КАЈГАНА ТОП 250 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
26. Inception (Christopher Nolan, 2010)

26.jpg
Ова е најновиот филм на нолан, имав задоволство вчера на премиера да го гледам.
Филмов уште пред да биде пуштен е ставен на трето место у топ 250 на IMDB така да очекувањата беа огромни.
Кратка рецензија...хмм
А бе на филмов не може д аму се направи рецензија, ужасно е комплексен и максимално интересен. Леонардо ди каприо глуми човек шо влегува во сонови на други луѓе и краде податоци...е сеа тука има заплети рљасплети шо ти не знам...а бе две секунди да пропуштите од филмот не ќе знаете шо се дешава после.
А инаку вака еден од најдобрите филмови што сум ги гледал...ако не и најдобар после бегство од шошеник.
Импресивно, не ме разочара, иако влегов во салата со прилично големи очекувања. (салата беше 1/4 полна, ама ајде)
Teхнички на највисоко ниво и дефинитивно му пуштам рака на Нолан. Комплексен концепт, а ептен добро прикажан. Ако глумата или ефектите или музиката беа за нијанса послаби, филмов не ќе функционираше. Мене ме воодушеви та одлична вклопеност. Без непотребни должења на сцени, дијалози, баш таман. Блокбастер на годината, ама не вервам дека академциве би го номинирале за најдобар филм. Ќе видиме.

Вервам дека ќе имат многу дискусии и smartass реплики на темава, по повод оргиналноста на некои сегменти во филмот... ама не е интересно ако не се потскараме тро.

Не би дискутирал сега за сега за приказната, дан налутам некој. Чао.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
25. Spartacus (Stanley Kubrick, 1960)

25.jpg
Уште еден филм за кој никој не пишал ништо повеќе од неговиот наслов. Ајде, земајте тастатурата во раце, ова е веќе четврт или петти ваков случај!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
24. The Truman Show (Peter Weir, 1998)

24.jpg
Збор два за The Truman Show :)
Еден од најомилени филмови ми е ( или барем спаѓа во оние кои што најмногу пати ги имам изгледано), а не сум пишал ништо тука (shame on me).
Филм кој излегува токму во периодот на почетоците на reality shows, и се поголемата популарност која што ја стекнуваат.
Во тој период го имав и мислењето дека токму овој филм бил инспирација за риалити тв, ама подоцна дознав дека фактите биле малку поинакви, nevertheless, филмот има огромно значење за нив.
Тешко дека некој може да остане рамнодушен на сатиричниот начин на кој е прикажано влијанието кое едно вакво шоу би го имало врз светската популација.
Изведбата на Џим Кери е нешто извонредно, kudos to him! Интересно е тоа што за оваа улога има добиено златен глобус, додека пак не ни бил номиниран за оскар (имало јака конкуренција да, ама според мене дефинитивно ја има заслужено барем номинацијата).
Саундтракот на Труман Шоу е еден од оние што ме има наежено. Самиот филм е прејак, али музиката - EPIC.(y)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
23. The Big Lebowski (Joel Coen, Ethan Coen (uncredited), 1998)

23.jpg
Филмов е закон!! Не знам дали се смеев од што стварно беше толку смешен или којзнае што ми дошло, али буквално сум се газела од смеење. Главната улога ја игра Џеф Бриџис, кој годинава доби Оскар. Инаку, тој го глуми Dude, кој има исто презиме (Лебовски) како и еден милионер. И еден ден кај него дома ќе провалат двајца и ќе почнат да му се закануваат да им ги врати парите што ги зела жена му. Dude не е женет и ќе сфати дека го помешале со милионеров. Ми беше смешно неможењето на Dude да влијае врз тоа што ќе му се деси, ептен беспомошен е, плус па другар му ќе биде капак на се.
When "The Dude" Lebowski is mistaken for a millionaire Lebowski, two thugs urinate on his rug to coerce him into paying a debt he knows nothing about. While attempting to gain recompense for the ruined rug from his wealthy counterpart, he accepts a one-time job with high pay-off. He enlists the help of his bowling buddy, Walter, a gun-toting Jewish-convert with anger issues. Deception leads to more trouble, and it soon seems that everyone from porn empire tycoons to nihilists want something from The Dude.:pos::pos::pos:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
22. Trainspotting (Danny Boyle, 1996)

22.jpg
Филм од 1996 на Дени Бојл кој лека полека си го проби своето место во историјата, меѓу филмските класици, како културолошки феномен. Верувам дека многумина од вас веќе го имаат гледано. За мене беше првата реприза во 2014, зошто ветив во Moviespotting темата која своето име го должи делумно и на овој филм, дека Trainspotting ќе биде меѓу првите филмови што ќе ги изгледам во новата година. Содржината верувам на сите е позната: Марк Рентон (Јуан Мекгрегор), зависник од хероин се обидува да стави крај на неговиот живот како зависник, но тешко е покрај влијанието на друштвото и опкружувањето за кое самиот вели дека „ќе вбризгаше дури и витамин C во вените, само да го прогласеа за нелегален“. Верувам дека исто како мене и други се запрашале дали при снимањето на некои сцени од филмов и Бојл бил под дејство на некои опојни супстанци? Иако нема којзнае каков линеарен тек на приказната, туку е повеќе како нижење на искуствата на Рентон, филмов успева да биде интересен, па дури и да му се дадат епитети како имагинативен и смешен. Оние кои низ годините се обидуваа да го дискредитираат, играа на картата дека филмот го прикажува користењето на хероинот како уживање, или како што Рентон вели, „како најјакиот твој оргазам, помножен со 1000, и се уште не би бил блиску“. Сепак, по мое мислење филмот не пропагира употреба на дроги. А и како би можел, кога гледаме какви пропалици се луѓето кои уживаат во хероинот низ филмот? Зарем некој би сакал да стане како Спад и
да лежи издрогиран по улици, мрмлајќи нешто што никој не го разбира, или да се разбуди во кревет измачкан со измет од глава до пети?
Сепак, како превентивна мерка, не би ви препорачал да им дозволите на вашите малолетни деца дури ни да ѕирнат додека го гледате. ;)

Би сакал да завршам онака како што Рентон почна:
„Одберете живот. Одберете работа. Одберете кариера. Одберете семејство. Одберете еден голем ебан телевизор, одберете машини за перење, автомобили, CD плеери и електрични отварачи за конзерви. Одберете добро здравје, низок холестерол и стоматолошко осигурување. (...) Одберете ги вашите пријатели. (...) Одберете ’направи сам’ и во некое неделно утро запрашајте се кои сте вие, по ѓаволите. (...) Одберете ја иднината. Одберете живот...“ И дури и ако веќе го имате неколкупати гледано, одберете Trainspotting!
IMDB оценка: 8,2/10 Моја оценка: 9/10
Го иам гледано многу пати филмов - но нема шанси 2-3 пати во месецот да не го пуштам или некоја сцена да разгледам пак.

Перфектен филм на невообичаен начин =) , број 1 во категoријата филмови за дрогата , повеќе ми се допаѓа и од Реквием , Зошто?

Затоа што сите drug-related филмчиња што се за почит , обично се тешки драми кој ја покажуваат лошата страна на дрогата и повеќето мислат дека така треба да биде .. ајт затоа е тука Дени Бојл да ја долови вистината и да направи филм кој е нерверојатен склоп на драма и одличен хумор со кој ќе ви биде ем забавно да го гледате филмот ем сами да си донесете заклучок за ликовите во филмот кој каков е.
Има премногу за размислување и сигурно кој не го гледал ќе го свати пеколот на дрогата во филмот од неколку поинакви агли.како гледааат на тоа актерите и самата публика.Музиката ми е битна во филмовите а овде е самиот ВРВ.Посебно кој е по електронската има добри парчиња.
За глумата нема ниту еден лош збор , сите карактери се веродостојни - многу реално.

Нема сличен филм на овој , па затоа е уникатно доживување.

ИМДБ = 8.2/10

Јас = 9.5/10
тие 0.5 одзеени одат за неколкуте грозни сцени - што не секој сака да ги види во филм.
Choose life ..chose this movie
Филмов има 8.2/10 на imdb.Доста висока оцена,иако јас без проблем би дала чиста 10ка.Не знам зошто по ѓаволите толку одложував да го гледам филмов,сеуште сум под огромни импресии откако го изгледав.Постар е,1996,значи,кој сака пристоен( шо зборувам,одличен) филм од 90тите,номиниран за оскар и има добиено многу многу награди.
Дејството зазема дејство во Единбург,главен лик е Марк Рентон,зависник од хероин кој сака да ``се исчисти``( кој го игра Јуан Мекгрегор,кој одлично си ја завршил работата во филмов) заедно со својата дружина ,исто така подоцна зависници од хероин и 14 годишната девојка. Пререално и прешокантно сеприкажани сите фази низ кои минува еден зависник со своите поблиски,а уште пошокантни се нивните кризи. Откако го изгледав филмот,донекаде почувствував што е всушност халуцинацијата...и колку умот може да си игра со нас. Страшно. Но во исто време и прекрасно.
Не знам дали ова што следно ќе го напишам е спојлер или не,не се разбирам многу :pos: Aко е спојлер,скријте...

Задржете го здивот кога во кадар ќе биде бебето на таванот....и кога полека ќе го врти главчето накај вас.И ќе го видите Мек Грегор како плаче како 5 годишник. Оу јес.Оооу јес.
O да ќе заборавев. И тоалет-сцената. Нуркањето :)
Британците можат да се гордеат со овој филм. Literally.Clockwork Orange на 90тите.
film so madinja :),mnogu realno prikazan
Филмов некој го спомна на форумов(мислам Манга -фала брате :) ) ,а потоа некој го подспона и In Bruges (фала и нему),како филм кој го подсеќал на овај па се решив и двата да ги гледам. Режисер е Дени Бојл а во главната улога Иан МкГрегор кој пријатно ме изненади со глумата . Сторијата се врти околу Рентон кој е длабоко навлезен со дрогата (хероинот) кој е доста популарен тоа време во Шкотска ,па дали Рентон ќе успее да се исчисти и да се откаже покрај големото влијание на неговите пријатели...

"Choose life. Choose a job. Choose a starter home. Choose dental insurance, leisure wear and matching luggage. Choose your future. But why would anyone want to do a thing like that?"

9/10(Пред се затоа што спаѓа во ретките филмови каде ќе ви се помешаат емоциите,на моменти може да ве насмее,да ве растажи а и да ве наежи)
Дури 8,2 на имдб. Идејата е дека сме преоптеретени во животот, сите избори кои треба да ги правиме секојдневно, се` она што ни го наметнува општеството, it's a whole lotta SHITE, обврски, одговорности, непотребности, љубезности. Што ако не го избереме животот, избереме да не не` контролира/притиска нешто, да не бидеме силувани?

Во 90тите кога е правен филмов и општо земено, порано, било дрогањето, сега е виртуелниот свет, како поперманентни начини да се избегне животот, иако да бидеме реални, и животот и избегнувањето на животот пак си носат заеднички замарања, борба за леб и фанатичност/опседнатост/бивање контролиран од нешто. "No matter how often you go out and rob and fuck people over, you always need to get up and do it all over again." Со таа разлика што избегнувањето си носи и беда и болести, единствен предмет што ќе го имате дома да биде беден душек за спиење.

Добар филм за некој што сака да се одвикне. Добар филм за навлезените во "The job, the family, the fucking big television. The washing machine, the car, the compact disc and electric tin opener" рутината. Добар филм за некој што сака кул witty реченици, макар што превише преголеми и за мене нејасни зборови се употребувани. "The streets are a wash with drugs you can have for unhappiness and pain, and we took them all. Fuck it, we would of injected vitimin C if only they'd made it illegal."

Дали ќе успее Рентон? Мислам да. Кога човек ќе сфати нешто на своја кожа и има шанса да се поправи и сака вистински да го направи тоа, зошто да не? Затоа и он не пробуваше да му помогне на Tommy, највише за него ми беше жал у филмов.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
21. Once Upon a Time in the West / C'era una volta il West (Sergio Leone, 1968)

21.jpg
Harmonica: [facing three men] And Frank?
Snaky: Frank sent us.
Harmonica: Did you bring a horse for me?
Snaky: Well... looks like we're...[snickers] ...looks like we're shy one horse.
Harmonica: [shaking head] You brought two too many :cool:

Еве ви ја цела сцена, чисто онака да го доловите моментот


Нема ништо подобро од добар шпагети вестерн филм. Многупати се давал по нашиве телевизии, ама никако не сум го фаќал одпочеток, па затоа морав да го симнам и одпоново целосно да го изгледам... и морам да кажам дека сум ја пропуштил најјебозовната сцена во цел филм (оваа што ја пишав погоре) :(. Што друго да кажам за филмов...? Режиран од мастерот на шпагети вестерните Сержо Леоне кој е познат и по The Dollars Trilogy, додека главните улоги ги толкуваат Чарлс БронсАн, Хенри Фонда и Клаудија Кардинале... музиката е на неповторливиот Енио Мориконе. Неможе филмот да испадне лош кога овие луѓе стојат позади него... кај Сержо нема многу дијалог, доволно е актерите да упатат со своите валкани лица неколку убиствени погледи, и акцијата може да почне.
За рецензија нема многу да пишувам, доволно е да кажам дека цела приказна се одвива за едно земјиште на кое е планирано да се изгради железничка станица. Нормално тука ќе има многу убиства, пресврти, валкани фаци и.... човек по име Хармоника :icon_mrgr:. Во текот на филмот ќе се прашувате што бара овој човек покрај овие будалите што се тепаат за земјиштето, али на крај се е убаво објаснето (y)

Интересна анегдота е што Клинт Иствуд ја одбил улогата на Хармоника, па потоа Чарлс БронсАн се согласил да го одглуми ликот. Али како одглуми, секоја му чест, капа доле:cuc:

На ИМДБ делово има 8.7/10 оценка... можам да кажам дека е потценет, заслужува најмалку 10/10


Ќе ве оставам со овие две дела на Мориконе

И интрото на Хармониката :cool:

П.С. Не ме прашувајте зошто Бронсон го пишувам БронсАн

:kafence:
за филмов сум спомнувал поише пати, се' до точка ми е погодено, го имам гледано најмалку 5 пати и секогаш била истата перфектна оцена 10. Уживање до даска.
А баш таа сцена Кардинале коа пристигнува со возот, и посебно со таа музика, ми е една од најубавите филмски сцени. Музиката никогаш не ми звучела весела, туку од една страна како оптимистичка за Кардинале која доаѓа да почне од нула, а од друга тажна и ко со некоја меланхоличност зашто знаеме ко гледачи што му се има случено на семејството. Не знам зошто али стално кнедла во грло ми се праи на таа сцена.

Нормално дека нема на сите да им се свиѓа исто, али задолжителна лектира е филмов.
Серџо Леоне и Мориконе се комбинација за маестрален вестерн. За нијанса послаб од неговиот најдобар и највисоко рангиран, но доста интересен. Постепено градење на сите карактери. Одлична актерска екипа на едно место. Фонда која фаца е у пм, со тоа очите плави. Земајќи ја во предвид годината кога истиот е правен, доста труд е вложен во филмот.
Приказната секако е за пофалба и немам никаква замерка или некоја идеја со која би ја подигнал на повисоко ниво. Си владееа дијалозите во препознатливиот стил со интересни мислења и ставање капачиња. На сам почеток особено внимание привлекува ликот со хармониката, па кога ќе прсне она познатото музиче кое го имаме слушано и во македонските народни приказни, убавини :D
Стандардно вистинско уживање се дуелите и секавичните стрелања. Некој чинам наназад пиша дека филмот бил малку поспор, јас би рекол малку попретпазиво се градеа ситуациите, онака внимателно доста посветено разглобени. И по навика крајот кај филмовите на Серџо си го краси делото.

9 од мене.
Мислев дека ќе помине клубов без 10ка од мене за некој филм, ама тогаш се појави класикава:cuc::cuc::cuc:
Филмиште, сите што работеле на сетов си ја завршиле работата скроз, од чистачи до режисер и актери. Нема нешто што не е интересно, Клаудиа Кардинале е мелем за очи, приказна каква што денешниве режисери можат само да сонуваат, хармоника низ цел филм, пукотници, епик карактери!!! Не знам кој пат го гледам, ама никогаш нема да ми е досаден. 10/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
20. The Revenant (Alejandro G. Iñárritu, 2015)

20.jpg
Вие што го исплукавте The Revenant - ние истиот филм го гледавме? Не знам, зошто за мене филмов беше најдоброто до сега од 2015 што сум гледал, можам да речам и блиску до совршенство.
ФАКТ: Емануел Лубецки дефинитивно не е нормален или не е од овој свет! Ако Ди Каприо и Ињариту обајцата направија нешто што е заслужно за Оскар, на Лубецки треба или да му се дава по дифолт Оскар секоја година без да има номинирани, или пак да се исклучи од игра како неприкосновен и наградата да се преименува во „Втора најдобра кинематографија по Лубецки“. Секоја чест, мајсторе! :cuc: На моменти движењето на камерата ме потсетуваше на Birdman, но најмногу од се ми се допаѓаа кадрите од жабја перспектива. На подобар начин не можеше да ја покаже супериорноста и убавината на природата над човековата кревкост. Уште па кога прочитав дека не користел вештачка светлина, туку работел само на дневна светлина за да бидат кадрите што пореалистични, занемев (нешто за што огромна заслуга мора да му се припише и на идејата на режисерот Ињариту, поради што биле принудени да снимаат само по неколку часа на ден, и целата постапка се одолговлекувала со месеци). Лубецки го направи филмов уште едно визуелно ремек дело за кое заслужува Оскар трета година по ред.
Музиката е исто така прекрасна! Штета што според (глупавите) правила на Академијата, не е eligible за Оскар. Ова јас би го пуштил да свири непрестајно во позадина цело време, целиот мој живот.
Трето - приказната можеби не е којзнае колку mind-blowing, но она што филмов го прави ремек дело се глумата, режијата, кинематографијата, монтажата, музиката, сетовите, кадрите, движењето на камерата... со еден збор - сѐ останато.
Ако можам подоцна ќе ви реплицирам на сите, еден по еден. ;)
Го гледав The Revenant и на кино. Останува ист впечатокот. Вистинско визуелно ремек дело! Сет, сцени, кадри и кинематографија - врв. Глумата на Ди Каприо и Харди - исто така, врв. Сега можев и на звукот да обратам внимание - и звукот беше перфектен, а за музиката веќе реков - Академијата е полна со douchebags. Само ја потврди оценката 10/10.
Тhe Revenant oдличен. Каква слика у пизду матер. Начинот на снимање перверзија. Приказната си беше одлична и лично за мене доста интересна. Со целосно внимание без ниту еден досаден момент ја проследив во тие 2 часа и 40тина минути. Споредено со неговите минати филмови ми е за нијанса послаб (пошто нели и жанровски и содржински се разлика небо и ѕвезди) а јас сум љубител повеќе на тие поинаквите, но како и да е одлично остварување.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
19. The Secret in Their Eyes / El secreto de sus ojos (Juan José Campanella, 2009)

19.jpg
Приказна во самата приказна. Како едно криминално дело продира и се врзува во животите на тие кои го истражуваат, колку се непосредни приватните врски со самиот случај, какви траги оставило сето тоа... Добар, праведен крај. Кампанела добро ја проучил психологијата на човечкиот ум, режирајќи серии, па сега одлично го употребил тоа во филмов. За деталите, нема што ни да зборувам...

Не давам оценка, најчесто, штом ме инспирирало делото да го пишам, не сум објективен за да оценувам.
По долго време повторно гледав филм од не-англиско говорно подрачје и повторно класа филм .Имав мали проблеми на почетокот да се привикнам на брзото зборување на аргентинциве(со преводот) али после се привикнав :).
Се на се одличен филм,сосема заслужен оскар и незалудно потрошени 2 часа гледајќи го.
8.5/10
Се придружувам кон препораката... многу добар филм кој ќе наиде на добар прием кај сите генерации и кај сите типови на “филмомани“, и оние што сакаат кримиќи, и оние кои сакаат драма и кај оние што сакаат акција...
Јас сум му закачил 8-ка на ИМДБ... али имам висок критериум :)
Филмот е прекрасен. Се работи за 25-годишен нерешен случај на убиство на една млада жена, низ кој обид за негово разрешување се испреплетуваат темите за невозвратената љубов, за (не)праведноста, степенот на казна на еден убиец, како и пасијата, која секој од нас ја носи. Не се плашете, не е класичен предвидлив филм. Ако му го посветите вашето трпеливо внимание барем до првата третина од филмот, понатаму лесно ќе може да го „впиете„. Од содржината не откривам повеќе, би било спојлер. А она што го пишав погоре, не е се'.
Има спој на случки од минатото, кои се интегрирани во актуелното дејство на филмот. Мислам дека повеќе преовладуваа случките од минатото.

Филмот е на шпански; ќе ви треба превод.

Ако нешто ви значи има освоено оскар за најдобар странски филм за 2009. Најтопло го препорачувам на сите.

Оцена на имдб: 8,3. (и тоа како заслужена)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
18. Rain Man (Barry Levinson, 1988)

18.jpg
Неверојатна драма. Чарли дознава дека татко му, со кој не се во контакт од детството, починал. Тој го оставил целото наследство на неговиот аутистичен брат. Низ филмот се менува односот меѓу нив, како и целите во животот на Чарли.
Легендарен филм, неверојатна глума на Дастин Хофман. Еден од ретките филмови кај кои навистина добра впечаток ми остави и саунтракот.

10/10
филмче од 1988 во кој настапуваат Дастин Хофман и Том Круз, можеби малку подзаборавено, но одлично во секој случај.
Чарли Бабит (Том Круз) дознава дека неговиот татко починал и својот имот од 3 милиони долари го оставил на брат му Рејмонд (Дастин Хофман) кој пати од аутизам. Чарли неможе туку така да се помири со тој факт, го пронаѓа својот брат со намера дека ќе се дограби до парите, бидејќи е прилично заглавен и очајно му требаат.
Дастин Хофман сосема заслужено го доби оскарот за најдобар актер во главна улога, инаку филмот е добитник вкупно на 4 оскари. Но јас пак ќе се навратам на Хофман, колку добро ги беше доловил оние повторувачки движења типични за луѓето кои боледуваат од аутизам. Комплетна вклопеност во се, во движењето на телото, гестовите, говорот, изразот на лицето. Инаку филмот ми е одамна гледан, но го гледав пак, а би го гледала и повторно.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
17. Armageddon (Michael Bay, 1998)

17.jpg
Најверојатно многу од вас го имаат гледано. Ама ако има некој залутан ко мене што сеуште го нема гледано, обавезно да го гледа. Преубав филм, со одлични актери и глума. Се работи за мисија, во која одат Брус Вилис и Бен Афлек, а целта е да се спаси светот и тие се надежта на многу луѓе дека ќе го спасат. Премногу емотивен крај има, солзи само што не ми потекоа 10/10 !!
Фантастичен филм, прејак саундтрак, неверојатна глума. Не е возможно како досега не сум го изгледал... ремек дело.

Дефинитивно оценка 10/10!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
16. Brazil (Terry Gilliam, 1985)

16.jpg
Иако филмов е научна фантастика, мене многу ме потсетуваше на нашава реалност. Фантастично е прикажано како сите сме станати робови на бирократијата, какви се луѓе имаат функции со кои се влијае на нашиот живот, како без прашања само климаме со главата, и како завршуваат тие што ќе пробаат да одат контра, и се разбира, репликата на Де Ниро во филмов, сите сме во ова заедно. Режисер е Тери Гилиам, сценарист на монти пајтон филмовите и сериите, и филмов е одлична драма, комедија, плус го преведов на Македонски ама само за HD верзијата.

10 од 10 (од мене)
8,9 од 10 (моментален просек од imdb, rottentomatoes, allmovies, mrqe)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
15. The Shawshank Redemption (Frank Darabont, 1994)

15.jpg
О мај гад! Срам ми е што сум пропуштила толку добар, а така стар филм. :kesa:
Знам дека повеќето го имате гледано и клише ми е дури и да го рецензирам меѓутоа филмов влегува во топ 10 филмови што ги имам гледано. Не знам дали повеќе ме импресионираше приказната, глумата или музиката. Филм што не те остава рамнодушен долго по гледањето и те тера да сфатиш дека некои нешта макар прикажани на филм изгледаат толку реално. Мразам неправди и на моменти се чувствував бесно, нервозно, на моменти мудро. Битно е што ни за момент ништо друго околу мене не успеа да ми го сврте вниманието, бев целосно фокусирана и внесена во филмот, а тоа ретко ми се случува. Ова е дефинитивно must see movie. И уште еднаш, срам да ми е! :)
1994 сум имал само 2 години а во истата излегле Пулп Фикшн,Форест Гамп и горенаведениов :) .Колку само сакам да се случа тоа повторно(али тешко).Според мене сосема заслужено прв на имдб,одличен во секој поглед пред се затоа што не треба да се мастермајнд да го сватите а и насилството и голотијата на ниво подносливи за секого(а дејството претежно се одвива во затвор).Уживав во секој момент гледајќи го(добро да бидам искрен има и исклучок :)
пр геј силувањето итнт
) сторијата-Филмот почнува со сцена во судницата каде Енди е доживотно осуден ради убиство на неговата сопруга и нејзиниот љубовник за кое тој вели дека не го сторил .Завршува во затворот shawshank каде се запознава со Ред ,кој веќе престојува 20 години...другото погледнете(тие што немате погледнато :))
пс- Колку добро звучи кога при крајот
Морган Фриман во бусот кажува за Free man 4:40 на клипот :)
(гледајте го клипот само ако ви е гледан филмот) Иначе омилената сцена -.
Едноставно морав да го гледам филмов затоа што е прв на листата на ИМДБ, пред Godfather. Не верував дека постои филм што залужува да биде пред епското дело на Копола. Го гледав прв пат филмов и се засрамив што до сега не сум го гледал. Ако има некој друг како мене што досега го избегнувал филмов и покрај многуте препораки по форумов, нека оддели 140 минути, затоа што филмов заслужува да биде изгледан минимум по еднаш од сите. Гарантирам дека ќе ги разбуди емоциите дури и кај најтврдите. :)
За оние што сеуште не се запознаени со ова дело: угледен млад банкар е осуден на две доживотни робии за убиство на својата жена и нејзиниот љубовник, го затвараат во затворот Shawshank каде што се спријателува со дел од тамошните “жители“. Мислам дека е доволно. Кој сака да знае повеќе нека го изгледа филмот, нема да зажали.
Форест Гамп е причината зашто овој филм не освоил оскар. Јас лично не можам да пресудам кој филм е подобар.

I hope you'll like it! :)

10/10
Искрено имав мислење дека филмов е преценет на ИМДБ и имав преголеми очекувања за да се оправда тој рејтинг. Наместо тоа, добив уште поголеми. Филмов почнува како еден банкар е оптужен за убиство на жена си и нејзиниот љубовник, иако тој негира дека тоа се случило. Осуден е на доживотно и е пратен во Shawshank затворот. Се повеќе од ова што ви го кажав би било голем спојлер.

Без разлика од жанрот на филмови што го сакате, филмов треба да го гледаат сите. Како голем фанатик на музика и филмови, знам дека е многу тешко да се направи топ 10 листа токму поради тоа што не се знае кој филм да се стави прв а кој десетти, а не зашто не знаеме 10 најдобри филма. Во секој случај, филмов е меѓу првите 3 филмови што сум ги гледал.
Значи премногу добро филмче, драма која ќе ве остави без зборови. Филм во кои двајца пријатели Andy и Red се главни ликови, завршуваат во затвор и таму стануваат многу добри пријатели. Филм за животот во затвор, за случувањата, за авторитетот и суровоста кои некој луѓе ја поседуваат, за паметните размислувања и пред се за пријателството. Филм со Морган Фриман, уште кога ќе го слушнете името знаете дека филмот е легендарен. Прв е на листата на IMDB Top 250, заслужено. Ако го немате гледано, обавезно гледајте го, гарантирано ќе ви се допадне. :)
Не ми се верува дека до сега не сум го гледала филмов,не сум нормална.:nesum:
Навистина има прекрасна приказна,но во ниеден момент не станува монотоно и заморно.Напротив,цело време имав потреба да знам што ќе се случи во наредната сцена,ретко кој филм така ми го окупира вниманието.Глумата е супер и уствари не можам да најдам некоја мана,нешто што ми сметаше додека гледав,исто вистинска реткост.Сосема заслужено се смета за најдобар и најнормално дека му давам10/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
14. Reservoir Dogs (Quentin Tarantino,1992)

14.jpg
еееееее ова е веке друго :)

Го немав гледано до сега, иако цитати од филмов имам слушано во песни :) Сега видов од кој филм биле.

Тарантино во полн елемент - збрки, пукање и криминал. Мразам да пишувам долги рецензии на филмови за да не ви го расипам чувството па... Во секој случај одличен филм во стилот на Pulp Fiction, и не е како Kill Bill (една жена да оде и тепа се живо, имам кажано и пред тоа - Kill Bill е карате филм за мали деца, а ова е филм). Е, овој го препорачувам
Somebody’s gonna start cryin’
Првиот голем успех на Тарантино на големото платно, “Reservoir Dogs” е приказна за криминалот, полицијата која се бори против него и тајните агенти кои се впуштаат во голема опасност со цел да ја разоткријат мафијата. Приказната започнува кога еден од најголемите мафијаши Џо Кебот (Lawrence Tierney) ќе собере група од шест криминалци и ќе го организира еден од најголемите грабежи на дијамант кои биле изведени дотогаш.

Џо Кебот внимателно избира криминалци на кои им верува и организира разно-разни грабежи, од кои до сега немал ниту еден неуспех. Но, овој пат нешто ќе тргне наопаку… Тој собира шест добро познати криминалци кои ги смета за свои луѓе, разработуваат план како да украдат еден вреден дијамант. Тие добиваат скриени имиња, така што меѓу себе не го знаат вистинскиот идентитет на соучесникот, па дури и ако нешто тргне по зло, ништо не може да им се случи на останатите.

Имињата ги добиваат по разни бои: Господата Бел (Harvey Keitel), Портокалов (Tim Roth), Плав (Michael Madsen), Розев (Steve Buscemi), Син (Edward Bunker) и Кафеав (Quentin Tarantino, да, тој Тарантино) одат заедно во добро испланираниот грабеж, но кога се изгледа добро и кога мислат дека грабежот ќе помине без проблем, се појавува полицијата. Во престрелката ќе биде убиен еден од криминалците, како и неколку полицајци и цивили. Преживеаните криминалци ќе се соберат на место, претходно договорено, каде што требало да ги добијат парите за успешно завршената работа. Кога полека ќе се соберат криминалците, тензијата расте, а почнуваат и да се сомневаат дека еден од нив е полицаец и дека ги издал. Но, кому всушност можат да му се верува?

Одличен филм, цело време владее напната атмосфера, а расплетката е една од најпознатите завршетоци на филмовите. Најверојатно ќе сакате да дознаете повеќе што се случува на крајот, но интернетот нуди безброј можности, секако. Одлична крими-драма, моја препорака за филмот. 5/5

Преземено од: filmskirecenzii.com
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
13. Whiplash (Damien Chazelle, 2014)

13.jpg
Прво. :cuc:

Страст. Тензија. Гнев. Љубов. Пот. Крв. Жртва. Непокор. Емоција. Џез. Екстаза.

Можам само именки да редам и со тоа ќе кажам сè за филмов. Оти за врвните дела најчесто не требаат многу зборови. Штета што ќе морам да употребам повеќе, по сила на законот, да ми остане мислењево. :icon_lol:

За да се создаде уметност, треба да се има душа. Овој филм ја има. И те како ја има. Веројатно не постои поголем лаик за музика од мене, а не ни трепнав! Претпоставувам дека секој од нас имал еден Fletcher професор, за нијанса поблаг, можеби и построг. Се убедувате дека го мразите, вистината е дека неговото мислење ви е алфа и омега. Борбата со него е внатрешна борба. Не само заради успех, ами заради љубов.

Има ли граница, неопходно ли е жртвувањето за да се стигне до врвот? Изгледа дека е. Макар врвот бил и самозадоволна насмевка, не пофалби и овации. Макар врвот бил да си полн сам со себе. Секој којшто се трудел за некаков успех во животот, без разлика дали преку спорт, музика, литература ќе се идентификува до болка. Ќе му биде тест за издржливост. Ќе им покажам дека можам или на првото понижување ќе речам fuck you guys I am going home?

Во вакви филмови за мотивација клишеата се особено очекувани. Сепак, овде скоро и да ги нема, а можеби и се само незабележливи поради сета таа напнатост. Солото беше ежење, екстаза. Единствена друга сцена што предизвикала слични емоции е пијаното на Новеченто.

Ќе речев сè освен Оскар би било грабеж за филмов годинава. Ама ѝ требаат ли такви признанија на уметноста?
Whiplash ми направи таква збрка у глава, што буквално седев пред пц и не можев да опишам зашто се осеќам така. Значи не знам како да ја почнам рецензијава а да не звучам патетично. Во овој филм од речиси 2 саата е содржана секоја идеја на која лично јас свесно или несвесно сум и се восхитувал во животов, не сум можел да ја дефинирам, но сум можел да ја препознаам. Е филмов ги собра сите тие идеи во еден соковник и го исцеди најубавиот џус кој што некогаш сум го пиел во живот. Не би можел да навлезам во детали, дали приказната, дали глумата се тие што ми оставиле впечаток, затоа што филмов е еден вид на комплексно соединение. Или уште попрецизно, филмов е емоција, филмов е страст, филмов е се што му фали на светов и на Македонија во моментов. Тоа е тоа, страст, неопислив голем волумен исполнет со страст. А без страст нема ебење. Е материјалната форма на филмов би влегла у категорија ебење, до степен да кога седев пред пц се мислев дали да почнам да мастурбирам или да продужам да се ежам.
Bloody good!
Што е потребно за да се стигне до самиот врв? Талент и упорност, секако. Но, потребно е и некој да ви докаже дека ги поседувате овие особини. Ендру (Miles Teller) е млад и талентиран тапанар, со огромна желба да стане успешен. Се запишува на едно престижно музичко училиште, но тоа не е доволно за неговиот талент да дојде до израз. Потребен е некој да му го покаже вистинскиот пат. Тој некој има име – Теренс Флечер (J.K. Simmons). Бескорпулозен, строг и упорен човек со една цел – да ги мотивира своите студенти да ја разбудат својата најдобра страна. Не избира средства за да го стори тоа, а кога ќе го види Ендру како свири, ќе го забележи неговиот огромен талент и длабоко во себе ќе одлучи да направи нешто од ова момче, нешто на што ќе се гордее.

Флечер нема веднаш да му каже на Ендру дека тој е избран да биде дел од неговиот оркестар, напротив ќе замине. Тоа ќе го разочара Ендру, но и ќе го мотивира уште повеќе да вежба. На една проба на школскиот оркестар ќе влезе Флечер, со цел да избере нов член за неговиот “Студиски оркестар”. Иако тој веќе има изберено, им дава шанса на сите. На крајот, сепак го избира Ендру. Ова многу ќе го израдува Ендру, но и ќе стави огромен предизвик пред него, бидејќи репутацијата на Флечер е на високо ниво и Ендру не смее да го разочара.

Ендру живее само со неговиот татко, Џим (Paul Reiser), а неговата мајка го оставила уште кога бил бебе. Суровиот Флечер ќе го потсетува на тоа низ целиот филм, со цел да го разбесни. Ендру често оди на кино со неговиот татко, каде што ќе ја запознае Никол (Melissa Benoist) и ќе ја покани на вечера. Тие се зближуваат, но Ендру е свесен дека неговата желба за успех е поголема од љубовта спрема оваа девојка…

Ендру напредува во оркестарот на Флечер, па добива шанса на еден настап, која што ќе ја искористи на најдобар можен начин. Флечер ќе му оддаде признание за добро завршената работа со тоа што ќе го направи главен тапанар во неговиот оркестар. Но тоа е многу поголема одговорност со која Ендру мора да се справи, бидејќи Флечер цело време му дише во вратот. Станува се потешко, но Ендру не сака да се предаде, воден од неговата огромна желба да биде славен…

Тешко е овој филм да се опише со зборови, се што веќе кажав е само еден мал дел од ова ремек-дело, не би сакал да откривам повеќе за вашето искуство при гледањето да биде целосно. Ова е филм кој мора да го гледате за да ја осетите целата атмосфера. Да почнам со ред – глумата е маестрална, особено J.K. Simmons (очекувам да земе Оскар за најдобра споредна улога, дефинитивно го заслужува). Режијата и сценариото на Damien Chazelle ќе ве остават без зборови. Дијалози од кои ќе се наежите, ликовите на Ендру и на Флечер се толку добро изработени што носат огромен број на пораки во себе. Секоја конверзација, па навидум и безначајна, има и тоа какво значење, само треба да го побарате. Се има свое место во овој филм. Музиката е одлична, верувам дека тапаните на Ендру уште неколку денови ќе ви чукаат во главата, особено насловната композиција “Whiplash”. Ако сте фан на џез музика, уште толку ќе ви се допадне. Да резимирам, ова е одлична, можеби и најдобра, драма за 2014 и е силен кандидат да добие неколку Оскари, од петте за кои е номиниран. Сметам дека Оскарот за најдобро достигнување на музички план е веќе негов, а исто така не би било незаслужено и J.K Simmons да земе Оскар за најдобра споредна улога, како што веќе спомнав. Одлично остварување, “An extraordinary film“.

Преземено од: filmskirecenzii.com
Тапани, удри на тие тапани...

Стварно добар филм, за мене најдобар од 2014 година засега и верувам така ќе остане, неправда ќе е ако не развали на оскарите. Најпрвин ќе кажам малце за приказната на филмот, а потоа по ред ќе ги искоментирам елементите во филмот како глумата, режијата, музиката и нешто околу тоа и на крај ќе си изнапишам моите очекувања за некои сцени и очекувањата кои ги имав за крајот на филмот во спојлер.

Филмот е приказна за младиот Енџру кој сака да стане славен дечко, сака да стане легенда и е во оркестарот на строгиот Флечер (барем мене ми остави строг карактер). Енџру се труди максимално, дури ги учи ударите на песните напамет но Флечер намерно му ја зголемува конкуренцијата на Енџру за да го мотивира повеќе. Енџру живее само со својот татко, неговата мајка го оставила кога тој имал 1 година и Флечер тоа му го споменува низ целиот филм. Во филмот не се врти се околу кариерата на Енџру и тапаните, туку режисерот се обидува и да ги обработи емоциите на Енџру, и успева во тоа.

Глума: Преј, браво бе, браво. Мислев Телер го бива да глуми само во романси но сеа го променив мислењето, растури дечкото, а за глумата од J.K.Simons немам зборови, ме остави со подотворена уста, секој чест чичко Симонс, ти си легенда за мене. Ќе развалиш на оскарите во твојата конкуренција, сигурно.

Режија: Одлично сработено, јас прв пат се среќавам со овој, а верувам и многумина од вас, но мене како за прв пат ми е супер, се опфатено, само штета што пред тоа направил краткометражен филм па сега неможе да развали на оскарите во категорија најдобар филм, но тоа е, филмот си заслужи голем аплауз од сите.

Музика: Whiplas и таа почетна мелодија уште ми се вртат во глава. Јас додека чукаше Енџру на крајот замижав и си замислував дека пред мене се тапани и почнав да чукам ко луд на празно, ми беше јако иако сестра ми ме направи луд.

Е сеа делот со спојлерите го отварате на ваш ризик.

Кога направи собраќајка очекував да умре и таму да заврши филмот, мрднав маусот и видов дека уште многу има до крај.

На крајот очекував од ниникаде да дојде Никол и да го залапа на сред сцена, но тоа не се случи и сум задоволен бидејќи тоа не се случи, ќе ми го расипаше уживањето на крај :D

11/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
12. The Lives of Others / Das Leben der Anderen (Florian Henckel von Donnersmarck, 2006)

12.jpg
„El Laberinto del Fauno“ е еден од моите најомилени филмови. На профилот на letterboxd дури и ми е ставен меѓу топ 4 омилени. За 2007 успеа да освои 3 Оскари, што ретко се случува кога е во прашање филм од неанглиско говорно подрачје. Но, истата таа година, иако беше номиниран и во категоријата „Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“, тој Оскар не го освои. Успеа да му го земе германскиот „Das Leben der Anderen“. Никогаш не успеав да го сфатам и „преболам“ тој преседан. Сѐ до денес. Денес конечно му седнав на „Das Leben der Anderen“ и сфатив зошто се случило тоа, а и зошто има оценка 8,5 на IMDB, и зошто се наоѓа на 55 место на листата ТОП 250 на IMDB. 10/10 од мене! Вистинско ремек дело! :cuc:
Источна Германија, неколку години пред паѓањето на Берлинскиот Ѕид. Тајните служби на комунизмот се навлезени во секоја пора на општеството. Помеѓу уметниците, политичарите, обичните луѓе. Еден од тие агенти, човек школуван за да му служи на комунизмот, ќе добие задача да шпионира познат поет. Иако поетот секогаш стоел зад својата држава, во очите на тајната служба секој е сомнителен. Така почнува приказната за преобразбата на тајниот агент во добар човек. Ќе сфати колку е осамен во животот, ќе сфати дека она во што верувал цел живот е само пропаганда со која заработуваат големите во тој систем.
Знаејќи дека истите работи се случуваа и кај нас пред 1990, им го препорачувам овој филм на сите што се удараат в гради за другарот Тито, за комунизмот, за добрите времиња (можеби за нив и нивните родители добри, но за некои други...). Единствена разлика е што кај нас истите тајни агенти и шпиони никогаш нема да ги дознаеме и сеуште се на високи позиции во ова општество. Треба да учиме. Многу да учиме.
Оценка за филмот: 9.5/10
Пред самиот крај на Источна Германија, пред падот на Берлинскиот ѕид, таканаречените Stasi (Ministerium für Staatssicherheit) командувани од параноичните социјалисти на врвот на државата, почнуваат прислушкување на сите граѓани кои ги сметаат за сомнителни. Со тоа, почнуваат да уништуваат многу животи.

Закоравен офицер на овој ред почнува со прислушкување на млада двојка уметници, писател на драми и актерка. Навлегува во нивната животна приказна и почнува да ги прикрива сомнителните дејствија на писателот, сожалувајќи се на актерката и нејзиното искористување од страна на Министерот...

Квалитетна трилер/драма која многу реално објаснува еден не толку далечен историски период. Филм кој ни прикажува вистинска слика на една диктатура невешто прикриена под маската на социјалистичкото „другарство“.

IMDb rating: 8.5 / 10. Јас би зголемил за една оцена.
Нема да пишам долга рецензија за ова германско ремек дело само накратко-Источен Берлин 1984,тајната полиција штази има нов случај да го прислушкува писателот Дрејман кој живее со неговата девојка-актерка
којга го продава своето тело на режисерите за да биде што поуспешна во претставите која инаку не би ги добила
.Случајот е во рацете на штази капетанот специјалист во својата работа -Вислер...за другото едноставно морате да го погледнете филмот,заслужено освоен оскар како и заслужени високи 8.5 на имдб

од мене 9/10 (погледнетего)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom