И сега.. кои све земји спаѓаат во шенген зоната?

Член од
6 мај 2006
Мислења
611
Поени од реакции
50
И сега.. кои се земји спаѓаат во шенген зоната?

откога ја прочитав статијава:
http://sitel.com.mk/?ItemID=EF6D49ED04BC974DB9F3CBE2894B9EA8
бев цела таква јее ќе одиме на шопинг без визи и добив одговор но Грција на пример не спаѓа во шенген зоната. прогуглав и го добив следново:



Земји од Шенген (Schengenland, Schengen-Staaten)
Во 1985 г. пет земји-членки на ЕУ (Франција, Германија, Белгија, Холандија и Луксембург) се договорија за укинување на личните контроли на меѓусебните граници. Со тоа се создаде област без граници која се вика Шенгенска област, според името на местото во Луксембург каде беше потпишан договорот меѓу петте земји. Земјите од Шенгенскиот договор воведоа заедничка визна политика, а договорија и спроведување делотворни контроли на нивните надворешни граници. Можни се и повремени контроли на нивните внатрешни граници доколку такво нешто бараат мерките за безбедност или јавен ред. Денес во Шенген зоната припаѓаат сите земји-членки на ЕУ, плус Исланд и Норвешка, а овој договор стана и дел од ЕУ договорот. Исклучок од ова правило побараа и добија В. Британија и Ирска кои не сакаа да учествуваат во спроведувањето на мерките поврзани со гранични контроли и давање визи. Шенгенскиот договор значи дека на граѓаните од една земја од шенген зоната не им се потребни визи за патување во друга земја која е исто така потписник на овој договор.




и сега? како што пишува погоре или на кој како му текне?
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
и сега? како што пишува погоре или на кој како му текне?
Велика Британија не спаѓа во Шенген, а сите други се во него. Тоа со Грција се однесува за нас. Пошто нели многу си се сакаме со нив, тие сепак ќе треба да ни издаваат дополнително пусулче за да влеземе кај нив. Логично, бидејќи ако влагаме без виза во Грција, автоматски значи дека тие ни ги признаваат документите, т.е тоа што е напишано на нив (Република Македонија).
 
Член од
4 ноември 2009
Мислења
8
Поени од реакции
0
Кои се тие 27 држави кај што може да патуваме?

Sega mozeme bez vizi da patuvame kon 27 drzavi no koi se tie?nekoi vikaat deka se 28 nekoi 27,dali znae nekoj kolku se i koi se tie?i kakvi dokumenti ni trebaat za da trgneme na pat?p.s maz mi e vo germanija dali seuste treba da odam vo ambasada za da polozam nekoj test za jazikot ili ne?i dali e vistina deka treba da imam 2/3 iljadi evra za da trgnam na pat??
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
http://en.wikipedia.org/wiki/Macedonian_passport (хинт: кликни на линкот Шенген земји малку подоле)

На линков ќе си видиш за кои земји ни треба виза а за кои не.

А тоа за парите ќе си прашаш во амбасада сепак, мада пред да влезеш во Германија прво влегуваш во друга земја што е дел од Шенген зона, Унгарија или Словенија.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Ме интересира дали некој знае како стојат работиве со визнава либерализација околу Лихтенштајн, и со териториите кои се под јурисдикција на земји кои што се во шенген зоната како на пример Фарските острови кои припаѓаат на Данска, Гренланд кој што исто така припаѓа на Данска и сите останати. Има некој појма ? :smir:
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
http://en.wikipedia.org/wiki/Macedonian_passport (хинт: кликни на линкот Шенген земји малку подоле)

На линков ќе си видиш за кои земји ни треба виза а за кои не.

А тоа за парите ќе си прашаш во амбасада сепак, мада пред да влезеш во Германија прво влегуваш во друга земја што е дел од Шенген зона, Унгарија или Словенија.
интересно на линков пишува дека во Tunisia имаме да си седиме колку сакаме :smee:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ме интересира дали некој знае како стојат работиве со визнава либерализација околу Лихтенштајн, и со териториите кои се под јурисдикција на земји кои што се во шенген зоната како на пример Фарските острови кои припаѓаат на Данска, Гренланд кој што исто така припаѓа на Данска и сите останати. Има некој појма ? :smir:
Татко ми работеше во Данска до пред 6-7 години и кога одевме таму на визата ни пишуваше Not valid for Grenland ; Not valid for Faroe Islands. Ако сакаш ќе ти ја скенирам визата :) Веројатно треба некои дополнителни документи за тоа :)
 
K

kaiser soze

Гостин
Ме интересира дали некој знае како стојат работиве со визнава либерализација околу Лихтенштајн, и со териториите кои се под јурисдикција на земји кои што се во шенген зоната како на пример Фарските острови кои припаѓаат на Данска, Гренланд кој што исто така припаѓа на Данска и сите останати. Има некој појма ? :smir:
http://en.wikipedia.org/wiki/Schengen_Area
 

Kajgana Shop

На врв Bottom