КОД: Сојуз меѓу Грција и Србија за поделба на Македонија?

Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
па човече тоа војска била бе не бандити пола милион војници имала, над 1000 тенкови, над 100 борбени авиони, не е тоа денеска нашата војска како што е својата најголема форма ЈНА ја доживеала точно во тие години 1985-1991 и имала капацитети да војува со Словенија, Хрватска, Босна и Косово или Македонија од еднаш нормално не со толку голем притисок полесно е кога со сета сила ќе удреш на една страна ама потешко е кога ќе ти се распореди силата не е исто со двете раце да држиш 1 чаша или со двете раци 4 чаши
Не верувам многу но еве интересен линк

http://oklop.net23.net/jna/1987-1991.htm
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.092
Поени од реакции
154
Znaci Srbija sakala da ja podeli Makedonija i Milosevik voopsto ne sakal da ja zacuva Jugoslavija, tuku postepeno no svesno sakal da pravi golema Srbija = Srboslavija (na smetka na teritoriite od drugite drzavi, Hrvatska, Bosna, Makedonija, Crna Gora).:tapp:
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
135
Поени од реакции
99
5-6 Хидрогенски бомби на балканот би ја завршиле работата.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
02.10.2013, 18:21
Глобалист
Тито и Сталин ги скара „грчката линија“
Љупчо Поповски

Врвот на судирот меѓу Сталин и Тито беше поради тоа што Маршалот не сакаше да се откаже од помошта во оружје и опрема на партизаните во Грција за време на Граѓанската војна, откриваат тајните документи на ЦИА
Тајни документи на ЦИА
Изгледа неверојатно, но документите на американската Национална безбедносна агенција (НСА), од кои неодамна беше декласифицирана нивната тајност, покажуваат дека светот бил на работ на трета светска војна (и тоа нуклеарна) за време на епскиот судир на Тито и Сталин во голема мера и поради југословенската помош на грчките партизани за време на Граѓанската војна што почна во 1946 година. Тајните документи на разузнавачите од ЦИА откриваат дека во годините по Втората светска војна на јужната граница на Македонија се прекршувале големи геополитички игри за прераспределбата на влијанијата, па дури и менување на границите. Анализата на НСА на 11 страници за вистинската причина за пресметката меѓу Тито и Сталин открива извонредно четиво за историчарите кои ги собираат коцките за мозаикот на Граѓанската војна во Грција, учеството на тамошните Македонци во баталјоните на партизаните и југословенските војници испратени таму напомош. Оваа анализа покажува и до каде би можеле да отидат двете страни во жестоката студена војна. Дури и нуклеарна бомба била наведена во арсеналот што можел да се употреби.

Американските разузнавачи тврдат дека интервенцијата на САД во Кореја во јуни 1950 година бил клучниот момент во студената војна кој, и покрај 50 илјади американски жртви, на крајот, го спасила светот од катастрофален планетарен судир, само пет години по победата над фашизмот: „Прашањето не беше поставено во Азија, туку на другата страна на планетата: во приватната војна на Сталин против маршал Тито од Југославија“. Како што се наведува во документите, Сталин бил решителен да го собори режимот на Тито по секоја цена и нестрпливо планирал голема инвазија врз Југославија на советските трупи и на војските од источноевропските сојузници, што сигурно би предизвикала вклучување на западните сојузници во судирот, кој веројатно би прераснал во нуклеарна војна.

Што велат документите? „Веројатно иронично, Сталин беше иритиран од револуционерниот занес на Тито. Почнувајќи од средината на 1947 година, разузнавачкиот апарат на Тито ја отвори ’грчката линија‘, снабдувајќи ги комунистичките бунтовници во Грција со оружје и опрема, акција која брзо ја надмина дотогашната поддршка на Сталин на герилците; исто така, 10.000 југословенски ’доброволци‘ се бореа на страната на грчките партизани“. Тоа го разбеснило Сталин од неколку причини – првата, што Тито се вмешал во работите за кои тој мислел дека е надлежна само централата во Москва; втората, дека тоа била уште една работа која се наредила во низата недоразбирања меѓу нив двајцата; и третата, дека советскиот водач не сакал проблеми со сојузниците од војната. Сталин му испратил писмо на Тито во кое го критикувал отворањето на „грчката линија“ и помошта на грчките комунисти, наведувајќи дека борбата нема никаква шанса за успех, затоа што Атина ја има поддршката од САД, „најсилната држава во светот“.



Овие настани околу „грчката линија“, во кои на драматичен начин беа вклучени Македонците во Егејска Македонија, кои се бореа во заедничките единици со грчките партизани, а потоа со крајот на Граѓанската војна се претворија во драматичен егзодус, според разузнавачите од ЦИА, ја прелиле чашата на трпението на Сталин, кој побарал од Тито да се дисциплинира, да го скроти својот „револуционерен занес“ и да се придржува на одлуките на големите сили од конференциите во Јалта и во Потсдам. Сталин бараше Тито да се покори на неговата волја, да го прекине снабдувањето на грчките партизани и помошта на Македонците во северна Грција, да ги слуша наредбите од Москва за развојот и за интересите на Југославија, на што Маршалот му одговори со она историско – не!

Работите понатаму се општопознати – во јуни 1948 година беше објавена Резолуцијата на Информбирото, со која Југославија беше ставена во целосна изолација од социјалистичкиот блок. Југославија беше исфрлена од Информбирото, а Тито и неговите најблиски соработници, во една жестока пропаганда на советскиот режим, беа прогласени за „шпионска група на платниот список на американскиот и британскиот империјализам“.

Во документите на ЦИА пишува дека веднаш по исфрлањето на Југославија од Информбирото, „Тито ја суспендира помошта на комунистичкиот отпор во Грција, дури и го запечати фронтот, со што 4.000 грчки герилци се најдоа во замка на погрешната страна од границата“. Со тоа беше и' предодреден крајот на Граѓанската војна во Грција. Москва ги подготвуваше сојузниците за инвазија на Југославија, па Тито, како што велат документите на ЦИА, мораше да се откаже од помошта на партизаните во Грција за да може да се ориентира кон одбрана на земјата пред нападот од Унгарија, Романија и Бугарија, кој стануваше се' поизвесен.

Во источноевропските земји веднаш почнаа чистки на сите оние што имаа симпатии за Тито и неговата решителност и американските разузнавачи потсетуваат дека особено значајно било погубувањето на унгарскиот министер за внатрешни работи, Ласло Рајк, во 1949 година. Во Југославија почнаа чистките на таканаречените ибеовци. „За да ја очисти партијата, војската и тајната служба од сталинистичките елементи, Тито почна чистка. Со неа раководеа лично тој и озлогласениот шеф на УДБ-а, Александар Ранковиќ. Беше тоа борба во која Тито, поранешна шпионска ѕвезда на НКВД со 33 тајни имиња, многу добро се снајде“, пишува во документите.

Бесот на Сталин растел пропорционално со неуспехот да се справи со Тито и тој станал опседнат со Маршалот исто како и со Троцки. Но, како што пишува во анализата, работите не оделе според планот со Троцки – пропаганда, застрашување и, на крајот, атентат. „Мислам дека политичката кариера на Троцки е многу поучна. Само ќе го мрднам малиот прст и веќе ќе го нема Тито“, му соопштил Сталин во доверба на Хрушчов. Но, реалноста беше поинаква. Според сознанијата на ЦИА, Москва се обидела неколку пати да изврши атентат врз Тито, еднаш било планирано да биде убиен во неговата вила, кога играл билијард заедно со членовите на Политбирото. Сите тие обиди ги спречиле разузнавачите на УДБ-а.

Кога не успеале сите обиди за атентат, на маса била ставена опцијата за масивна воена акција. Москва подготвила 300.000 романски и унгарски војници за интервенција, кои требало да ги пробијат одбранбените линии на југословенската војска во Војводина, а подолу би навлегувале и бугарски војници. Според ЦИА, Југославија во тоа време имала 250.000 луѓе под оружје. Кога во Војводина би бил пробиен бедемот, би настапиле советските оклопни единици и патот кон Белград би бил отворен. Доколку се случело тоа, како што велат документите на ЦИА, Америка и Британија сигурно ќе се вмешале во конфликтот, затоа што веќе го придобивале Тито на своја страна. Прочуениот американски дипломат Џорџ Кенан велел дека „добивањето“ на Југославија во западниот табор ќе ја надомести „загубата“ на Кина. Кенан го информирал американскиот претседател Хари Труман дека „советскиот напад е многу веројатен“.

Во таа игра за доминација во судената војна, Труман во 1950 година ги испраќа американските војници на југот од Кореја да го спречат ширењето на советската империја. Тоа, според американските разузнавачи, бил клучниот момент Сталин да ги забави плановите за можна интервенција во Југославија. Размислувањата во Москва биле – ако Вашингтон испраќа војски да го бранат интересот на крајот од Азија, што би направиле ако тоа се случува на Балканот, во Европа. Нивните размислувања, според анализата, биле исправни. Америка сигурно ќе интервенирала во Југославија и трета светска војна речиси била неизбежна. На 29 јуни 1950 година, само четири дена по инвазијата во Јужна Кореја, на списокот на светските проблеми на американскиот Националниот совет за безбедност настаните околу Југославија биле на нејзиниот врв, заглавени како „главно опасно жариште“.

Во 1951 година, особено по посетата на началникот на југословенскиот Генералштаб, Коча Поповиќ, на Вашингтон и одобрувањето на значајната воена помош за Тито, Југославија во западниот табор веќе се сметала како идна членка на НАТО. Според проекциите на ЦИА, „во наредните 24 месеци Југославија ќе биде идната членка на НАТО, заедно со Грција, Турција и Шпанија, што ќе биде клучно засилување на Алијансата во евентуалната војна со советскиот блок“. Но, не дојде до долгочекуваниот напад на СССР врз Југославија, иако советската пропаганда стана уште пофренетична. Сталин никогаш не се откажа од намерата да го ликвидира Тито. Во документот на НСА се тврди дека агентот Јосеф Григулевич, со кодното име Макс, кој бил вмешан во првиот, неуспешен атентат врз Троцки, бил ангажиран да го убие Тито. На 1 март 1953 година КГБ го известува Сталин дека Макс се' уште не тргнал кон Белград да ја изврши акцијата. Сосем веројатно дека тоа бил последниот извештај што Сталин го имал на маса за неговиот судир со Тито, затоа што веќе утредента доживеал тежок мозочен удар, кој не го преживеал. Потоа дојде Хрушчов, односите на Тито и Москва се затоплија, се вратија повторно старите сојузништва, геополитичката ситуација се врати на старите патеки и брзо го снема сосем веројатното членство на Југославија во НАТО. А низ социјалистичките земји своите родители ги бараа неколку десетици илјади македонски деца прогонети од Грција по затворањето на „грчката линија“ и крајот на Граѓанската војна. Во опасната игра на големите главните жртви најчесто се малите нации.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226

Грчки план за исчезнување на Република Македонија

И натаму е во сила грчката одбранбена стратегија за влегување во Македонија во 37 км длабина во случај на дестабилизација. Најблиску до таква можност бевме во 2001 година. Интересно, тогаш се разви голема блискост помеѓу Ахмети и Дора Бакојани. На страната на УЧК се бореа и типови како Кољо Дијамантот. Бугарија се нудеше да нé ослободи, а Грција ширум ги отвори границите за масовно бегство на Халкидики
Времето не и е сојузник на самодоволната грчка државна политика. Во почетокот сме на деконструкција на нејзиниот митолошки профил. Последнава година, преку илјадници страници анализи, новинарски текстови, политички изјави се гледа дека добар дел од светот влегол во фаза на демистификација на грчкиот политички феномен. За оваа работа се свесни и новите грчки политичари во владата на Јорго Папандреу.
Но и искомпромитираната и обесчестена Нова демократија. Тие се трудат со козметички пилинг да го претстават своето модерно лице, а сепак да не гибнат во суштината на својата политика, што им е семејно наследство.
Има такви, особено во Брисел, што се подготвени повторно да се заљубат во старо-новата Атина, само што еднаш демиситфициран идол или паднат мит никогаш повторно не бидува обновен. Владата на Папандреу, на пример, се обидува да му го претстави на светот новото грчко лице со стари испробани финти, па продолжува со слаткоречивата кооперативност пред камери, а со дела ја покажува арогантната природа на грчката надворешна политика. Друцас на својата блискоисточна турнеја ја заобиколува Сирија за да ја казни за признавањето на Македонија со уставното име. И грчката опозиција се „ресетира“ така што се ослободува од искомпромитираните екслидери како што е Константин Мицотакис, кого неговиот наследник и близок партнер Андонис Самарас и буквално го исфрли од партијата. Но новата Нова демократија е истата стара шовинистичка партија со истиот екстремен лидер. Како што и ПАСОК на синот Јорго ја води истата шовинистичка политика на татко му Андреас во поглед на Македонија и Македонците.
„Добар сосед“
За нас е исклучително важно да се позанимаваме со причините зошто Мицотакис, таткото на Дора Бакојани, е исфрлен како партал од својата партија. Поточно, зошто токму сега и зошто на овој чекор се решил токму грчкиот екстремен шовинист и милитант Андонис Самарас, кој од 1991 му беше најверен соработник. Такис Михас е автор на сјајната анализа „Нечестива алијанса“ во која се говори за вплетканоста на официјална Грција во војните што се водеа на тлото на некогашната СФРЈ. Во неа има голем број докази што водат кон заклучокот дека грчките политичари од десницата и левицата всушност имале цел преку новите Балкански војни да се дојде до конечно преуредување на Балканот. Македонија, разбирливо, имала централно место во ова замешателство на една држава што е членка на ЕУ и НАТО. Нашата дилема ќе биде не дали, туку, кој во Брисел, колку и зошто ја толерирал и спроведувал грчката политика на Балканот, која за нас има сериозни импликации.
Михас вели дека „не е претерано ако се каже дека грчката надворешна политика во првата половина на деведесеттите години од минатиот век, единствено се занимавала со Македонија“. Навидум аргументацијата со која настапувала пред своите партнери била свртена кон употребата на симболите, на знамето, историјата и името на државата. Се тврдело дека Грција би била и добар сосед и одличен пријател и партнер „само“ ако се натера „новата држава“ да се откаже од приграбување на она што е грчко историско наследство.
„Сепак, вистината е покомплицирана. Постои сé поголем куп на докази што наведуваат на заклучок дека влијателни политички сили во Грција во раните 1990-ти гледаа во своите македонски соседи многу повеќе отколку промена на име. Вистинската цел на некои инстанци било дестабилизација и исчезнување на младата држава“, вели Михас.
Проверувајќи ги грчките официјални документи тој утврдил дека „грчките политичари инсистирале на промена на името, иако биле свесни оти тоа значи откажување од најважниот симбол на колективниот идентитет на мнозинското население и како такво, барањето не можело да биде исполнето од македонските политичари“. Ова било истакнато и во излагањето на Никос Музелис, професор на Лондонската школа за економија. „Се чудам каков вид дијалог има грчката страна на ум кога одбива да преговара за централното прашање (името)“.

Неодржлива држава
Значи, зошто тогаш била повлечена онаа црвена линија што и денес ја опструира Македонија?
„Истакнувањето на ова грчко барање, всушност цели да ја спречи секоја можност Грција кога било да ја признае Република Македонија“, тврдел грчкиот пратеник во ЕУ-парламентот, Павлос Сарлис.

И по две децении грчката држава ја има истата тактика: Мицотакис
Во суштина, се работело за тактика што требало да доведе до распад на државата Македонија така што го отвора патот на странска интервенција за која нема да се презема никаква одговорност. Михас наведува два круцијални документи во прилог на овој заклучок. Првиот е писмото што претседателот Константин Караманлис на 26 февруари 1992 година му го испраќа на министерот за надворешни работи на Грција, од кого бара да се нагласува грчкиот аргумент дека непостојната македонска држава е „неодржлива“. Што значи дека е осудена да се распадне или да исчезне. А второто е писмото, кое Самарас во својство на министер на надворешни работи, на 27 август 1991 година го упатил до своите колеги во ЕУ во кое вели: „Внимателен набљудувач може лесно да увиди дека независна македонска држава е тешкоодржлива. Економски, без излез на море, нема материјална основа за опстанок, етнички, со повеќе од една третина албанско етничко население и уште повеќе, етничкото потекло на нејзините словенски жители е причина за недоразбирања. Тие моментално се именуваат како „Македонци“, но Бугарите и во помал обем Србите, декларираат дека тие се нивни“. Овие „аргументи“ на Самарас очигледно биле прифатени од неговите европски колеги, за што сведочат Лисабонската декларација од 1992 година, Лондонската конференција за СФРЈ, одбивањето на ЕУ да ги прифати заклучоците на Бадентеровата комисија за Македонија, префрлањето на проблемот со името во ООН како безбедносно прашање, толерирањето на грчките ембарга и блокади, вклучувајќи го и ветото, а сега дознаваме дури и замижување пред налетите на дестабилизација на Македонија, спонзорирани од Грција. Она што нас треба да нé вознемири е фактот дека оваа грчка политика има „неутрални поклоници“ и во Македонија, кои и денес тврдат дека ако не влезе во НАТО, Македонија ќе се распадне, дека ако не влеземе во НАТО на следниот самит, Македонија ќе станела меѓународен протекторат, а Албанците ќе се отцепат и сл.
За авторот на анализата токму овие два документи се подлога за тезата дека една членка на НАТО и ЕУ фактички работела на создавање на бланко-позиција за надворешна интервенција врз Македонија. Кога државата е неодржлива, ако е осудена на пропаст, тогаш надворешна интервенција не значи дестабилизација туку забрзување на процесот на предодредена културна и историска стабилизација. Со други зборови, вели тој „надворешна интервенција врз неодржлива држава попрво би била видена како акт на асистенција при самоубиство отколку како незаконско убиство“.

Кантони и фази
Охрабрени од индиферентниот па дури и непријателски однос на ЕУ кон македонската независност (за разлика од Словенија и Хрватска), грчките политичари прешле на втората фаза. Почнале да го разработуваат планот што на Мицотакис и Самарас им го предложил Слободан Милошевиќ. Се работи за кантонизација и поделба на македонскиот државен провизориум со карта што ја исцртале грчко-српските картографи со асистенција и на другите два македонски соседи. Гледајќи ја, можете лесно да ги откриете корените на случајот „Паравојска“ од 1993 година и референдумот за „Илирида“. Ќе го сретнете патем и Вранишковски со ПОА, Али Ахмети со „ослободувањето на Скопје и Тетово“. Ќе ги видите и идеите за Групчин, за размена на население и територии, за константното негирање или проблематизирање на македонскиот идентитет од политичари во Македонија, но и бугарските прсти во „струмичкиот“ и грчките во „монастирскиот“ кантон. Особено е интересно совпаѓањето на масовната лицитација со бројноста на етничките групи во првата половина на деведесеттите со грчкиот кантонален план што упатува на темелна агентурска работа во Македонија.
Паралелно со ова, Македонија, која излегува на меѓународна сцена без банка во државната каса, ја дочекува необјавено грчко трговско ембарго, кое подоцна беше официјализирано. И на оваа активност Брисел не реагираше. Напротив, прифаќајќи ги грчките аргументи, а во светлото на својот историски континуитет во врска со македонското прашање, бара од Македонија да се преименува. Ова подоцна го потврди Лорд Овен, кој мислел дека со грчкото ембарго и санкциите што моравме да ги спроведуваме кон СРЈ, Македонија ќе пропадне за само три месеци. Не реагираше ни ООН, ни Советот за безбедност, заради што дури при годинашниот настап на Иванов на заседанието на ООН, кој на светот му ги откри тешкотиите низ кои минувала државата заради грчката политика, многу претставници на држави се исчудувале зошто никогаш не слушнале ни збор за македонската голгота. Тоа, како и признавањето од страна на Сирија, го натера Папандреу да се врати во Њујорк за да ја амортизира штетата. Особено е интригантно што во гланцањето на извалканата грчка слика најактивни и во овој случај беа македонските „експерти“ што го омаловажуваа и настапот на шефот на државата Македонија и признавањето од страна на Сирија.

Грчки визи
Дали Грција се откажала од својата намера да ја упокои Македонија? Очигледно не. И натаму е во сила грчката одбранбена стратегија за влегување во Македонија во 37 км длабина во случај на дестабилизација што своевремено ја обелодени Грилакис додека им разнесуваше данајски дарови на нашите раководители. Најблиску до таква можност бевме во 2001 година. Интересно, тогаш се разви голема блискост помеѓу Ахмети и Дора Бакојани. На страната на УЧК се бореа и типови како Кољо Дијамантот. Бугарија се нудеше да нé ослободи, а Грција ширум ги отвори границите за масовно бегство на Халкидики. Службеникот, тогаш задолжен за односи со јавноста при грчката канцеларија за врски во Македонија, иронизираше дека „толкав број апликанти за грчки визи, демек, избегани Македонци, немале видено од Балканските војни“. Само што оние што избегаа во Грција не беа голорак народ, туку претставници на македонската елита. Случајна случајност или што и да е, чудно е дека „бегалците“ се истите што одеднаш, од 2008 година до денес, најотворено ја застапуваат грчката политичка доктрина сврзана со Македонија. Многу ќе биде во овој контекст да дознаеме (и тоа брзо ќе се случи при деконструкцијата на грчкиот мит) кој е вистинскиот творец и кој ја плаќаше кампањата за „антиквизација“ што ја одработуваа во Македонија разни активисти, НВО, експерти, партии и медиуми со евроатлантски заштитен предзнак.
КАТАКЛИЗМА

Во меморандумот на грчкото МНР се наведува дека „прогласувањето на независност од страна на Македонија ќе има катаклизмички последици за Балканот. Бугарија веќе објави дека ќе ја признае независната македонска држава, во очекување дека жителите што сега се именуваат како Македонци одново ќе ги откријат своите бугарски корени. Која било бугарска иницијатива на тоа поле ќе предизвика тврд одговор не само од тврдокорните (дие хард) славомакедонски националисти туку и од Србите“.


--- надополнето: 26 јануари 2014 во 16:00 ---
КЛЕШТАТА НА САМАРАС

Во 1992 година Андонис Самарас претставил грчко-српски план за дестабилизација на Македонија. Планот наречен „Самарасова клешта“ имал два стратегиски потези. Првиот бил економски притисок, преку воведување трговско ембарго што требало да предизвика социјални безредија, а вториот бил воен притисок од страна на тогаш сé уште присутната ЈНА на тлото на Македонија.

Ембаргото тогаш не било официјализирано и на барањето инструкции од страна на префектот на Солун, Евангелос Цаитидис, Самарас со писмо од 3 -ти март 1992 година вели: „Овде ви давам писмено јасна инструкција да преземете и продолжите со сите расположиви средства да вршите економски притисок врз Скопје. Имајќи ги предвид иницијативите на ЕУ, нашето министерство смета дека не е добро сега официјално да се затвори границата“.



ЕМБАРГОТО ЌЕ ЈА ДЕСТАБИЛИЗИРА МАКЕДОНИЈА

На 17 март 1992 година Самарас му пишува на својот премиер Мицотакис: „Јасно е дека ембаргото ќе ги засили реакциите на луѓето во Скопје кон нивната влада и тоа ќе го мултиплицира феноменот на масовни демонстрации што ќе бидат организирани низ целата држава против некомпромисната позиција на нивната влада“.
И по дваесет години грчката влада ја има истата тактика кон Македонија. Уште чека Македонија внатрешно да се дестабилизира. Со други зборови, сé си е исто, само што „него“ и нив ги има, ама како да ги нема.




НАСЕЛЕНИЕ БЕЗ ДНК

„Преку инсистирањето на грчката политика да ја смести Македонија во друштво со БиХ и Косово, не само што се конструирала рамка за странска интервенција туку се пропишува и прецизно кој би требало да интервенира. Според грчката дипломатија, овие три региони претставуваат население што никогаш нема да го има благословот на државотворни народи заради отсуство на општествена ДНК“.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom