Итно е потребна помош!

M

MrzaRules

Гостин
Стојанче е роден на 27.08.2002 година. Има единаесет години и учи во специјалното училиште "Маца Овчарова, боледува од целебрална парализа и се движи исклучиво со придружба. Треба да замине на 1 декември во Кина на лекување во Zhongfang Red Cross-Интернационална болница. Лекувањето вклучува хербална медицина за орален третман, масажа и акупунктура. Лекувањето изнесува 15 000 долари и ќе трае три месеци. Бидејќи се работи за алтернативна медицина, фондот одби да го покрие ова лекување. Нашата надежа и пред се вербата на Стојанче дека од Кина ќе се врати во подобра состојба е голема.

Затоа, апелираме до секој кој е во можност и што може да помогне да донира средства на следните броеви:

ВИП- 077 143 705

Мобимак- 070 143 105

Трансакциона сметка-денарска- 200002631002093 - Стопанска банка

Трансакциона сметка-девизна- 0026311459 - Стопанска банка

Назив на сметка- Стојан Димовски

На секој кој ќе помогне ќе му бидеме бескрајно благодарни.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Не сакам да бидам мрчало, но што ќе му лекуваат на детето? Церебралната парализа е состојба, не е болест. Нема лек за тоа.
Родителите треба да се информираат подобро како на тоа дете да му помогнат да може во иднина да биде што посамостојно.
И ме изненадува сумата. Тоа е многу малку пари за тримесечен престој во Кина. :confused:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не сакам да бидам мрчало, но што ќе му лекуваат на детето? Церебралната парализа е состојба, не е болест. Нема лек за тоа.
Родителите треба да се информираат подобро како на тоа дете да му помогнат да може во иднина да биде што посамостојно.
И ме изненадува сумата. Тоа е многу малку пари за тримесечен престој во Кина. :confused:
Затоа и не му ги покрива фондот трошоците од причина што се работи за алтернативна медицина.
Најверојатно родителите сеуште се надеваат во чудо и да се смени состојбата на детето за да не мора да се соочуваат со понатамошните проблеми што следат при ваква болест.
Не знам што да речам во ситуацијава, од една страна потполно ги разбирам родителите кои се надеваат на чудо, но од друга страна би било фер за донаторите да приложат податоци од болницата колкав е процентот на излечени деца од оваа болест.
Искрено не донирам повеќе на мобилен кога се откри случајот со родителите кои лажеа за лекувањето во Бугарија на сопственото дете и кога лагата ја обелодени тамошната директорка од болницата.
Инаку околу сумата можно е самата болница да има донатори, па тие 15 К кои не се за потценување се само партиципација.
 
Член од
17 октомври 2013
Мислења
887
Поени од реакции
1.877
Нема да се излечи 100% ама сигурно постои начин да се подобри квалитетот на животот на детето. Секако дека родителите како родители ќе пробаат секаква алтернатива. Зошто се произнесувате со вакви мислења, ако ви се донира донирајте ако не не. Воздржете се од вакви коментари. Да се информирале родителите... Не се тие информирани, ние сме. Свашта.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Има случаеви каде со масло од марихуана се лечат од церебрална парализа..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom