
Така да во твоето грубо објаснување некој што гради без дозвола, ќе лобира кај градоначалниот за да ја изгради зградата со тоа што ќе донира ѓубрарки за комуналното претпријатие на општината, а за возврат градоначалниот ќе му рече ај замижи и ќе му потпише дозвола за градење.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Го ценам тоа што се корегираш, ветувам дека и јас ќе се корегирам ако згрешам, но повторно мислам дека не ти се точни бројките и констатациите. Еве зошто:

1. Втората група нема многу сличен индекс како нашиот, затоа што ние имаме индекс 4.1, а Британија има индекс од 7.1 ! Германија има индекс од 7.9! Тоа е скоро ДУПЛО подобар индекс од Македонија. А јас и ти кога разговаравме, зборувавме за Британија и Германија, не зборевме за Србија и Романија!

2. Тоа дека построго не оценувале нас не е никаков факт. Од каде е таа претпоставка? Грција и Италија, членки на Европската Унија имаат полоши индекси од нас, па никој не вика дека построго ги оценувале од Данска или Норвешка?? Индексите се релативна бројки, и приближно ја покажуваат ситуацијата на терен.

3. Не можеш прво да цитираш извор и документ, а потоа да викаш дека не е валиден затоа што нас построго не оценувале. Ги заболе нив за Македонија. Податоци се податоци, ако нешто штелувале, ќе штелувале за САД или за Русија, а не за 2.1милионата Македонија.

4. Не ти е точно ни тоа дека 80% од Европските земји имаат сличен или полош индекс од нашиот. Еве зошто: ако земеш дека целата листа има 178 земји, и ако земеш граница да биде индекс 5.0, тогаш 133 земји имаат сличен или полош индекс од нашиот. Тоа се 74% од СИТЕ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ. Значи ем се помалку од 80% ем се брои од сите земји во светот, а не од Европа. Или, ако сакаш поточно, само 41% посто од државите во Европа имаат сличен или полош индекс од нашиот, а само 27% од ЕУ (претежно поранешните советски сателити) имаат сличен или полош индекс од нашиот.

Извини ако ги дисекцирам твоите одговори, но мора да ја запазиме прецизноста за да не извлекуваме погрешни заклучоци.
Не е проблем. Се извинувам за погрешните бројки. Твоите се прецизни. Не тврдам дека не е валиден изворот, напротив, се работи за најугледната институција во тоа поле, Транспаренси интернешнл. Кај нас нивниот претставник е политички активен, но не би ја менило премногу ситуацијата и не влијае битно врз објективноста. Високото ниво на корупција е реалност во Европа, тоа го кажува и овој извештај. Еве ако те интресира како се пресметува индексот детално, штета што ги нема само бројките што ги дале анкетираните бизнисмени, без експертите, би добиле одлична слика за муабетов. Ако ја погледнеш методологијата можеш да видиш дека корупцијата јаде сериозен процент од БДП на земјите.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Најсликовито и со корупцијата и со лобирањето се даваат парични средства за да се отствари лична цел на тој што лобира/ корумпира.
Така да во твоето грубо објаснување некој што гради без дозвола, ќе лобира кај градоначалниот за да ја изгради зградата со тоа што ќе донира ѓубрарки за комуналното претпријатие на општината, а за возврат градоначалниот ќе му рече ај замижи и ќе му потпише дозвола за градење.
Како и да сакаш да објасниш, мораш да признаеш дека во лобирањето има правила и има граници. А во корупцијата нема правила, нема граници, и нема никаква одговорност. Има само криминал.

Или ако зборуваме за давање пари на доктор, зарем е исто (1) од срце да му дадеш поклон на хирург кој ти го спасил животот, и (2) брат ти да мора да му плати на хирургот пари пред да те оперира, иначе не сака да те оперира.

Во вакви случаи нема никакво лобирање, има само недоброволна корупција. Затоа не можеш да ставиш знак за еднаквост помеѓу нив, затоа што корупцијата е од друга природа и опфаќа многу поширок дијапазон.

BTW, големите зделки и онака не одат преку лобисти, туку директно преку корумписти :)
--- надополнето: Aug 2, 2011 8:29 PM ---
...Транспаренси интернешнл. Кај нас нивниот претставник е политички активен, но не би ја менило премногу ситуацијата и не влијае битно врз објективноста.
:)

А замисли како би било кога директор на Транспаренси Интернешнал во Македонија би бил некој од власта. Листата би била ваква: Данска, Норвешка, Шведска, Македонија, Швајцарија, Холандија...

Се зезам, мислам дека директорот не може значително да влијае на резултатите.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Уште еднаш изгледајте ги видеата за да продолжиме со конструктивна дискусија и пред се дискусија во врска со темата и подфорумот.
Има интересни детали ... На пример на почетокот Цановски зборува дека тој добил одобрение буквално да прави што сака на тој простор, а со тоа и сам на свој трошок да го менува ДУПот. Многу интересна изјава...не сум упатен многу во законите но одобрување на менување на ДУП на сопствена иницијатива не ќе да е баш најзаконско.
Како и да е типот изгледа многу самоуверен и добро информиран а пред се има и силни аргументи. Додека другата страна се фрли на оние 1,43 метри.
 
Добро објасни Фиат дека нема некаква голема корист од отстапката и го демантира Латас. Тој кажуваше во второто видео дека без проблем во законот можел да се менува распоредот на становите, што и никој не му спори. За висината ми беше спорно објаснувањето, тврдеше дека почетна кота треба да биде тротоарот што тој ќе го изградел на крај а не улицата. Тоа не ми изгледа логично. Јас кога градев архитектот сметаше во однос на улицата. Ако има некој архитект да го дообјасни ова на форумов би бил благодарен.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
...На пример на почетокот Цановски зборува дека тој добил одобрение буквално да прави што сака на тој простор, а со тоа и сам на свој трошок да го менува ДУПот. Многу интересна изјава...не сум упатен многу во законите но одобрување на менување на ДУП на сопствена иницијатива не ќе да е баш најзаконско..
А ДУП-овите сигурно не се напишани во Библијата или во Уставот. Се менуваат и се надоградуваат според потребите на граѓаните и мислењето на стручната јавност. Единствено треба да се во согласност со ГУП-от, во спротивно се врши кривично дело. А и ГУП-овите се менуваат, но поретко. Единствено што треба да се почитува е процедурата, која налага отворена презентација и дискусија.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Таму каде што гради Фиат тоа е „поле„ или „мочуриште„ тој вели дека општината сама му понудила да го менува урбанистичкиот план за тој крај како сака, а висината исто така сам си ја одредувал. А таму на тоа место нема тротоар ниту па улица и навистина не ми е јасно по кои коти се ориентирале инспекторите. Но еве и да е така да ја надмашил висината за 1,5 метри , дали мислиш дека некој кој сака да инвестира 30 милиона би се коцкал...
Друга работа е начинот на кој цела процедура е изведена. Секако дека Цаноски не е Ангел далеку од тоа, може се да се очекува во расплетот на овој случај. Но од досега приложеното , слушнатото и прочитаното дефинитивно силата на аргументи е во рацете на Цаноски дури и да е политичка игра ги направи млади мајмуни на конкурентите. Затоа што дефинитивно ќе треба да се даде одговор на прашањето што со илјадници градежни обекти кои не за 1 туку за 10 тина метри излегуват од уранистичките планови, дури и се градат на места каде ни во сон не било замислено да има зграда.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Има улица, Перо Наков е изградена и веројатно се ориентирале по неа. Тој прво кажува дека влезот е од страна на Перо Наков, после тоа тврди дека почетната кота треба да се земе од средината на земјиштето каде што би биле влезовите, па на крај споменува некоја улица Индустриска. Во тој дел остана целосно конфузен, барем јас не го разбрав. За се друго од аспект на промена на план со цел промена на распоред беше во право. За бланко дозвола за промена на план, доколку не ја добил на хартија, а не смее да ја добие, џабе му е, не му вреди воопшто.
 
Член од
2 август 2011
Мислења
13
Поени од реакции
1

Kako prvo zgradata Kosmos ne e na ul. Perno Nakov od nea ja deli 1 kilometar. Ta se naogja na ulica sto toj ja proektiral posto pred toa tamu i nemala ulica mocuriste bilo
 
Проектот му се води на Перо Наков, тоа и самиот го кажа. Значи требало да се ориентира по неа. Ова мене ми личи на некоја грешка на архитетектот, што овие безмилосно ја искористија. Гледај го видеото Фијат на неколку места вика дека инспекторот не е во право, па после неколку реченици вика, еве и нека е во право, планот може да се измени.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Има улица, Перо Наков е изградена и веројатно се ориентирале по неа. Тој прво кажува дека влезот е од страна на Перо Наков, после тоа тврди дека почетната кота треба да се земе од средината на земјиштето каде што би биле влезовите, па на крај споменува некоја улица Индустриска. Во тој дел остана целосно конфузен, барем јас не го разбрав. За се друго од аспект на промена на план со цел промена на распоред беше во право. За бланко дозвола за промена на план, доколку не ја добил на хартија, а не смее да ја добие, џабе му е, не му вреди воопшто.
Ги изгледав видеата, а за целосна слика, треба да ја слушнеме и другата страна. Тоа што не е најјасно е зошто Фијат не ги плаќал редовно ратите за комуналии, но од друга страна разбравме дека градоначалникот пробал нелегално да му ја одземе правосилната дозвола за градба, што е спротивно од законот.

Но генерално сликата е горе-долу јасна.

Во овој случај единствено губи Македонија. Власта еден ден ќе си отиде во опозиција, а тие сигурно нема да ги плаќаат штетите од нивни џеб. Фијат еден ден ќе го добие случајов на суд, а ние граѓаните ќе платиме милионска отштета. Единствено имиџот на Македонија пред странските инвеститори неповратно страда, а од тоа губиме сите ние. Ова не е "политичка одлука" како што некој напиша погоре, ова е велепредавство на сопствената држава со долгорочни последици.
 
Да тој дел е нејасен, веројатно се надевал на промена на власта, па да искористи нешто. Мене ова по тврдењето на Фијат, ми личи на ситна грешка на архитектот, кога улицата е оддалечена 500м, грешка од 1.5м е ситна, но нормално не сака да го обвини за тоа. Ама има веројатност случајов да се реши без рушење и судења, туку со примена на најстариот занает.:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom