Јас веќе месец дена скоро сум со болки во ногата! Почна со едно наведнување и едвај се исправив, ај ќе пројде, ама засега јок! Поминав и третман Мелоксикам, диазепам, комплекс од Б витамини, ама т’нко! Мачкам све што дојде до рака и чекам да се смири. Денски така-така, ама ноќе пошто со дијазепам и лексилиум заспивам, се будам со страшно здрвена нога и со болки. Вијам така 1 час, пак лексилиум пак поспијам и до утрото така, кога ќе видам шест саат, цел среќен, пијам кафе и се пуштам во погон.
Жена ми е невропатолог, што не пробавме и акупунктура, акупресура, само масажи се плашиме.
А, ќе заборавев! Ја полнам кадата со топла вода и 15-20 минути правам релакс, помага!
Да не отварам и јас нова тема:
За мајка ми станува збор, жената е 65 години.
Едвај оди во WC, неможе да стани од креветот.
Дали некој знае да препорача ординација, лекар, лек, чаре?
Благодарам однапред.
И матичниот може да Ви даде за почеток, средство против болки и воспаление, бе комплекс, магнезиум .....
јас и Колаген пијам, еден германски Алфа колаген, 100 денари е шишенце, велат помагал, засега јас немам забележано нешто позитивно, ама пошто боли ќе си пиеш све што ти речат.
Работата е што е индивидуално кај секого, ќе пипате лекови!
Не би препорачал народни местачи на кичми и зглобови, некому помогнале, ама мене ми е страшно тоа!