[КОНКУРС] Издизајнирај лого за Авалон продукција и добиј две доживотни карти за сите концерти

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
Во 2018 Авалон Продукција полни 25 години и на славеникот му е потребно ново лого за таа пригода.
Затоа Авалон Продукција те покануваат да се пријавиш на конкурсот за дизајн на лого, кое ќе биде дел од нивните маркетинг и промотивни материјали за 2018 година, што значи дека ќе се појави на сè – од постери, билборди и флаери, до промоција на нивните настани на социјални медиуми.

Победникот на конкурсот ќе биде награден со две специјално дизајнирани доживотни карти за сите идни концерти на Авалон Продукција, кои ќе се одржат не само во Македонија, туку и на Балканот.



Бидејќи се работи за дваесет и пет годишен јубилеј на Авалон Продукција, за инспирација може да го искористиш логото кое го имаа изработено по повод 20 години постоење. Исто така, препорака на Авалон Продукција е при изработката на новото лого да ги користиш нивните веќе препознатливи бои, но сепак отворени се и за нови, свежи и иновативни идеи и предлози.

Твојот предлог-дизајн може да го испратиш на аvalonmkevents@gmail.com најдоцна до 27 ноември 2017, а на истиот мејл може да се обратиш и доколку имаш било какво прашање.

Преземен текст од Reborn.mk
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Ахххх македонче македонче, сака без пари да зема идеи... Истиов случај се случува со години, со различни фирми, услуги и добра. Точно се сеќавам пред неколку години на натпревар организиран од „Славјанскиот Универзитет“ со покана која гласеше „Маркетинг план“ ни лапнаа слоган, неколку идеи кои сигурно вредеа повеќе од 1 лист без никаква важност (читај печат) и едно најлонче со производи од Витаминка (150 денари)... (n)

Со среќа на сите кои ќе учесници :rolleyes::pos:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Во се гледате со лошотија, потсмев и презир, затоа не можете да видете ништо убаво во работите.

Иначе баш интересна идеја. Така ќе се поттикне дружбата и креативноста кај луѓето, иако мислам дека сегашното лого им е преубаво:)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
Подобро е победникот да го пикнат да работи за Авалон како дизајнер отколку само гратиси да има.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom